viber image 2023 11 15 17 11 02 099

Познатиот балкански доктор и професор Ранко Рајовиќ одржа семинар во НУУБ „Св. Климент Охридски“ – Битола, на тема „Систем на учење“.

Р.Рајвиќ е доктор по интерна медицина, магистер по неврофизилогија и доктор по спортски науки.

Семинарот беше наменет за родители и просветни работници.

Според истражувањата кои ги птезентира д-р Рајовиќ, а наставниците секоја година гласно ги коментираат:

Секоја новозапишана генерација во прво одделение е моторички и мисловно послаба од претходната генерација, ова е огромен проблем со кој се соочуваат наставниците.

402224018 749114110590909 4213792967937163330 n

Родителите прават многу грешки во воспитувањето на своите деца во име на љубовта кон нив.

Мисловниот процес кај човекот, конкретно детето треба да започне од најрана возраст, според истражувањата, денешниве деца се психофизички неподготвени за училиште.

Ако се земе предвид дека мозокот кај човекот е орган за преживување, неопходно е децата да се мотивираат да размислуваат. Многу родители и наставници го поставуваат прашањето: „Како?“

402470585 749114007257586 3982985209279105264 n

Д-р Р. Рајовиќ  сподели интересни гледишта:

Важен е патот до одговорот, не одговорот. Учењето напамет е многу тешко за учениците, а запомнувањето е краткотрајно. Еден од најблаготворните начини на учење е учењето преку игра. Децата истовремено се забавуваат и учат.

Класичната настава одбива да го усвои функционалното стекнување на знаења, па така нанашите деца/ученици им нудиме знаења за професии кои за околу две децении нема да постојат.

На почетокот на PISA тестовите, првото место ѝ припаѓаше на Финска, благодарение на прочуениот фински моодел на образование, за сега Финска да го отфрли сопствениот модел на учење.  Според последните резултати, земјите од Источна Азија ќе доминираат во светот за 20 години, само затоа што го применуваат функцоналното знаење во образованието, нивните ученици се образуваат за професиите на иднината. Балканските земји се на најдолното место на PISA  тестовите.

402170354 749114103924243 198720625120931119 n

Како заклучок од ова што ни се случува во општествениот систем кој е последица на образовниот, како родители и наставници неопходно е да се запрашаме : „Кои се нашите грешки во воспитувањето и учењето на нашите деца/ученици?“

Забележете, кога децата ќе се родат и во првите неколку години од нивниот живот како се развиваат преку игра, колку и како се смеат, како ја цртаат и размислуваат за околината со која се опкружени, сè до моментот кога ќе зачекорат во образовна институција, тие се претопуваат со туѓи уверувања и се губат во системот, најстрашно е што на овој начин, системот ги губи генијалците, затоа што многу често ги именува мнозинството како бубалици, занесени, наместо да покаже емпатија кон нив, системот се стекнува со генијално фрустрирани деца.

meblo trejd cizmi
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…