proekcija m

Филмот „М“ во режија на Вардан Тозија после гледањето создаде простор за дискусија.

Филмот го постигна ефектот. Со оглед дека живееме во  секојдневие кое е инстант, филмот ни постави куп прашања. Публиката беше допрена – емоционално, не верувам дека некој остана рамнодушен.

..Јас сум детото од лисја …Еден ден детето ќе стане доволно силно и шумата ќе го пушти да оди…Јас сум осамен. – Ти си посебен….

Едно од прашањата што се провлекува е – Што е надеж?

Во време на апокалиптично битисување, кога светот страда автоимуно, се јаде сам себе …благодарение на изборот на локации публиката има можност да види колку во Македонија имаме локации кои потсетуваат на крајот на светот, а наспроти тоа колку земјава има раскошна шума која е спој на мистериозноста и слободата. Поголемиот дел од филмот е снимен во Националниот парк Пелистер.

Вирус го напаѓа човештвото, камената шума го претставува бетонираниот град, преживуваат само оние кои го имаат знакот.

Зошто треба да се гледа филмот „М“?

Затоа што е македонски филм, после гледањето на филмот најмалку што ќе посакате е да можете да промените нешто во овој очаен свет, можеби ќе посакате да ги прегрнете вашите најблиски – едноставно ќе сфатите дека е време за будење, во спротивно ќе продолжиме да се јадеме еден со друг и логично е да исчезнеме ко диносаурусите.

Што е надеж? – Веројатно, човек да продолжи да оди напред и да го бара најдоброто што може да го добие. Пораката од  Севишниот е : Време е за будење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ново детско катче во Битола – Игротека Jungle fun

Битола доби уште едно катче наменето за најмилите – Игротека Jungle fun…

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…