Со концерт на групата „Меморија“, вечерва на Ракометното игралиште, официјално се затвори 14. издание на битолското културно лето БИТ ФЕСТ.

bit fest kraj 14

Во изминатите два и пол месеци, многубројната публика имаше можност да проследи голем број концерти на класична, поп, рок, џез музика, театарски претстави, ликовни изложби, уметнички перформанси, фестивали и други настани низ кои се промовираше културното наследство, традицијата и народниот мелос.

bit fest kraj 19

„Сакам да се заблагодарам на сите оние кои беа учесници на годинешниот Бит Фест 2022, во мое име, во име на луѓето од Општина Битола кои се заложија се да биде како што треба, Советот на Општина Битола, но најмногу до музичарите, уметниците и до Вас, граѓаните кои дадовте поддршка на сите манифестации. 140 настани, преку 44.000 присутни на настаните, 77 денови, 9 фестивали…спектакуларно започнавме со Каролина, фасцинантно ќе завршиме со „Меморија“, групата на нашата младост, групата која ја возвишува македонската рок музика“, изјави пред почетокот на концертот, градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.

bit fest kraj 6

За време на сите фестивалски денови, Битола ја посетија уметници и културни работници од Македонија, но и од голем број други земји, меѓу кои: Израел, Полска, Чешка, Швајцарија, Турција, Шпанија, Италија, Колумбија, САД, Србија, Полска, Црна Гора, Албанија, Франција…

Фото: Саше Богоевски

    (ВИДЕО) Велигден во храмот „Свети Димитриј Великомаченик“ во Битола
    Христос Воскресе! Навистина Воскресе!Со овој радосен поздрав, точно на полноќ, храмот „Св. …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Со концерт на Каролина Гочева започна 14. издание на БИТ ФЕСТ

    Со концерт на Каролина Гочева во античкиот театар Хераклеја, започна 14-то издание…

    Давор Неќак и Горјана Стојановска приредија незаборавна вечер за битолчани

    Во преполната сала на Офицерскиот дом во Битола, синоќа, во рамките на…

    Чалгиска песна и ора одекнаа во Офицерскиот дом во Битола

    Во Офицерскиот дом Битола Ансамбл Македонија приредија незаборавна вечер во која најнапред…

    Вредните мали ликовни уметници на Илинденски денови

    Изминатите неколку дена вредните детски раце од битолските училишта твореа, цртаа, додека…