freedom 4782870 1280

Оваа, 2017 година е шармантна на еден посебно таинствен начин. Настаните се случуваат насилно, набрзина и се куси. Убавите мигови едвај се препознаваат, веројатно затоа што доаѓаат со некој не толку свеж мирис, ко да биле оставени да чекаат, некоја нафталинска арома, а помалку убавите мигови доаѓаат вообичаено, во прекрасна форма, со расипана содржина.

Пред одредено време запознав една млада девојка, многу млада и прилично несреќна.  Имав потреба малку да се оттргнам од вообичаеното секојдневие, веројатно затоа што подолго време го имав запоставено хобито да запознавам нови луѓе и простори. Некако станав асоцијален човек. Така, налетав на неа.

Јас сум човек што не може долго да биде посветен на една работа и да живее на исто место.  Таа девојка не беше  како мене, таа како да ја љубеше комфорната зона на животот, наликуваше на млада домаќинка од овие простори покрај тоа што имаше ваков менталитет, имаше и таков надворешен изглед, нејзиното тело имаше ширина и крупни црти. Како бабушките во руските сказни.

Одамна помина времето кога сакав да бидам пред времето. По последната душевна погибија што ја доживеав, одлучив дека луѓето околу мене ако не ми носат радост, нема потреба да ги доживувам како несреќници, ами да се обидам да ги оддалечам од себе или да ги чувствувам ко дрворед.

Таа девојка беше полу радост, полу дрворед.

Не ја сакав нејзината наметливост, изборот на зборови во речениците што ги говореше,нејзиното голо потпрашување, проѕирна љубопитност, наметнатите размислувања … дури на моменти ме иритираа. Но, ја сакав нејзината борбеност, нејзината борбеност беше чесна, ѝ бликаше од дамарите на душата, за неа млитавоста беше казна, од друга страна во неа наѕирав голема желба за промена на нејзиното незнаење во знаење,  но ја ништеше нејзиниот карактер на инаетливост и дива непостојаност до крајности. Таа девојка за кус временски период ме научи на принудена вербална трпеливост, но и ме мотивира во разговорите што ги водев да поставувам потпрашања, ми се чини дотогаш во разговорите со соговорниците наликував на не толку заинтересиран соговорник.

Таа девојка се бараше себеси во овој никогаш недоеволуиран свет. Исто ко и јас, само никогаш не го засакав светов, за разлика од неа.

Претплатете се за новости

You May Also Like

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…