На 9 октомври се одбележува споменот на Свети Јован Богослов, апостол и евангелист. Апостол Свети Јован е еден од дванаесетте апостоли на Исус Христос, а за него се вели дека е еден од најсаканите Христови апостоли. Тој беше единствениот, со Богородица, кој остана под крстот на распнатиот Господ, не оставајќи го, ветувајќи му дека ќе ја заштити Богородица и ќе и служи до нејзиното успение.
Споменот на овој „син на молњата“ се слави на денот на неговото упокојување, 9 октомври (26 септември ст.ст.). Поради тоа што секоја година од гробот на свети апостол и евангелист Јован излегувал мек прав, кој верните го собирале, и од него се случиле голем број на излекувања, Црквата го слави и споменот на овие чуда на свети Јован Богослов на 21 мај (8 мај ст. ст.). Поради посведочениот огнен и жртвен идеал на Христијанската љубов, овој апостол е наречен „Апостол на љубовта“, а поради неискажаните височини на неговата богословска мисла доделен му е орелот како иконографски символ на неговата теологија во која се откриваат Божјите тајни. Воедно, тој е и првиот богослов на Православната Црква.
Според Библијата, кога Јован наполнил повеќе од сто години, наредил на своите ученици да му ископаат гроб во вид на крст. Потоа тој влегол жив во гробот и бил погребан. Кога подоцна неговите верници го отвориле неговиот гроб, не го пронашле телото во гробот.
Неговото евангелие е напишано за прогонувањето на христијаните. Тој во христијанскиот народ се трудел да ја утврди вербата кон Исус Христос. Творец е на “Откровението“.
Негов симбол е орелот. Заштитник е на писателите, издавачите, сликарите, теолозите. Неговото име се чествува на 26 септември /9 октомври. Споменот на овој голем апостол и евангелист се празнува на 26 септември/9 октомври, денот на неговото упокојување, а на 8 мај/21 мај се споменува чудото пројавено на неговиот гроб. Имено, на тој ден од неговиот гроб се шири чудесен и како што верниците наведуваат, лековит прав, кој го земале и со него ги исцелувале своите маки и разни болести.
Син на рибарот Заведеј и на Саломија, ќерка на праведниот Јосиф. Повикан од Господ Исус, Јован веднаш го остави татка си и мрежите рибарски и заедно со својот брат Јаков тргна по Христа. И оттогаш повеќе не се одвојуваше од својот Господ до самиот крај. Со Петар и Јаков присуствуваше при воскреснувањето на Јаировата ќерка и на Перображението на Господ на Тавор. На Тајната Вечера ја положи главата на градите Исусови. Кога сите други го оставија распнатиот Господ, Јован заедно со Богородица остана под Крстот. На заповед од Господ тој потоа ? беше како син на Пресветата Дева и грижливо ? служеше и Ја чуваше с ? до Нејзиното успение. По успението на Пресвета Богородица Свети Јован отиде заедно со својот ученик Прохор да го проповеда Евангелието во Мала Азија. Најмногу се бавеше и дејствуваше во Ефес. Со својата вдахновена проповед и со своето чудотворство мнозина ги обрати во христијанството и од темел го расколеба незнабоштвото. Огорчени, незнабожците го врзаа и го пратија во Рим кај царот Дометијан. Пред царот беше мачен и биен, но бидејќи не му наштети ни најлутиот отров што му го дадоа да го испие, ни зовриеното масло во коешто го фрлија, царот се исплаши и сметајќи го за бесмртен го испрати на прогонство на островот Патмос. На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ. Кога потоа учениците му го отворија гробот, не го најдоа неговото тело, но секоја година на 8 мај од гробот исходеше некој ситен прав, миризлив и лековит. По долгиот многутруден и многуплоден живот на земјата, овој возљубен ученик на Христос и столб на Црквата, се пресели во бесмртната и мирна радост на својот Господ.