Пролетта е време на будење. На луѓето, на природата. Но, многу често со доаѓањето на пролетта, доаѓа и таканаречениот „пролетен замор“ кој најчесто е последица на монотоната и напорна исхрана која остава тешки последици со кои се бори нашиот организам.

На зелените пазари намирниците со различни бои и вкусови стануваат се подостапни, а токму тие со својот богат нутритивен состав и антиоксидантни својства му помагаат на нашето тело да се детоксифицира од насобраните токсични материи за време на зимскиот период.

Зелени пролетни нутритивни бомби

Доминацијата над пролетните бои секако ја презема зелениот зеленчук кој е богат со хлорофил, кој помага за обновување на црвените крвни зрнца и хемоглобинот. Нискокалоричен е, па е погоден за разни диети, не содржи масти, богат е со растителни влакна и ензими кои се неопходни за добро и квалитетно варење. Прв се сади, па затоа најбрзо се наоѓа на нашите трпези.

soup gd617f41e7 1280
ЗЕЛЕН ЗЕЛЕНЧУК/pixabay

Марулата, основата на секој квалитетен оброк

Со векови зазема важно место на трпезите ширум светот, токму поради нејзините нутритивни вредности, но и пријатниот вкус. Богата е со витамини А, Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, минерали, фосфор, калциум, магнезиум, железо и бакар. Одлична е за детоксификација на организмот, воспоставува алкална рамнотежа, а влијае и на позитивното расположение и дава енергија. Важно е да е што е можно посвежа, бидејќи тогаш е најбогата со витамини и минерали.

марула
МАРУЛА/pixabay

Сремуш или попознат како Мечкин лук, сојузник во борбата против токсините

Оваа намирница често се нарекува убиец на токсините, бидејќи нејзините антиоксидантни способности се исклучително високи. Тајната на оваа храна се крие во нејзината основна состојка, алин, која под дејство на кислородот се претвора во алицин. Ги зајакнува одбранбените механизми на организмот и учествува во борбата против вируси, бактерии и паразити. Ефикасно делува и на цревните паразити и ги спречува инфекциите на дигестивниот тракт. Поволно делува на кардиоваскуларниот систем и има заштитен ефект врз развојот на атеросклероза. Ја подобрува меморијата и поволно делува на регулација на крвниот притисок.

wild garlic leaves gc03ed4af9 1280
МЕЧКИН ЛУК/pixabay

Младиот кромид сојузник во борбата против алергиите

Младиот кромид содржи антиоксиданс кверцентин, кој делува како природен антихистамин и на тој начин ги ублажува сезонските алергии. Го регулира крвниот притисок и го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Многу е хранлив и богат со витамини и минерали кои помагаат во спречување на многу болести. Слободно може да се каже дека младиот кромид е идеален пролетен зеленчук, кој е богат со витамини А, К и Ц и минерали фосфор, калиум и калциум. Богатството со каротеноиди го прави корисен за видот и кожата.

onion gb577a2397 640
МЛАД КРОМИД/PIXABAY

Вечер на музика со македонски писатели во организација на Book’s House – собраните средства за хуманитарни цели
Синоќа се одржа настанот „Хуманитарна вечер со македонски автори“ во организација на …
„Домаќинство за почетници“ на Горан Столевски го отвори 44. Издание на ИФФК „Браќа Манаки“
Филмот „Домаќинство за почетници", по сценарио и во режија на Горан Столевски, …
meblo trejd - k elementi

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

Академијата за боречки вештини „ЗА НЕД ДО“ го прослави 40-от роденден

Кунг Фу Клубот кој гордо го носи името на сопствениот град „Битола”…

Смела и гламурозна креација на Александар Ортак за матурски фустан

Матурската прослава е крајната точка на едно прекрасно животно поглавје исполнето со…