Цвеклото е едно од најздравите и најпотценети зеленчуци, богато со витамини, минерали и антиоксиданси кои го зајакнуваат имунитетот и ја подобруваат циркулацијата. Иако најчесто го препознаваме по интензивната црвена боја, цвеклото не мора секогаш да изгледа така. Постојат сорти кои се жолти, бели, па дури и пругасти, а сите тие носат слични хранливи придобивки.

beetroot 3440339 1280

Пигментот кој го прави црвеното цвекло толку впечатливо има силно антиоксидативно дејство, а зеленчукот е особено корисен за луѓе со анемија бидејќи содржи железо, фолна киселина, витамин Ц, магнезиум и калиум.

Најдобро се консумира свежо – како сок, салата или смути – бидејќи така ги задржува најмногу хранливи материи. Но одлично е и варено на пареа, печено во рерна или како дел од зимницата. Во кујната е исклучително разновидно: може да се подготви како супа, намаз, пире, рижото или дури како песто.

beet 545775 1280

Интересен е и историскиот момент – уште старите Грци и Римјани го сметале цвеклото за афродизијак, верувајќи дека ја буди енергијата и виталноста. Денес науката го потврдува она што тие одамна го почувствувале: цвеклото навистина е моќна и корисна супер­храна.

banner strezevo
Lago Bianco – алпска бајка на врвот на Швајцарија
Lago Bianco во Швајцарија е едно од највпечатливите алпски езера, познато по …
Апокриф за добрината 2 – Меѓу ѕверот и човекот
Пишува: Дејан Нашоку Денес многу луѓе ќе ти кажат дека се добри. …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…