nature 4334533 1280

Тревки, што се пробиле низ асфалтот. Една од сликите на моето детство, што ми се запечати во сеќавањето, – тоа е густата трева и грмушките, што растеа крај оградата на нашата куќа, што излегуваше во една тивка, осамена уличка. Сега таа е слична на корито на пресушена река; земјата е покриена со слој асфалт, како да е заѕидана во огромна костурница. Ни дожд, ни зраци на сонце не проникнуваат преку мртвиот панцир. Тука погледот на ништо не се задржува, тој рамнодушно ѕирка под површината на тулите и асфалтот. Но некако случајно одеднаш ја забележав тревата што се пробиваше низ пукнатините на асфалтот; тоа беа неколку овенати пожолтени стебленца, но тие со самиот свој изглед, се чини, кажуваа за тоа дека животот, сепак, не е целосно убиен. Тие тревки, непритиснати од тежината на асфалтот, непогребани под него, како под гробен камен, ми се чинеа како херои кои го предизвикале монструмот, наречен „прогрес“.

asphalt 2660513 640
meblo trejd mialnici

Кога среќавам луѓе, што во овој свет, лажлив и развратен, зачувале чистота на душата и вера, се сеќавам на тие никулци, што го пробија цврстиот панцир на асфалтот. Зашто сиот начин на современото живеење потсетува на план од сесветски размери: како да се усмрти и уништи духот на човекот – внатрешното око, насочено кон вечноста, како да се прикова човекот кон земјата, како робијаш на галија. Како поминува животот на еден човек?

Неговиот ум е зафатен со неприкинати одлуки за насушните потреби, него дури и не можеме да го споредиме со мравката работник, тој побргу е пешак, што се нашол во недостик на време. Човекот нема на што да се потпре. Почвата на која стои тој, постојано му се лизга под нозете. Ако може душевната состојба на еден човек да се изрази со еден збор, тој збор ќе биде „тревога“ – постојано беспокојство што ја поткопува и разјадува силата на душата, како киселината металот. Преживувањето е – приспособување, а приспособувањето – е уподобување (изедначување), затоа пред христијанинот секогаш стои избор: или да се приспособи кон лагата и жестокоста на овој свет, т.е. да игра човек, а да не биде тоа, или да стапи во борба со светот, да стане против железниот валјак, кој урива сѐ на патот. Веќе дрвните мислители кажаа дека вистинската филозофија е – наука за смртта. Христијаснтвото е – живот, што се стекнува со тоа што светот го нарекува смрт, – со самоодрекување. Христијанството е религија на срцето. Христос рекол дека чистите по срце ќе го видат Бога. Светот, како заводник и насилник, се стреми да ја обечести душата на секој човек, употребувајќи поткуп во вид на наслада, или принудувајќи ја со психички терор. Во Апокалипсата постои лик на жена што раѓа дете и пишти од болка (види: Откр. 12, 1-2). Според толкувањата на Светите Отци, тоа е Црквата, која во мака ја раѓа човечката душа за вечниот живот. Но дозволено е да се направи уште една споредба: тоа е душата на христијанинот, која го чува духот, како свое незаштитено дете; таа треба да изврши подвиг, што се граничи со мачеништво, за да го сочива духот од гревовите и соблазните, што можат да го умртват.

Многумина од нас искуствено го осетиле тоа гаснење на духот. Човекот пребива во молитва, во неговото срце се населува малку спокој, тој ја чувствува духовната радост, но ете, се задржал со умот на една нечиста мисла – и сѐ пропаѓа. Како да се угаснала светлината во неговата душа; мрак, пустош и студ ја исполнуваат. Човечкиот дух е нежен како цветче. Од грубиот допир со страста тој се повелкува во себе, како што цветчето ги собира своите ливчиња, и само после покајание духот оживува. А овој свет станал сличен на порој нечистотија, кој, се чини само што не го заплиснал и не го потопил целото човештво. Таа нечистотија се обидува да влезе во секој дом. Каде и да фрли човек поглед – ако погледне улична реклама, ако вклучи телевизор, ако отвори весник – секаде го среќава една иста смрдлива нечистотија, како демонот да му зборува на човекот: јас сум тука, нема каде да бегаш од мене. Душата на човекот обично се адаптира на атмосферата во која дише, тој престанува да чувствува одвратсност кон таа нечистотија и ја прима како нешто нормално и природно. Тука се случува умртвување на духот. Човекот стои во храмот, но неговиот дух е парализиран. Тој не чувствува духовна радост, нејзе ја смениле други душевни емоции, други преживувања, религијата станала за него нешто надворешно. Кога човекот не чува духовна чистота, кога не принесува вистинско и длабоко покајание, тогаш тој стои во храмот како со затворени очи, не гледајќи го вистинскиот, духовниот храм и она што во него се сличува.

Религијата пред сѐ, е дело на волјата, особено во денешно време. Затоа христијанинот не треба да го прави она што го сака неговиот противник, а противникот, демонот, сака да го лиши од неговиот внатрешен живот, да го лиши од богоопштење (та, каде се среќава Господ во човекот? – во срцето), сака да го одвлече умот од непрестајната внатрешна молитва. Во страсната состојба може да се живее со надворешен живот на христијанин, да се прават добри дела, вклулувајќи дела на милосрдие, да им се укажува помош на оние што имаат потреба од тоа, да се кажуваат проповеди, дури и да се градат храмови, но без жестока борба со страстите, без подготвеноста да се умре, а да не се биде осквернет од тој насилник – светот – е невозможно главното – мистиката на христијанството, како стекнување на благодатта и внатрешно гледање на Бога.

АРХИМАНДРИТ РАФАИЛ КАРЕЛИН

Во наше време е тешко човек да се спаси, тешко е да се слушне тивкиот глас на духот во метежот на овој свет, но сепак, христијанскиот живот е возможен. Ако го сочуваме своето срце од непријателите, што го напаѓаат преку надворешните чувства: видот и слухот, ќе ја видиме тајната на храмот, во која присуствува духовен мир, и небесната убавина на Православието, а сведоштвото за тоа се оние слабечки стебленца трева, што се пробиле низ асфалтот.

Превод: Сестринство на Слепченскиот манастир

jk tunis
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

„Скокнав од работ на совеста и нурнав во вртлогот на забрзаниот крвоток“ – денот на поезијата го одбележуваме со стиховите на Силвана Нешковска

На Светскиот ден на поезијата беше промовирана збирката поезија „Првата половина“ од…