3

Женското ментално здравје се менува додека жената се обидува да стане мајка, во текот на деветте месеци додека плодот  се развива во нејзината утроба, за време на  чинот на раѓањето, односно мигот кога жената официјално станува мајка, но и во текот на целиот живот кога таа се носи со таа улога. Во сите овие периоди жената, а со тоа и нејзиното севкупно здравје, поминува низ фази кои значат преживување, прифаќање, борбеност, промена…

Повеќе не е табу тема да се говори гласно за постпородилната депресија кај жените кои станале мајки, а таа се манифестира на неколку начини.

mental health 3285625 1280

Доколку имате каков било здравствен  проблем со  физички предиспозиции, претпоставувам се консултирате со соодветен лекар: ортопед, уролог, гинеколог, стоматолог, интернист…ако ве боли душата, се борите со мрачни мисли, не гледате светло на крајот од тунелот, ништо не ве боли, а сепак чувствувате болка, околината ве смета за разгалена личност, мисли дека претерувате и ви препишува бапски совети – можеби треба да закажете топол разговор со психолог. И запаметете, ова е важно, луѓето кои посетуваат психолог – не се луди, често се случува да се трујат со медикаментоза поради луѓе на кои навистина им е потребна психолошка поддршка. Ова не го велам јас – туку искуствата на психолозите.

Денес ширум светот се одбележува Денот на менталното здравје, за таа цел во продолжение едно опуштено интервју без персирање и медицински параван со лиценциран психолог, магистер по клиничка и советодавна психологија и специјалист акушерка Елена Кузмановска која е дел од тимот на разговор.мк и дел од колективот на Гимназијата „Јосип Броз –Тито“ – Битола како стручен соработник – психолог.

Кузмановска 1

Читај бе: Женско ментално здравје, во што се разликува од машко ментално здравје?

-И мажите и жените поминуваат низ различни животни периоди и кризи. Во светот, а посебно кај нас на Балканот постои такво верување дека жената е понежна, а мажот посилен. Па, од тука и идејата дека жената е таа која „смее “да искаже чувства и да е поемоционална, а мажот не смее-што е сосема погрешно. Заради ова, жените и почесто се консултираат со психолог, додека мажите се нешто повоздржани.

Читај бе: Благодарение на пандемијата, психотерапијата во Македонија полека, но сигурно не е табу тема, кој е централниот проблем на македонската жена кога се говори за ментално здравје?

-Да, навистина за време на пандемијата се случи еден пресврт во психологијата и психотерапијата која благодарение на интернетот, стана полесно достапна за секого.  Сите ние како луѓе, дури бевме во карантин, имавме време подлабоко да се преиспитаме и анализираме себе си и нашата најблиска околина. Паралелно со тоа, стравот кој во нас го всади пандемијата, сооченоста со неизвесност и смрт во скоро секое семејство доведе до тоа да увидиме кој навистина ни е близок, кој се грижи за нас и за кого се грижиме ние. Ќе истакнам дека жените кои беа бремени и станаа мајки за време на пандемијата беа под уште поголем психолошки притисок. Многу млади мајки пројавија депресивни симптоми во бременост (антенатална депресија), постродилна депресија или анксиозност. Постојано е во пораст и проблемот со семејното насилство.

Кузмановска

Читај бе: Некои жени веднаш ги здогледуваат двете црвени линии на тестот за бременост, некои треба да се истрајни и следува еден процес од бременост, па породување, контакт со оформениот плод. Што сѐ трпи женското тело, ако се земе предвид  дека хормоните се како рингишпил?

-За жал, бременоста не секогаш се случува токму тогаш кога партнерите сакаат. Таа не се случува и не се реализира по пишано правило . Истото важи и за постродилниот период, секоја жена го поминува различно. Некои жени побрзо успеваат да се поврзат со новороденчето, а на некои им треба период за тоа. И тоа е сосема нормално, затоа што тогаш ни се случува една нова животна улога, за која од никој не сме „обучени”. На рекламите за пелени гледаме насмеани мајки,  на модната писта манекенки со совршено тело, иако се породиле пред месец дена, на социјалните мрежи слики од новопечени мајки на кои домовите им блескаат – и лесно доаѓа до појава на фрустрација кај секоја од нас. Зошто не можам да ги намалам килограмите што ги добив во бременоста, зошто ми се плаче иако го имам најубавото бебе на светот, како може на  комшивката секогаш да ѝ е средено дома, а кај мене не???  Сето ова е плод на општеството  во кое живееме и во кој секој може да ја едитира сликата до бескрај. Секој има слобода да постира или изјавува што било, ама колку и дали тоа е точно? Да станеш мајка и да „мајкуваш” е различно. Постојат обуки за трудници од кои повеќето се насочени кон физичкиот дел од раѓањето и нега на новороденчето, а ретко кој се занимава со психолошкиот дел од бременоста, раѓањето и секојдневието после тоа. Јас ја практикувам оваа психолошка обука за бремени жени и нови мајки, а морам да напоменам дека ми е многу драго што и некои од партнерите изразуваат желба да бидат вклучени во истата.

woman 565127 1920

Читај бе: Постпородилна депресија, што е тоа одблиску?

За првпат поимот го употребила Vivien Wlburn(1980г.) за да го опише добиеното депресивно растројство кое се јавило кај жените во текот на првата година после породувањето. Во поново време се користи за да се опише непсихотично растројство на расположение кај новите мајки. Се јавува кај 10-15 од 100 жени кои се породиле една година претходно. Во зависност од тежината на симптомите, мајката може да има потешкотии при вршењето на секојдневните обврски, како и околу пружањето на соодветна нега кон бебето, кон себе и кон семејството воопшто. Мајката притоа се чувствува вознемирена или виновна поради тоа што се чувствува на овој начин. Може да се случи на секоја жена, не по нејзина вина. Се смета дека се јавува заради наглиот пад на естрогенот после породување, а со тоа и на падот на серотонинот, кој е одговорен за доброто расположение. Но, може да се јави и заради претходна траума, или родилна траума.

-Битно е да се знае дека полесна форма од постродилната депресија е бебешки блуз кој се јавува кај скоро 80% од мајките меѓу 3-5 дена после породувањето, но трае доста пократко. Симптомите се плачливост, раздразливост, осцилации во расположението.

-Најтешка форма на постродилна психичко нарушување е постродилна психоза, која се јавува многу поретко но, е исклучиво сериозна состојба кога мајката го губи допирот со реалноста, нарушен е мисловниот процес, се јавуваат бизарни мисли. Оваа состојба бара ургентно лекување, најчесто со хоспитализација.

depression 6773286 1280

Читај бе: Како се манифестира постпородилната депресија?

– Симптомите се изразен замор, напнатост, загриженост, депресивно обоени мисли, несоница, негативни и самообвинувачки мисли кон себе или кон бебето…

Читај бе: Како може да помогне партнерот и блиското семејство?

-Партнерот, најблиското семејство и пријателите се тимот за поддршка на секоја една жена. Тие се луѓето на кои може и треба да се потпре во овој период кој претставува една тивка бура…Жени, не мислете дека ако побарате поддршка или малку време за себе дека не сте добри мајки, напротив, кога мајката е среќна и бебето ја чувствува таа енергија.

disorder 4073570 1280

Читај бе: Дали може да се спречи или пак ако се случи да не остави трајни последици врз жената?

-Со практикување на добра ментална хигиена, и со искрен разговор со партнерот може да се превенира но, колку побрзо се препознаат симптомите од мајката или од блиските, побрзо е и закрепнувањето. Важно е да се побара стручна помош навреме.

Читај бе: Медицински помогнатото оплодување е партнерска одисеја за добивање за деца, колку и како може да се дојде  до потребна психолошка поддршка?

– Да, меѓу другото знае да биде и игра на трпение. Надежта постојано флуктуира кај партнерите. Испитувања, лекарства, контроли, голем емоционален влог секој месец одново и одново. Паровите зачестено ја бараат ваквата консултација затоа што ова патешествие е исцрпувачко за нив, и физички и психички. Најважно е да се одржи мотивацијата кај парот, да се почувствуваат разбрани и поддржани. Важно е партнерите слободно да имаат  каде  го искажат својот очај и тага од битката која понекогаш знае да потрае. Особено сум среќна кога некој од овие парови ќе ме израдува со убава вест.

meblo trejd trimer
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…