Шокот кога се добива дијагноза е огромен. Но човек мора да научи да го продолжи животот ако му се дава втора шанса, вели Катерина Петровска од Битола, мајка на три деца и сопруга која 14 години е во вртлогот на борбата со ракот со дијагноза CA-50.

Катерина, е постојано активна, често пред себе знае да си постави цели кои за некого се над нејзините можности. Но, со својата упорност и челична волја, таа успеала во се што наумила. Се искачи до врвот и се искапи на Големо Езеро, ја истрча трката Трчај бе, пешачењето е нејзино секојдневие, постојано е присутна на културни настани, спортски натпревари…Беше дел и од две претстави во Интимниот театар каде зборуваше за својата борба со ракот…

Самата личност треба да сфати дека треба да се сврти кон себе. Една многу драга личност ми рече, доста бериш гајле за сите околу себе, да не се гледаш себеси, Господ ти даде втора шанса, искористи ја најдобро што можеш. Штом Господ ни даде втора шанса треба на најдобар можен начин тоа да го искористиме, рече Катерина за Читај бе.

310033488 1139967243278695 8526907560645936785 n

Читај бе: Месецот октомври е посветен на борбата против ракот на дојка. Како лице со дијагноза CA-50, дали е доволно само еден месец да им се посвети на овие лица?

Катерина: Не, затоа што за нас, розевиот октомври е 365, а некогаш 366 дена во годината. Всушност не само за нас, туку и за нашите семејства. И ни треба голема поддршка. Независно дали одиме секој месец да примаме терапија на онкологија или не, затоа што ние живееме и доживотно било колку да се скапи или евтини лекарствата кои ги примаме, ние ги примаме доживотно. Ракот не е како грипот, пу-пу не важи, за 3, 5 или 10 дена да помине. Ракот не е само за жените кои се болни од рак, тој влегува во цело семејство затоа што тогаш на сите им се менува животот и едноставно се учиме на нов живот.

Читај бе: Колку е битна поддршката од блиските?

Катерина: Од семејството е премногу потребна помош, сфаќање, разбирање затоа што едноставно не сме исти личности како што бевме пред дијагнозата, операциите. Некој од семејството прифаќа доста добро, некој се учи, а некој верувајте го напушта семејството, доаѓа и до раскинување на семејства, на никого не му поскакувам, но има и такви случаи.

Читај бе: Вие сте во шестата деценија од животот. 14 години се сте со оваа дијагноза, а претходно борбата ја искустивте 8 години со Вашата мајка.

Катерина: Јас мислам дека тоа не е генетски. Мојот рак е хормoнски, не е генетиката. Иако се вели дека оние кои имале во нивните семејства болни од рак дека натаму се пренесува, има предиспозиции, но не мора да значи.

Читај бе: Енергијата која ја шириш е посебна, тоа е нашиот впечаток. Редовно пешачиш, присутна си на скоро сите културни настани, спортски натпревари…Кое е твоето мислење, што треба да му биде на еден човек двигател во животот за да може да премине преку сите искушенија и предизвици?

Катерина: После првиот шок кој е енормно голем, прво треба самата личност да се избори дека беше што беше, сега одиме одново. Самата личност треба да сфати дека треба да се сврти кон себе. Една многу драга личност ми рече, доста бериш гајле за сите околу себе, да не се гледаш себеси, Господ ти даде втора шанса, искористи ја најдобро што можеш. Штом Господ ни даде втора шанса треба на најдобар можен начин тоа да го искористиме. Значи некој наоѓа утеха во црквата, некој во книгата, некој во пишаниот збор, има една уметница од Скопје, таа е сликар, се најде во сликањето, има жени кои воопшто пред тоа не сликале, почнале и тогаш од нив излегува ремек дело. Некои пишат, јас се најдов во пешачењето, природата, па дури ни ковидот не ме спречи за да можам да се движам, сакам спортски настани, културни настани, сé што ме исполнува во душата.

Читај бе: Која е твојата порака, како да се поминат тие моменти, како да најдат сила?

Катерина: Ако не успеат сами да се борат, имаме во Битола прекрасни психијатри и психолози, толку многу помагаат, не треба да се биде баук. Еве на пример во мојата група каде што одам,  има моменти кога не можам дома да се искажам, но со неа ќе си направам муабет. Ние кога ќе се собереме секој си кажува што како и на крајот може со песна да завршиме. И друго би рекла, многу од нашите пациенти со оваа дијагноза се приклонуваат кон една или друга страна, јас секогаш велат дека CA-50 е мојата партија. А верувајте почнуваме да бидеме голем број, а во нашиот град ракот е галопирачки, старосната година паѓа на 20 години, тоа е страшно, за нас тоа се деца, мене можат да ми бидат деца, внуци. Страшно. Еден апел, нас ни треба 365 дена во годината помош. Не се работи само за  финансиска помош, на пример до пред некоја година секаде одиш и плаќаш од страна на медицина, едноставно никој не го допира дека пишува CA.

71739185 458354651439961 3937164372412989440 n

Пред 14 години кога прв пат се вакцинирав за сезонски грип и оттогаш никогаш повеќе, ми кажаа  дека не сум ослободена. За нас и посебно за пациентите со страшни операции на срце тоа е многу важно. Сега е поинаква ситуацијата, но на пример ако матичниот лекар заборави да ти напише CA, треба да се расправаш. Исто така, не сакам на мојот грб некој да си пишува поени, јас кажав мојата дијагноза е CA-50, а имам број кој го имам од онкологија, тоа е мојата самица, никој да не дојдe до таа самица.

312706217 845981900166751 139824610289962988 n 1
meblo trejd raboti
Раскажи ми приказна: Професорката Змија Наочарски
Автор: Јордан Николов На професорката Змија Наочарски цело време ѝ студело. Без …
Зошто ги земаме здраво за готово оние кои се секогаш тука за нас?
Во секој од нас има една лоша работа. Секогаш гледаме на она …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…