острог

Тропар на Свети Василиј Острошки

Глас 4

Од младоста целиот си се предал на Господа,

престојувајќи во молитви, трудови и постење, оче богоносен;

на своето стадо си му бил образец на добродетелта, заради тоа,

Бог откако ја виде твојата добра волја, те постави пастир на својата Црква и добар архиереј,

и по твоето претставување го зачува твоето свето тело негнилежно, светителу Василие;

затоа, имајќи смелост, моли го Христа Бога да се спасат нашите души.

344499847 131053513301883 1234226302221669821 n

Родум од Попово Село во Херцеговина, од родители прости, но благочестиви. Од малечок беше исполнет со љубов кон Божјата Црква, а кога порасна отиде во требињскиот манастир Успение на Пресвета Богородица и прими монашки чин. Набрзо се прочу со својот сериозен и редок подвижнички живот, зашто себеси си налагаше подвиг врз подвиг, сè потежок и потежок. Подоцна го посветија за епископ Захумски и скендериски, против неговата волја. Како архијереј, прво живееше во манастирот Тврдош и оттаму како добар пастир го утврдуваше своето стадо во православната вера, чувајќи го од турската свирепост и од латинското лукавство. Кога непријателите многу го притеснија, а Турците го разорија Тврдош, се пресели во Острог, каде што строго се подвизуваше, оградувајќи го своето стадо со непрестајни молитви. Се упокои мирно во Господ во 16 век. Неговите мошти останаа цели и исцелителни, нераспадливи и чудотворни до денешен ден. Чудата на гробот на свети Василиј се безбројни. Кон неговите мошти притекнуваат и христијаните и муслиманите и наоѓаат исцеленија во најтешките маки и болести. Секоја година на Педесетница во Острог се случува голем народен собир.

architecture 3263330 1280

…Неуморен во своите подвизи на молитва и пост, физички труд и работа, како и грижејќи се за материјалните и духовни добра за својата паства, светителот се приближил кон крајот на својот земен живот. Се упокоил мирно, без болки предавајќи ја својата душа на Господа на 29 април 1671 година. Во часот на неговото претставување пред Бога, неговата келија заблескала со нежеобична и надземна светлост. Од карпата покрај која се упокоил израснала винова лоза, иако во карпата немало ниту малку земја. Неговото тело било погребено под храмот посветен на светото Воведение на Мајката Божја.

344242035 187577243782208 7183639747301139191 n

Народот започнал да доаѓа да се поклонува и моли на неговиот гроб, и започнале да се случуваат многу чуда. По некое време, светителот се јавил на сон на некој свештеник, и му рекол да го отвори неговиот гроб. Овој не го послушал, па затоа уште неколку пати свети Василиј му се јавувал на сон. Откако почувствувал дека треба да оди во Острог и да го стори тоа, свештеникот се упатил кон Острог; откако се дале на пост, после седмиот ден го отвориле гробот, и го виделе неговото нетрулежно тело, жолто како восок од кое излегувало благопријатна миризба на босилек. Телото било пренесено во самата црква, каде што се наоѓа и денес.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…