goran naslovna

Горан Марковски се занимава со креирање омажи за македонски актери и јавни личности, а воедно е и администратор на една од најпопуларните страници посветени на Ѓорѓи Колозов. Родум е од Битола, но живее и работи во Америка. Во ова интервју тој сподели како е да се води една од најпосетуваните фејсбук страници, за какви омажи станува збор, но и делови од неговиот семеен и приватен живот. Ни откри повеќе за својата работа и македонската култура, како и за тоа што го инспирира и мотивира да креира нови материјали.

Messenger creation 7F4B5DB9 C123 48F5 A209 1768A2309D1D edited

Читај бе: Горан, ти ја водиш најпопуларната страница за еден македонски актер, ја водиш страницата посветена на Ѓорѓи Колозов. Од кога постои страницата и што те наведе да започнеш?

Горан: Страницата постои уште од 2009 година. Уште од почетоците на Фејсбук во Македонија. Секако јас не сум нејзин основач. Страницата броеше многу обожаватели, но беше сиромашна со материјали. Ги замолив главните администратори да ме назначат за уредник ветувајќи дека страницата ќе „процвета”, така и се случи.

461777031 1075129407311060 7838461292750429424 n

Читај бе: Дали од почетокот знаеше дека страницата ќе стане толку популарна и дека ќе собере толку многу љубители на Ѓорѓи Колозов?

Горан: Страницата веќе беше популарна поради името на актерот, јас само создавав материјали и објави кои ќе бидат достојни на неговото големо име.

Читај бе: Што лично значи Колозов за тебе, како човек и актер?

Горан: Прв учител за народната мудрост. Народното творештво. Тој ја познаваше душата на обичниот македонски народ и на најавтентичен начин ни ја пренесуваше преку неговите приказни.

Messenger creation 3CD04986 E7EB 4D04 BBD6 069FAE93ADD8 1

Читај бе: Ти како дете, но и со твојата сопруга, имаш учествувано во „Македонски народни приказни“. Во кои конкретно и која беше вашата улога таму? И кажи ми, какво беше чувството да се гледаш себеси на телевизија?

Горан: Па не би рекол дека имам забележителни улоги во приказните. Сум се појавил како статист во неколку од новите, чисто од љубов кон оваа серија и од почит кон јунаците од моето детство. Мора да напоменам дека повеќе сум се истакнал како сценарист. Сум напишал повеќе од 20 сценарија за приказните. Сосема нови и автентични текстови во стилот на старите. Во соработка со Шенка и Владо дел од нив се снимија за Сител Тв, а дел за МТВ. За жал моето име како сценарист не стои на ниту една од нив. Пропуст на уредниците. Ме напишале како сценарист на сосема погрешни епизоди, не мои дела, но тоа е неправда која ме мачи и денес.

Messenger creation 21DAE61F FBCA 47EB BFE1 7B8A672F2B0D

Читај бе: Освен за Ѓорѓи Колозов, правиш омажи и за други македонски актери. Која е твојата цел во оваа работа? Дали е можеби мотивирање на младите или нешто сосема друго?

Горан: Тоа го работев чисто од љубов. Со голем ентузијазам и мајсторски. Изработив омажи за едни од најпознатите имиња на нашето македонско глумиште. Ги објавував на Колозовата страница. Во тоа време беа препопуларни. Некаде прочитав дека сум правел ремек дела и дека помладите генерации посебно ми се благодарни што ги запознавам со нашето културно и уметничко творештво, но и со актери за кои тие никогаш не слушнале!

Messenger creation DF4CC2AE 6A5F 440A 8871 4417EE1AF88E

Читај бе: Со дел од популарните и актуелни актери, освен професионалната соработка, си и лично близок. Сподели со мене какви се тие како личности. Дали многу се разликуваат од она што го играат на сцена или пред камера? И кој е тој актер-пријател што ти дал безброј совети и во приватниот живот?

Горан: Покрај соработката за сценаријата за приказните кои ги пишував, близок сум со Шенка Колозова (сум бил кај неа во викендицата неколку пати. Прекрасна личност со многу животно и творечко искуство), со Лазар Бараков (со кој го посетивме вечното почивалиште на царот. Маркантна личност), со Владо Дојчиноски (Со кого прв се запознав и ми даде шанса да имам соработка со целата екипа на приказните), со покојниот Гоце Влахов (со кого знаевме често да имаме бесконечни разговори по месинџер за приказните, за македонските работи, но и општо за животот), со Дубравка Киселичка (една од најпрекрасните и најмили личности исто каква што е и во приказните) Прекрасни личности и мора да забележам дека скоро повеќето од нив се соживеани со ликовите кои ги толкуваа во приказните!

Читај бе: Дали, и доколку да, колку ти недостасува Македонија?

Горан: Македонија ми недостасува секој миг од моето живеење. Јас дишам и творам за Македонија. Ми недостасува македонскиот амбиент, македонските луѓе, културата, чаршискиот живот. И секако најмногу и посебно ми недостасува Битола!

Messenger creation 3770E508 159F 40E7 B33A EA525B481F8A

Читај бе: Твоето воспитување е патријархално и православно, но дали и колку се обидуваш и твоите деца да ги воспиташ на ист начин?

Горан: Да се биде верник значи да се биде искрен, чесен и честит човек. Верувам дека секој родител го сака тоа за своите деца. Ние со сопругата уште од најмала возраст ги носиме нашите деца во црква каде ќе се стекнат со познавање за нашата православна вера.

Messenger creation E90938F8 35F7 47AD 8F36 DCB4584923D4

Читај бе: Ти си лаборант, па од каде кај тебе љубовта кон медицината?

Горан: Никогаш сум немал интерес кон медицината. Секогаш сум сакал, историја, религија, режија, пишување, глума…Но Господ имал поинаков план за мене. По совет на мајка ми, беше загрижена и сакаше да имам убава и сигурна работа во животот, влегов во водите на медицината. Сега сум лаборант, подоцна и жена ми ми стана колешка по струка. Благородна работа е кога знаеш дека им помагаш на луѓето, посебно на оние на кои им е неопходна помош!

Читај бе: По долго време се врати во твојата родна Битола. Колку реално и објективно гледано е променета Битола? Каква беше кога растеше тука и каква ја гледаш сега, кога повторно ѝ се враќаш?

Горан: Навистина се вратив по подолго време. Кога чекорам по Широк Сокак се чувствувам како да чекорам на врвот од светот и како да сум ги добил сите битки во светот. Битола е доста изменета откако заминав. Сакам да ги гледам само позитивните работи, а Битола секогаш ќе си остане Битола. Најубава на свет!

Читај бе: Ти си како подвижна енциклопедија, но дали младите се заинтересирани за твојата работа? И дали реално има некој млад човек што продолжува и цели кон тоа да те наследи во однос на истражувањето?

Горан: Првото големо признание кое го добив од Шенка беше токму тоа, “Горане ти си енциклопедија што оди. Знаеш за работите кои сме ги снимиле повеќе и од самите нас”. Ме радува кога гледам како млади луѓе се интересираат за историјата, за уметноста и македонската култура. Токму ти, Елеонора ме потсетуваш на мене кога бев помлад. Со преголем ентузијазам, жар и искреност чекорите по патот кој си го зацртала. Ти посакувам од се срце да ти се исполни животниот сон.

Messenger creation D53D79BE F546 40C1 8D80 C13585777A3D

Читај бе: Правиш интересни видеозаписи на твојот YouTube-канал. Би рекла дека станува збор за македонски краткометражни филмови. 
Кажи ми за што станува збор и за какви записи се работи?

Горан: Да. Тоа се краткометражни филмчиња кои ги правам. 
Со сопствени средства. Од сценарио, снимање до костимографија и монтирање…Ги имам неколку. Гледам да не траат повеќе од 10 минути. 

Но тоа кратко време да биде исполнето со драматични случувања, 
како и да се испрати силна порака до мојата публика.

Досега сум снимил неколку,тоа се: Мариово се зазори; Гора Писна; Балада за 
царот пирински; Саможртвата како чин на непокорот за Христо Узунов, за 
македонскиот корифеј на 20 век Димитрија Чуповски итн…

Читај бе: Често на твојата страница ја гледаме Марија, твојата сопруга. Велиш дека ти е поддршка и поткрепа. Што уште претставува Марија за тебе? Дали и таа се стреми кон твоите ставови и на кој начин ја доживуваш нејзината поддршка?

Горан: Нејзината поддршка ми значи живот, и СЕ на светот! Брачен партнер кој ми дава смисла за живот. И самата гледа колку се преоптоварувам и посветувам на македонската кауза. Тоа што го работам бара време. Постојано нови проекти. Монтирам, изработувам видеа кои станаа и премногу вирални по социјалните мрежи. Луѓето ја препознаваат автентичноста во мојата работа. На двете мои страници, таа за царот Колозов и „Жива е Македонија“ има наплив од посетеност. Сопругата знае често да ме искара во однос на моето постојано истражување, работење, монтирање на видеа. Се чувствувам како вработен, а сепак од сево ова што го работам сум заработил 0 денари, но многу лично задоволство!

Читај бе: Да е жив сега Царот, што би му кажал?

Горан: Би му кажал дека успеав да го зачувам неговото име и дело од заборав помеѓу народот. Дека од неговата страна своевремено направив вистински медиум пред сé од информативен карактер. Објавив многу материјали и информации за македонското глумиште малку познати на македонската јавност. Луѓето секојдневно уживаа во објавите.

Би му кажал дека сум почестен и горд што токму јас ја водам неговата официјална страна на Фејсбук. И дека тука не запирам, ќе има уште објави!

Кога Пелистер станува ателје – интервју со Симона Мирчевска за уметноста „на отворено“
Под Пелистер, каде секоја светлина има своја тишина – уметницата и архитектка …
Емпатите и нивната неверојатна способност да читаат луѓе
Емпатите имаат способност интуитивно да „гледаат низ луѓето“ — но не во …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

ChatGPT: како да го користите виралниот чат-бот со вештачка интелигенција за кој сите зборуваат – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола Неминовно, иднината што доаѓа е…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…