SOLVE naslovna

Во Офицерскиот дом во Битола се одржаа завршните активности на проектот “SOLVE” кој беше наменет за превенција и менаџирање на гранични поплави и шумски пожари. Проектот вклучи партнери од Република Северна Македонија и Грција, Универзитетот Св. Климент Охридски, Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Децентрализираната администрација на Епир и Западна Македонија, како и Универзитетот на Западна Македонија од Кожани. Основната цел беше заедно да ги подобрат регионалните капацитети за предвидување и реагирање на природни катастрофи.

Во рамките на проектот, педесетина професори активно ги споделија своите експертни знаења со заедницата и релевантните институции. Идентификуваа четири нивоа на активности: предвидување на опасности, рано предупредување, ублажување и управување со природни катастрофи, како и закрепнување на областите засегнати од катастрофи.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, посочи од каква важност е значењето на институцијата во унапредувањето на способностите за справување со природни катастрофи во регионот.

На настаните учество зедоа релевантни експерти од своите области, кои ги презентираа своите активности во проектот. Во првиот ден учество зедоа М-Р Александар Ангелевски, од ТППЕ Битола, кој што ги сподели своите искуства во борба против пожари и поплави во Пелагонскиот регион, Проф. Д-р. Билјана Граматковски која презентираше на темата:„Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со шумските пожари во Пелагонискиот регион“, како и Проф. Д-р. Сашко Мартиновски кој го презентираше прирачникот: „Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со ризици од шумски пожари“.

Вториот ден од конференцијата беше посветен на тематиката на справување со поплави, а на конференцијата учеството зедоа Проф. Д-р. Милорад Јовановски од Градежниот факултет од Скопје, кој имаше презентација на тема: „Справување со поплави и свлечишта,“, Проф. Д-р. Билјана Граматковски која презентираше на темата:„Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со поплави во Пелагонискиот регион“, како и Проф. Д-р. Татјана Блажевска, која го презентираше прирачникот:„Култура на цивилна заштита – обука на заедницата за справување со ризици од поплави“.

Дводневниот настан каде се прикажуваа резултатите на проектот СОЛВЕ во Офицерскиот дом во Битола на 9 и 10 ноември 2023 година се гледа како значаен чекор кон остварување на значајни заеднички цели, вклучувајќи го зголемувањето на регионалните капацитети за борба против шумски пожари и поплави. Нивната сериозност и потенцијалните негативни последици беа истакнати како движење во подобрувањето на подготвеноста за овие катастрофи.

meblo trejd - k elementi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Хиподром во близина на Кравари – магистерски труд на Елена Босилковска

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св.…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…