zenska perspektiva nas

Тамара Панова и Ангела Шапарданова своето средно образование го завршија во СОУ Гимназија „Јосип Броз – Тито“ – Битола, веројатно долго ќе се говори за нивната заедничка матурска  ликовна изложба поставена во училишната библиотека – двете, иако доаѓаат од иста насока, уметничката, сепак, нормално е да имаат  различен темперамент и пристап во ликовната уметност.

Ликовниот уметник и професор по Ликовна уметност во Гимназијата – Александар Поповски за изложбата вели: „Тамара Панова и Ангела Шапарданова изложија дела со различна тематика и сензибилитет, мудро нарекубајќи ја изложбата „Женска перспектива“. Делата на Т.Панова ја имаат жената како субјект. Обработена во стил кој потсетува на наивно сликарство, таа низ радосна призма отсликува ситуации и емотивни моменти на жената. Шапарданова е, од друга страна, фасцинирана со архитектонското богатство на Битола. Таа, строго архитектонски, со осврт на детали, ги поставува како мотив постоечките (и непостоечките) архитектонски дела кои емотивно се приврзале за неа. Воздржана во колорит, јасна во пораката, иновативна во решенијата“.

„Одбрав да правам изложба од повеќе причини. Прво, самата помисла на правење сопствена изложба ми изгледаше моќно и возбудливо. За прв пат се осмелив да направам ваков чекор. Понатаму, правење на изложба не е едноставна работа. Лично за мене претставуваше голем предизвик. Сакав да ги тестирам своите можности, своите способности и да дознаам кон каде треба да се насочам и на што да обрнам поголемо внимание. Оваа изложба за мене претставуваше еден вид ментален тест. Чувствував притисок од желбата да ги направам делата да бидат совршени, да доловат приказна, да наведат на размислување. Затоа особено внимавав на ликовите, светлината и позадините, односно на целата композиција. Со тек на време сфатив дека не постои перфекција во делата, но и во самиот лик на жената. Тоа и беше причината поради која ја избрав оваа тема.

Жената во секојдневниот живот е изложена на секакви искушенија. Едно од нив е стремежот да се биде совршена, но се разбира тоа не е возможно. Мое мислење е дека секоја жена е убава на свој начин и дека со својот карактер допринесува во својот сјај. Ова беше мотивот, а мојата инспирација се сите жени присутни во мојот живот. Во секое дело има некој елемент што ми оставил впечаток од некоја пријателка или блиска личност, без разлика дали преку физичка убавина или преку некоја карактерна особина. Најмногу размислував за првата слика како да изгледа, додека пак останатите дела се надоврзуваа едно на друго“ – вели за Тамара Панова за Читај бе.

„Како мало дете најважни ми беа боенките, платното и приборот за цртање. Уметноста отсекогаш ми била форма на изразување со која преку различни медиуми комуницираме и ги изнесуваме нашите чувствата, идеи и искуства. Способност да гледаме поинаку на нештата и да ја сфатиме суштината на разликите и уникатните аспекти. Честопати внимавајќи на надворешноста на нашите опкружувања се наоѓаме во заблуди околу нивната внатрешност. Примамени сме од објективноста на нашите очи кои не секогаш гледаат на малите субјекти скриени позади архитектонските решенија. Каква и да е внатрешноста на самите објекти, првото нешто на кое се фокусираме е надворешноста и според неа вреднуваме се.

За мене уметноста, погледот преку објектив и архитектонските решенија се најзначајните изразни форми на креативноста и нивното влијание постојано се чувствува насекаде во нашите животи. Затоа отсекогаш сум била склона кон надворешниот дизајн и архитектура, бидејќи многу битен аспект е начинот на кој ќе се претстават самите градби, објективно градејќи го нивниот скелет, во кој подоцна ќе лежат сите субјекции. Важно ми е како иден архитект да се потрудам самата внатрешност да ја прикажам преку надворешноста, соединувајќи ги сите материјали и целиот труд како и моите идеи, за реализација на една градба која совршено ќе го претставува она што се крие позади неа.

Пораснав во овај град, шетајќи низ улиците, од стално фокусирајќи се само на градбите кои се наоѓаат околу мене, погледнувајќи нагоре и замалку сопнувајќи се поради моето воодушевување на сите богати детали од битолските градби се здобив со инспирацијата за оваа изложба. Сакав да прикажам неколку аспекти од сите периоди на светската архитектура која е застапена во нашиот град, како и несебично претставувајќи ги нашите најубави градби, староградските куќи од неколку ќошиња и агли во старата битолска чаршија, најпознатиот Широк Сокак како и градбите кои повеќе ги нема“ – вели Ангела Шапарданова за Читај бе.

Продолжуваат успесите на меѓународни Еразмус проекти во Основното училиште „Даме Груев“ -Битола
Основното  училиште „Даме Груев“ Битола  е препознатливо по низа Еразмус проекти поврзани …
Децата кои се физички активни имаат поголема самодоверба и се подобри ученици
Современото родителство претставува вистински предизвик. Родителите сѐ помалку можат да им влијаат …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…