монм насл

Во периодот од 03 – 08 jули 2023 година, во организација на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” – Битола и партнер организацијата-домаќин Фондацијата „Бугарска Памет” од Бугарија се реализираше 2-то издание на „Мал Монмартр во Софија”.

монм 3

По 15 млади ликовни уметници и талентирани деца од двете страни на границата работеа на три ликовни проекти и реализираа низа средби со носители на јавни позиции во Република Бугарија и сегменти од едукативниот и забавен дел од програмата која за 30 млади македонски и бугарски уметници на возраст од 9 до 18 години беше успешно остварена.

монм 40

„Имавме предавање на тема „Уметност” кое го подготви нашиот соработник – госпоѓа Снежана Јовева – Димитрова. Со неа како Директор на Државниот културен институт при Министерството за надворешни работи на Бугарија минатата година ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола во МНР на Бугарија го одбележа 1-ви Јуни – Светскиот Ден на детето. Со Јовева и ДКИ остваривме и работна средба на која веќе започнавме со планирање на нови соработки при што во најскоро време најавено е склучување на Меморандум за соработка бидејќи во нашата земја нема ДКИ, а тие во рамките на ЕУ функционираат на ниво за организирана форма” – изјави претседателката на ДСЛ „Свети Кирил и Методиј” Битола – Елена Хаџи-Антоновска.

монм 44

За време на престојот во Софија младите ликовни уметници ја посетија и Националната уметничка галерија на Република Бугарија запознавајќи се со дела на нивни колеги низ историјата, а имаа можност и за забавни и креативни посети на Музејот на илузиите како и ЗОО градината во Софија.

монм 23

Веќе вториот колониски ден активноста на младите уметници беше вест број еден во сите медиуми во Бугарија и соседните земји како успешно го реализираа проектот во кој за 2.5 часа насликаа огромна слика со димензии 5 х 6 метри или 30 квадратни метри платно на кое сите 30 учесници под раководство на ликовниот педагог на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола – Томислав Стерјев насликаа момче и девојче кои ги претставија двете соседни земји како си подаваат рака за пријателство, а во контекст на лошите политички односи меѓу двете земји последните 2 години.

„Симболиката беше и повеќе од јасна. Изборот исто така беше на самите млади уметници. Имено тоа е модифицирано уметничко дело кое претходно минатата година беше дел од колекцијата на ликовни дела кои ја формираа изложбата од кампот за филантропија „Од двете страни на границата”, a која беше поставена во Народното Собрание на Република Бугарија. Со одлична организација и целокупен ангажман на сите нас – иако јавно владееше сомнеж дека ќе успееме во најавената мисија – младите уметници го направија она што и најдобро го знаат – сликаа. Презадоволен сум од нивниот ангажман и посветеност. Огромното ликовно дело ќе биде подарено на град Софија кое по мои информации не само што ќе го изложи на соодветно место, туку планира и негово гостување на варијации од локации” – истакна Томислав Стерјев.

монм 35

Учесниците на „Мал Монмартр во Софија” по завршувањето на својот креативен момент по покана беа на официјален прием кај Претседателот на Република Бугарија, Румен Радев каде остварија своевидна работна средба на теми и по прашања од нивен интерес со акцент на настани од полињата на културата и спортот кои треба и мора да ги има се почесто помеѓу двете соседни земји бидејќи во оној момент кога политичарите ќе „заглават” со проблемите – младите ја преземаат иницијативата и водството кои водат кон пријателство.

Претседателот на Управниот одбор на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола – Славчо Неделковски во контекст на средбата, на Претседателот Радев му врачи уметничко дело од годинешното 42-ро издание на „Малиот Битолски Монмартр” како и медал во чест на 55-годишнината од постоењето на ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола.

„Соочени во реалноста на денешницата би сакал да посочам 2 нешта. Големите револуционери поради кои денес ние сме соседни независни држави во времето во кое се бореле за своите идеали го загубиле и животот за нив, а биле на возраст помеѓу 16 и 26 години. И за жал тоа го забораваме. Па еве. Денес едни помодерни револуционери ви ја испраќаат истата порака како и нивните претходници. Сепак факт е дека и денешницата и иднината е на младите. Ваше е да научите дека совети може да добиете и од 10-годишник кој може и владее со своето постоење со цел универзум, а не пак 2 држави”. – изјави Неделковски.

Претседателот Радев гостите ги пречека со извадоци од книгата „Малиот Принц” која на крај ја подари на најмладиот уметник – 9-годишната Фросина Полизовска од Битола – им се заблагодари што се чекор напред во своите активности – ги одговори сите нивни прашања и ги покани да го разгледаат заедно објектот на Претседателството.

монм 17

За време на колонијата се сликаше и Соборниот храм „Александар Невски” во Софија за што беа доделени и шест награди на денот за најдобро уметничко остварување. Беа доделени Признанија за учество како и дополнителни Специјални Награди за најдобар уметнички пристап и ангажираност за време на целиот настан на уште шест учесници.

Од „работните” посети на младите амбасадори на културата се издвои и онаа со заменик Претседателот на Народното Собрание на Република Бугарија – Росица Кирова која ги пречека учесниците во име на Претседателот на Парламентот – Росен Желјазков.

„Читам на вашите маички зборови кои имаа длабоко значење. Читам: Единство – Иднина – Толерантност – Солидарност – Пријателство – Промена … и верувајте иако суптилно, прилично сериозно ја разбравме нивната порака упатена кон нас како носители на општествени позиции – политичари и неверојатно, но реалност е дека она што вие 30 млади уметници го правите треба да ни е показател како да ги решаваме проблемите” – изјави Кирова која исто така доби уметничко дело од годинешното издание на „Малиот Битолски Монмартр” со апел – проблемите кои ги создаваат политичарите да прекинат да се рефлектираат кон младината на двете држави како и јасната порака – политиката и партиските интереси да стојат далеку од детската безгрижост.

„Имавме можност која сакавме да им ја оствариме како желба на младите – нашата иднина, а тоа е тие малку да ги распрашаат политичарите за проблемите со кои тие како наша иднина се соочуваат. Имаше поприлично инстересни прашања кои и тоа како не беа во комфорната зона на возрасните. Младите јасно кажаа дека се што сакаат е да сликаат, да патуваат и да се дружат и им порачаа на политичарите „Уметноста не познава граници – прекинете да ги градите”. Ова е втора детска ликовна колонија со Врабевски и Фондацијата Бугарска Памет и веќе 10-ти проект кој го реализираме и тоа ќе продолжи. Зошто? Едноставно е. Додека политичарите „величествено” наоѓаат причини во името на младите да формираат омраза и гнев поприлично не се ни свесни дека младите одамна масовно разочарани токму од нив ни се иселуваат за свое подобро денес и перспективно утре и овие млади амбасадори на културата од двете земји се последната линија пред аларматноста дека ние сериозно тргнуваме во неповрат за да по „одбраната на националистичките ставови” ќе нема на кого да им ги оставиме земјите затоа што и оваа младина е на пат кон реализација на своите соништа кои за жал се поретко сакаат да ги реализираат во реалноста во која живеат во своите земји. И ова не е политика. Ова е есенцијално и фундаментално поимење на правото дадено со живот. Човекова слобода” – изјави Славчо Неделковски.

Учениците поради активности ја одложија за наесен работната средба со Министерката за надворешни работи на Бугарија – поранешен Еврокомесар за млади – култура – спорт – иновации и образование на Европската Комисија – Марија Габриел, но најавија и работен состанок со идниот Еврокомесар Илиана Иванова.

Неделковски при посетата на Софија оствари средба и со Милен Врабевски на која му се заблагодари за поддршката при реализацијата на позицијата Претседател на комисијата за развојни програми со ЕУ и УНЕСКО при МУО на „Мал Битолски Монмартр” при што му ја врачи високата Награда „Мецена на уметноста за 2О23 година” доделена од страна на ДСЛ “Свети Кирил и Методиј” Битола.

IMG f7f7ad0167c5c41fb5def7f95ac83cf3 V
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…