Синоќа пред голем број гости и учесници свечено беше отворено 41-вото издание на Меѓународната детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” и 40-тата светска детска ликовна изложба „Битола 2О22″ која оваа година е јубилејна. Не изостана и традиционалниот огномет.

На гостите и учесниците пред платото на Националната детска ликовна галерија Монмартр им се обратија Претседателката на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј Битола“, Елена Хаџи-Антоновска која е ќерка на основачот на колонијата, светски признаениот ликовен педагог Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2O21 ], додека колонијата и изложбата за отворени ги прогласи градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски кој во име на градот домаќин ги додели и наградите за 16 училишта од 14 држави кои се учесници на годинешното издание на Малиот Битолски Монмартр. Присуствуваше и најмалиот учесник, тримесечното бебе на педагогот учесник од Албанија.

Пред преполното плато беа доделени и специјалните награди кои се пропишани согласно Статутот на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола додека годинешната највисока награда Гран При беше примена од раководителот на ликовното студио Вејсел Аџар од Трабзон – Република Турција.

монмартр 92
монмартр 109

Хаџи-Антоновска и Коњановски им посакаа на учесниците креативна работа во следните 7 дена во кои се предвидени патувања во битолското село Буково и Охрид како и ден кога дел од учесниците ќе цртаат староградска архитектура во Генералниот Конзулат на Република Грција во Битола.

Славчо Неделковски во улога на организатор на работни активности и односи со јавноста на МБМ, а во име не Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола пред самиот крај на вчерашната програма од свеченото отворање ги истакна трите новитети. Имено, членовите на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола една година по смртта на Коста Хаџи-Антоновски ја избраа Елена Хаџи-Антоновска за свој нов Претседател како најдостојна да ја продолжи визијата и мисијата на својот татко.

монмартр 42

Беше прочитана и Одлуката на членовите иницијалите на ликовниот педагог Коста Хаџи-Антоновски да станат составен дел од сите официјални материјали на Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола како што се нивниот амблем – логотип – знаме и заштитен знак и се тоа со цел оддавање на почит достојна на човек и пред се педагог каков што беше Хаџи-Антоновски.

На свеченото отворање вечерва беше присутна и ликовната екипа од училиште во Украина, која и покрај војната допатува во Битола, а ја сочинуваат ликовен педагог и двајца ученици.

Воедно беше најавено дека Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола во соработка со Пошти во текот на неделата ќе ја промовираат и Поштенската марка која е изработена специјално за Малиот Битолски Монмартр.

Колонијата традиционално трае од 23-ти до 3О-ти мај. На истата за наградата Учество во конкуренција беа 45О школи од над 4О држави од цел свет од кои беа пратени над 22.5ОО цртежи од 22.ООО деца – ликовни уметници.

Битола по 2 години пауза поради пандемијата со коронавирусот повторно низ Широк Сокак и битолските улици ќе ги има оваа година 85-те деца – амбасадори на своите земји кои традиционално ќе сликаат архитектура.

Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски

Претплатете се за новости

You May Also Like

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…