Под мотото „За деца кои го менуваат светот“, во Скопје се одржа Олимпијада по Ментална аритметика во организација на „Малац Генијалац Македонија“. На олимпијадата учествуваа децата од сите училишта „Малац Генијалац“ во Македонија.
Мила Калески од „Малац Генијалац“ Битола го освои првото место во писмениот дел од Ментална аритметика.
Малац Генијалац е училиште кое му помога на секое дете да ги разбуди своите ментални капацитети и максимално да го искористи потенцијалот кој го носи во себе.
Во „Малац Генијалац“ се учат математички операции на древната јапонска алатка Абакус, со две прстиња од левата рака и две прстиња од десната рака. А во главата се активираат двете мозочни хемисфери и се создаваат нови синапси.
За неколку месеци детето ќе има подобра:
🔸️Концентрација
🔸️Меморија
🔸️Внимание
🔸️Логика
🔸️Визуелизација
🔸️Аналитичко размислување
🔸️Креативност