pere

Во новото издание на „Нешто конкретно” разговараме за тоа што значи титулата во денешно време, ако порано се знаело што значи да се биде татко, столб на семејството, ако се знаело дека кога тато одмара не смее да се писне дома, дека тато не чисти по дома и оти како ќе каже тато така мора да биде, дали денеска правилата останале исти или сепак нешто се сменило?

На гости ни дојдоа млади и некои помлади татковци кои што ќе зборуваат за своите искуства како такви, а тоа се Никола Перевски Пере, Кристијан Станковски Бомбакис, Иван Јованов и Филип Пешевски.

nesto konkretno pere

Кога еден татко ќе добие женско дете го викаат уметник, а кога ќе добие машко дете е мајстор, ние ги имаме и двете врсти на татковци. Филип Пешевски за себе ќе каже дека е веле-мајстор затоа што син има, а за еден месец ја чека и ќеркичката.

На Пере му се паднало цел живот да работи за улошки, тој има четири прекрасни девојчиња и зборува дека енергијата што ја добива од сите нив е фантастична. Како најубави моменти од својот живот тој ги опиша моментите на доаѓањето на неговите деца на овој свет.

bombakiks karton

Бомбакис се уште се нема навикнато дека е татко, тој е тазе во оваа улога и вели дека ќе се навикне на тоа само кога ќе ја слушне ќеркичката да му рече тато. Ќерката ја крстил Бисера по истоимената песна по негова желба, неговата тогашна девојка, сега сопруга, била свесна дека нема отстапување за името.

Иван Јованов е благодарен што неговата желба првото дете да биде женско му се оствари, таа се вика Ниа, а пејачот најави дека ќе оди на три деца.

Ќе прашаме и кога било полесно да си татко, сега или во минатото, кога татковите создавале поуспешни генерации и дали ако е „жена, мајка, кралица” може да биде и „мажи, татковци и кралеви”.

*Читај бе е медиумски партнер на емисијата  Нешто конкретно

jk travel pobaraj ponuda
Бранко Ѓуриќ – Ѓура премиерно доаѓа со неговата ,,Ѓурологија” и во БИТОЛА
Задоволство ни е да ви најавиме дека, по повод 10 години од …
Емоционално јадење – барање утеха во храната
Во денешно време, дебелината е многу чест проблем. Бројот на заболени од …
meblo trejd

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

(ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…