ulav ste

Јован Ристовски припаѓа на младата генерација театарски режисери кои се непоколебливи во начинот на кој ја создаваат синкретичната уметност. Препознатлив е по тоа како ги нагласува општествените предизвици на театарската сцена, но дефинитивно најсилните аплаузи ги понесе со неговата инцијатива да  создава претстави на знаковен јазик. Па, така, конечно, во Македонија во театар се присутни и деца и возрасни кои имаат оштетен слух и говор. Ристовски како режисер и актерската екипа која е дел и од „Три“ и од „Улаф сте“ влеваат огромна надеж за подобро утре кое искрено ни е неопходна, да надеж. Затоа што на секој чекор сме сведоци на ниско-негативни фреквенции кои го метастазираа системот.

Пред проба го „начекав“  Јовица, а разговорите со него се секогаш ултра позитивни, според мене одамна го има надминато паланечкото секојдневие – па затоа и создава на друго ниво. Неговата најнова премиера е закажана на 16 јуни, па се гледаме таму, но во меѓувреме читнете го муабетот.

ulav ste 1
meblo trejd racki

-Помина година од претставата на знаковен јазик „Три“ – каков процес претставуваше, бидејќи се работи за неверојатен предизвик?

Претставата „ТРИ” е за деца на знаковен и говорен македонски јазик. Како театарска екипа сме пионери во тој … подвиг, направивме револуција,не само во театарската уметност, искусивме и ние и публиката што е суштината на уметноста која знае навистина да го промени општеството и да ги руши конвенциите на кои сме навикнале.

-Во моментов е најавена премиера на знаковен јазик за возрасна публика, како одат подготовките, како сте организирани?

Оваа идеја за новата претстава повторно се случи спонтано. Додека гостувавме со „ТРИ” пред охридската публика предгодина и пол, група на возрасни глуви лица нè замолија да направиме претстава и за нив. За нивниот живот, за нивните проблеми со кои се соочуваат во нашето општество. И ете…на 16 јуни ќе биде премиерата на „УЛАФ СТЕ?” – “Are you crazy?” која е работена по лични искуства на глуви лица. Голема инспирација е Мартин Ангелов, познат како газда на кафулето во Битола „Улаф сте”. Драги луѓе, не можам да прекинам да се восхитувам на чистата радост, возбуда и среќа што ја доживува Мартин на пробите кој е наш соработник во текот на пробите, според мене тој е Херој и пример за целата глувонема заедница во Македонија. ОВА ШТО ГО ПРАВИМЕ Е МНОГУ ВАЖНО! Претставата ги обработува проблемите на младите и фактот дека населението се иселува од државата. Авто-цензура која е присутна од стравот да се кажат јасно и гласно општествените проблеми.

Приказната се раскажува низ призма на глувонемата заедница, во која актерите во име на глувите лица без цензура ги раскажуваат сите општествени неправди кон оваа ранлива група!

Имаш несекојдневен сензибилтет кој можам да кажам дека не е архетипски поврзан со пелагонисково сегашно поднебје. Режирајќи ги  театарските претстави кои се одиграни во Битола и на други театарски и алтернативни сцени – свесно чекориш по жица во уметноста, со оглед дека просечноста одамна ти е надмината работа.

Ова се силни атрибути и карактеристики, фала од срце. Без разлика дали зборуваме за уметност или за животот, кога човек е искрен, кога човек ја зборува вистината, секогаш просечноста се надминува. Не дека ми е цел да надминам некакви си просечности, туку факт е дека во просек владее лагата, неискреноста и досадата – па затоа можеби делувам несекојдневно.

21 век е многу побрз од 20 век… кога човек е во брзање и под притисок, станува нервозен, анксиозен, површен, неаналитичен… денес да го зачуваш мирот е основна мисија на секој жив човек. Живееме во опасни времиња, за кои не сме сигурни дали цивилизацијата ќе оди во добар правец или не.

-Анимираш публика која скоро никогаш не била анимирана – како е можно да се дебетонира заспаново општество?

Само со искреност.

  • Колку глумачкиот потенцијал е искористен кај нас?

Критичари немаме. Се сомневам во факулетот на Драмски Факултет – Скопје. Се започнува од факултетот и професорите. Не сите актери се занимаваат вистински со својата професија, нема многу силни актерски капацитети. Некои се изгубиле по патот… За некои е доцна, но се разбира дека ги има!  Денес да бидеш актер, значи да бидиш и перформатор. Тоа што остана исто за актерската игра е актерот да верува во тоа што го игра.

  • Пратејќи ја твојата режисерска кариера, не се трудиш да му се допаднеш на секому, ама ретко кој го оставаш рамнодушен. Кој е твојот  режисерски појдовен проблем кој повторно и повторно би го режирал во различни ситуации?

Вистината. Глупоста. Несвесноста. Слободата. Љубовта. Планетата Земја и сета нејзина суштина… Живот. Космосот и неговата мистериозност… Бог.

-Дали како режисер на 21 век, театарот има тенденција да биде двигател како некогаш, дали режисерот ја има храброста да му ја плесне фактичката состојба на публиката в лице, ама не да се почувствува навредена, туку мотивирана?

Кога човек агресивно се наметнува кон публиката на праг на закана – тој театар веќе умира… На Балканот е сè уште актуелен, цела една претходна генерација на режисери пред мене сè уште го негуваат тој театар, лично го нарекувам Наметлив театар, некои го дефинираат како ангажиран театар.

И тоа е добро, но светот е толку агресивен, што мислам дека треба да ги претставиме новите херои, да понудиме љубов, емпатичност, да се задржиме на оние приказни, на оние исклучителни човечки судбини кои ќе нè инспирираат во овие мрачни времиња. Уште од факултетски денови, сфатив дека живееме во нова ера која ја нареков „Нова Ренесанса” која за разлика од Ренесансата и Хуманизмот, денес се однесува и на човекот и сиот жив свет на планетава.

-Дали после „Три“има некакво разбивање на  стереотипите кои се вкоренети во општеството? 

  • Да. Таму направивме големо влијание кон децата да не фрлаат ѓубре каде било, туку исклучиво онаму каде што треба и тоа сортирано. Ние сме валкан народ. Земјата ни е со ѓубре по улици и ливади. И за чудо, многу родители ни побараа да им одржуваме часови по знаковен јазик на децата кои ја гледаа претставата. Во иднина и тоа ќе го направиме. – Тоа беше доказ дека децата станаа свесни за глувите дечиња и дека знаковниот јазик е еднинствениот начин за да воспостават комуникација. И за крај … сакајте се луѓе, почитувајте се, негувајте се…убав е животот на оваа планета. Да се потрудиме да го направиме подобар светот за идните генерации.
ulav ste 2

ИНФО:

Продукција: АТО – Центар за современа уметност и култура, Битола

Автор и режија: ЈованРистовски

Актери: Наталија Ристеска, Кристијан Танчевски, Марија Стефановска, Никола Пројчевски, Маја Андоновска-Илиевски и Сандра Грибовска

Драматург: БилјанаКрајчевска и Весна Куслеска, Костимограф: Марта Дојчиновска, Сценограф: СтефанМалбашиќ. Толкувач на знаковен јазик: Катерина Шаркоска, Асс.тутор: ЕлизабетаГеоргиева. Соработник за знаковен јазик: Мартин Ангелов

Проектот е поддржан од Швајцарска амбасада во Р.С Македонија

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…