teatar nasl

Зар постои конкретна дефиниција за театар?

Театарот го има на секаде помеѓу нас, ние сите постојано играме театар. Нашиот живот се заснова врз влез во една и излез од друга лага. Лага која е претворена во фиктивна реалност и лага со која се манипулира до бескрај.

Во ова време очајно ни треба театар, временска машина која ќе не транпортира во која и да посакаме година, ќе не стави во чевлите на други луѓе. Таа временска машина – тој театар, има длабоко влијание врз нашите животи. Сè додека му дозволуваме на детето во нас да си игра и сè додека го негуваме раскажувањето на приказни и транформативната моќ на сцена, сè дотогаш ќе постои театарот. И како што рекол и самиот Шекспир, никогаш да не заборавиме дека „Целиот свет е сцена, а сите мажи и жени се само играчи“.

Звучи возбудливо да чекаш да се телепортираш во друг свет и кога конечно се приближува тој момент – кога рефлекторите се палат, кога се креваат кулисите и кога бегаме од реалноста. Тогаш, ги спуштаме мобилните и потполно се изолираме од нашиот свет, тогаш започнува онаа меѓувзаемна љубов и онаа меѓувзаена енергија која што се пресликува на сцената. Во тој момент сите ние живееме туѓи живот, имаме туѓи карактеристики, поинакви гестикулации. А крајот е тој кој е поткрепен со илјадници задоволни луѓе кои го негуваат детето во нив и доаѓаат да уживаат во магијата на мигот.

Замислете го целиот процес на реализација на еден драмски текст, тоа мора да изгледа „чудно“ и тоа мора да потекнува од некој сон или да биде инспирирано од нечија животна приказна. Потоа зборовите што некој ги пишувал на бел лист хартија добиваат своја суштина и оживуваат на сцена, токму поради театарот.

На овој Светски ден на театарот, размислувам за длабокото влијание што театарот го имал врз општеството низ историјата, врз сите потиснувања на светските драматурзи на кои им било забрането творење, а нивните дела и после сите ризици останаа основа без која не поминал ниту еден актер. Од античките грчки трагедии до шекспировите драми, театарот отсекогаш бил огледало што ја одразува суштината на човештвото.

На светскиот ден на театарот најголем аплауз и акцент ставам на детските театри кои што почнале да творат сакајќи да избегаат од оваа сурова реалност и да ги оживеат веќе напишаните зборови. На децата кои од мали нозе го засакале, и на сите актери и актерки, на сите режисери и драматурзи, и на сите вам кои што дозволувате да бидеме некој друг на момент. Нека ни е честит светскиот ден на театарот!

Свети Трифун – празник на лозарите и благослов за бериќетна година
Светиот маченик Трифун – заштитникот на лозарите и празнувањето во Македонија Светиот …
Полека умира оној кој не ги следи своите соништа…
Лесно умира тој што не патува, оној кој не чита, оној кој …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…

Македонскиот идентитет во 21-ви век: Што значи да се биде Македонец?

Да бидеш Македонец денес, не значи да припагаш на географска територија именувана…