hese herman

…Колку повеќе стареев, толку помалку бев исполнет со малите задоволства што ми ги нуди животот и толку појасно разбирав каде да ги барам вистинските извори на радост и смисла.

Научив дека да се биде сакан не значи ништо и дека сакањето е сè, дека способноста да чувствуваме е она што му дава вредност и убавина на нашето постоење. Каде и да се појави на земјата она што може да се нарече среќа, беше исткаено од емоции.

Парите не се ништо, моќта е ништо. Многумина ги имаат и двете, а сепак се несреќни. Убавината не е ништо, сум видел убави мажи и убави жени кои биле несреќни и покрај нивната убавина. Ниту, пак, здравјето е сè; секој е здрав кој така се чувствува; имаше болни луѓе полни со волја за живот до самиот крај на животот, а имаше и здрави луѓе кои венеа измачувани од стравот од патење.

Но, среќата беше секогаш онаму каде што некој знаеше да сака и живееше за своите чувства; ако ги негуваше, ако не ги газеше и потиснуваше, тие му носеа задоволство. Убавината не му носи радост на оној кој ја поседува, туку на оној кој знае да ја сака и да и се восхитува.

Има различни чувства, но тоа е само изглед, во суштина сите се – едно. А волјата, на пример, е една од нив. Но за мене тоа е и љубов. Среќата е љубов, само љубов. Среќен е оној кој умее да сака.

Љубовта ја движи нашата душа, таа го наоѓа своето битие и својот живот во неа. Затоа, среќен е само оној кој умее да сака. Но, сакањето и посакувањето не се исто. Љубовта е желба која станала мудра; љубовта не сака да поседува, таа сака само да сака. Затоа беше среќен филозоф кој во мислите ја негуваше љубовта кон светот и на тој начин секогаш учеше нешто ново. Но, јас не бев филозоф…

Херман Хесе, германски писател, поет и сликар, добитник на Нобеловата награда за книжевност во 1946 година.

Oд книгата „Среќен е тој што знае да сака“

JK Travel
Како функционираат емоционалните манипулатори
Веројатно сте навикнати да слушате за емоционална манипулација. Знаете како функционира и …
Како правилно да си ги поставите и да ги постигнете целите
Ако сакате да бидете успешни во животот и да го добиете она …

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…