ucenici ceska

Ученици од ОУ „Св.Кирил и Методиј“ од Битола учествуваа на меѓународна ГЛОБЕ конференција во Мелник, Чешка. Проектот го изработија со своите наставнички Кристина Полизовска и Елизабета Каровска и најпрво зедоа учество на онлајн натпревар и во конкуренција од 30 учесници од Европа освоија парична награда.

Како единствен претставник од Македонија на конференцијата имаа чест да се запознаат со д-р Тони Мaрфи, директор на ГЛОБЕ канцеларијата во Америка пред кој успешно го презентираа својот проект и добија пофални зборови. Откако имаа интервју за активностите во училиштето се дружеа и со останатите тимови во ГЛОБЕ игрите каде имаа можност да ги претстават своите активности и да разменат искуства со ученици од Грузија, Ирска, Словенија, Украина, Чешка и др.

ГЛОБЕ проектот во ОУ „Св.Кирил и Методиј“ се реализира од 2006 год и е во соработка со Министерство за животна средина и просторно планирање.

Во рамките на ГЛОБЕ проектот, како дел од хемиската секција, учениците вршат мерење на хидролошки параметри, температура, pH, алкалност и кислород на примероци вода од реката Драгор, а проектот ја објаснуваше зависноста на концентрацијата на растворен кислород од висината на температурата.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…