IMG 1336

На 3 август 2025 година, светски познатиот диџеј и музички продуцент Армин ван Бурен ќе настапи на Градскиот стадион „Петар Милошевски“ во рамките на фестивалот Bitola OpenAir.

Настанот е закажан веднаш по Илинденските празници, а организаторите Авалон продукција го најавуваат како еден од најголемите и најзначајни музички спектакли што некогаш се случиле во Македонија. Со овој настап, Битола станува првиот град во државата што ќе угости музички артист од А-категорија на светската сцена.

504465469 1273583144773013 1786860383187860404 n

Армин ван Бурен, кој веќе децении важи за еден од највлијателните имиња во електронската музика, е познат по своите визуелно и музички совршено дизајнирани настапи. Неговите шоуа не се само забава, туку културно доживување што го надминува жанрот и ја привлекува публиката од најразлични генерации.

Влезниците за овој настан ќе бидат пуштени во продажба од среда (11 јуни) во 9 часот наутро онлајн на avalonbooking.mk и во продажната мрежа на karti.com.mk по следните цени и категории:

Партер – 1.500 ден. / €24.5

Фан пит – 1.990 ден. / €32.5 (само 1000 влезници)

VIP – 6.000 ден. / €100 (подразбира влезница со висока маса. За резервација на пакети потребно е да се јавите на 071 790 055)

Ова е првпат Битола да биде домаќин на ваков калибар артист, а градот се подготвува за вистинска летна еуфорија и голема посетеност од цела Македонија и пошироко.

Зошто да одите на бања оваа сезона?
Ако барате место каде што ќе се опуштите, ќе го подобрите здравјето …
Светски ден на менталното здравје – момент да застанеме и да се погледнеме внатре
Во светот што постојано брза, каде што денот ни минува меѓу рокови, …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…