dejan nasoku

Што го прави поетот  – поет или пак философот – философ? Веројатно начинот на кој го доживува светот и доживеаното успева да го објасни.

Нечесно е да се толкува поезијата, ако не се почувствува, макар еден нејзин стих, збор.

Ако треба да се објасни поезијата наједноставно – таа е катаразата која ја доживува секој човек кој си дозволува во животот да расте колку и да има социјални и субјективни барикади. Кога човек одлучува да ги надмине – тој расти, до моментот кога ќе почне да му се восхитува на ѕвезденото небо ко Кант … па ќе почне да го спушта во поетска метрика.

Дејан Нашоку неколку години пишува поезија на англиски јазик https://medium.com/@dejannashoku. Неодамна почна со пишување на поезија и на македонски јазик. Пишувањето, кое покрај тоа што е уметност, за него претставува и еден вид на терапија. Вели: „Морам да пишувам, бидејќи често имам инспирација од многу различни места, како филмови и серии, музика, лични искуства, па дури и еден обичен збор знае да ме инспирира да напишам нешто ново“. Со Читај бе ја сподели поемата:

Корени

Занесен од сонувања на дни недонесени
отворам очи полни со ѕвезди,
низ песната на едноличните штурци
зборот како тајна во мене ѕвони.

Во овој сончев систем,
во оваа рамноденица,
оганот како змија од чадот витка сенка
меѓу две возбудени шуми.

Со глас што се моли за далечни бои
низ тапкањето на заборавот и рамнодушноста,
барам смисла во се она што е длабоко,
во природните елементи,
низ распоредот на ѕвездите.

Како светови што се пресекуваат
и крварат
и преливаат еден во друг,
некој копнеж в душа гордо гори,
се под власт тишината зема,
длабоките корени историја исповедаат.

Тревата под моите нозе низ танц опишува
претскажување за мојата смрт,
за војни, за катаклизми,
за таа крвава апокалипса.

Боли сфаќањето на вечноста,
сам, но не и осамен
низ овој приказ на она што сум,
ѕвер и дух,
бел мрак и црна светлина.

Дрвата и голите разнишани гранки
опишуваат сон на љубов,
на омраза, на болен копнеж,
на страст и желба,
сон во кој и тврдиот камен ќе се опие.

Таму во далечината коњи трчаат со развеани гриви,
од друга страна, волци завиваат со духовни сили,
а јас бавно се откорнувам со сета вековна немоќ
низ оваа вулгарна претстава на надмоќ.

Мислите разголени треперат,
во секоја пора од телото
по зрно од нејзината суштина,
именувана и доживеана,
потполно инстинктивно,
ги спознавам дивите корени
на моето постоење.

Оваа симфонија на природата
мојот дух и инстинкт ги плени,
завива и воскреснува,
прашувајќи се што направив
да ја заслужам оваа чест.

Битолски каратисти одат на Балканско
На Државното првенство за деца (У12 и У14) во ката и кумите, …
Колку повеќе им угодувате на луѓето, толку повеќе ве прават будала – 5 совети од психолозите
Угодувањето на другите за да се избегне конфликт или да се добие …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Четири книги кои ќе ви помогнат за личен развој

,,The magic of thinking big” – ,,Магијата на големото размислување” од Дejвид…

Јазикот е душата на народот – Марија Недановска Пискачева за 5 Мај, Денот на македонскиот јазик

Автор: Марија Недановска Пискачева, наставник по македонски јазик На денешен ден, 5…

Ајри Демировски ја напиша омилената песна на Миљан Миљаниќ

Има ли некој кој ја нема слушнато песната „Битола, мој роден крај“…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…