427964985 803199015182418 2040837276079083529 n

Во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа креативна работилница со претставници од Здружението на дијабетичари на општина Битола во соработка со претставници од Здружението за уметнички ракотворби од Битола.

427957139 803198631849123 6981800803776670262 n

Оваа работилница беше во склоп на проектот за психосоцијална поддршка на ЗДОБ.

Психо-социјална поддршка претставува обезбедување на психолошки и социјални ресурси на лице кое има таква потреба, наменета во корист на неговата способност да се справи со проблемите со кои се соочува. Психо-социјалната поддршка помага да се зајакне отпорноста на стрес, ги оспособува луѓето да се повратат и закрепнат од криза, како и поефикасно да се носат со други критични случувања во животот. Исто така, тука е вклучена и секоја поддршка која што луѓето ја добиваат за да го заштитат или унапредат своето ментално здравје и психо-социјална благосостојба. На тој начин се превенираат и посериозни нарушувања, како на пример: депресија, анксиозност или посттрауматско стресно нарушување.

Терминот „психо-социјално“ се однесува на динамичен однос помеѓу психолошките и социјалните ефекти на ситуацијата. Овие две димензии се многу тесно поврзани:

427949041 803198805182439 8932428873713236227 n

Психолошки димензии: внатрешни, емоционални и мисловни процеси, чувства и реакции.

Социјални димензии: односи со луѓето и опкружувањето, семејни мрежи и мрежи во заедницата, социјални вредности и културни обичаи.

427964377 803198735182446 3968218568569506242 n

Овие работилници имаа за задача да не зближат, повторно да научиме да се дружиме без мобилни телефони, а воедно и да бидеме продуктивни и креативни.

427927416 803198621849124 4565001545688870438 n

Плетењето е еден вид на медитација, која има голем бенефит за создавање на позитивно чувство и релаксација.

ЧОВЕКОТ КОЈ КРЕИРА-ПОСТОИ,РАБОТИ,ЖИВЕЕ И Е ЗДРАВ. КРЕИРАЊЕТО Е ПОВРЗАНО СО НАШЕТО ПОСТОЕЊЕ. НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА КРЕИРАТЕ!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…