Во своите 16 години работа како воспитувач во ЈОУДГ „ Мајски Цвет “ Битола, дипломираниот учител и воспитувач, Татјана Грегова поминала низ секакви моменти за паметење. Трудот кој го вложува за воспитување на децата, но и љубовта која им ја пружа, беa крунисанi со признанието Просветен работник на годината за учебната 2021/2022 година во категоријата воспитувач од предучилишно воспитување.

312592338 604040214738006 2300477578911697630 n

Татјана вели дека во оваа  професија секојдневно има три различни улоги кои се многу битни: за децата таа е учител кој знае сè, учи сè, другарка за игра и втора мајка која ќе разбере сè и ќе  им помогне во тешките моменти.

Поразговаравме со Татјана за да ни открие како се чувствува после добивањето на ова признание, како и поминува денот со децата, како се справува со непријатните моменти, но и да ни раскаже неколку анегдоти.

312348359 543448514257401 1098682528156410549 n

Читај бе: Татјана, прогласена си за просветен работник во предучилишно образование  за изминатата учебна година. Што значи ова признание за тебе?

Татјана: Ова признание  и плакета се наградата за професијата просветен работник –  воспитувач. За мене признанието е  доказ дека љубовта и посветеноста кон професијата – работата со деца и вложување во  личен и професионален развој,  умее да се цени и вреднува во Македонија, а за мене  ќе биде  еден голем мотив за понатамошно континуирано усовршување следејќи ги  новите научни достигнувања на педагошките науки, користејќи ги и најдобрите практики за учење и поучување и следејќи ги  иновативните технологии.

310158411 1309677659841721 8798345907427787354 n

Читај бе:  Колку години работиш во градинка?

Татјана: Во градинката сум вработена  16 години.

312467850 649280620199456 6364287995281072066 n

3. Што претставува работата со деца за тебе?

Татјана: Работата со деца е привилегија. Воспитувач не е само професија! Воспитувач е титула!  Можам најодговорно да кажам дека во  ниту една друга професија  нема толкава количина на љубов, смеа, забава и искреност во текот на работниот ден, а  и по работниот ден.

Работејќи во градинка,  секој ден се изненадувам колку сите деца се различни, интересни на свој начин, духовити и изненадувачки паметни и интелигентни, кои со своето размислување, заклучоци и постапки ме предизвикаат не само  мене, туку и кој било возрасен  бидејќи секое дете е уникатно на свој начин, секое од нив е  талентиран уметник и љубопитен набљудувач.

 Во работата со деца има голема одговорност за која е потребно многу љубов,  големо трпение, издржливост , толеранција, имагинација, креативност. Воспитувајќи ги децата, учам со нив, секој ден се трудам да ги негувам најдобрите човечки квалитети во себе.

312378173 507317594575381 4161462805456428127 n

Читај бе: Каков треба да биде пристапот на воспитувачите кон децата? Што е она на што треба особено да се обрне внимание?

Татјана: Пристапот на  воспитувачите кон децата уште од првата средба  треба да води кон градење на здрава емоционална врска. Детето  треба да  почувствува дека пред него се наоѓа личност која е  подготвена да возврати  со многу љубов на неговите емоции, да одговори на неговата насмевка со насмевка, да го погали и да го прегрне кога тоа ќе посака и побара.

Воспитувачот треба да му овозможи на детето тоа  да  почувствува дека личноста што е пред него е тука само за него /неа, дека му значи, дека го почитува и цени, дека се радува на неговите успеси и верува во него/неа  и дека секогаш е тука за  да му помогне на детето.

312210345 1400741490453678 8887651390913092720 n

Читај бе:  Што е најбитно за некој да биде воспитувач за предучилишна возраст бидејќи се работи за мали деца кои тогаш ги оформуваат своите навики?

Татјана: Воспитувачите имаат можност и привилегија да работат со   најчистите, најискрените суштества на целата планета и имаат задача е да им го дадат најдоброто од себе – манири, воспитување, особини, навики, желби и соништа. 

Во оваа  професија секојдневно имам  три различни улоги  кои се многу битни  : за децата јас сум учител кој знае сè, учи сè, другарка за игра и втора мајка која ќе разбере сè и ќе  им помогне во тешките моменти.

Се трудам да бидам пријателка со децата, да го дадам мојот пристап кон сите, да ја разберам индивидуалноста на секого, не само да им дадам нови знаења за животот, туку и да  ги поттикнам да негуваат  позитивен став кон светот околу нас и  себе.

307282059 4784757311626732 4893371235273529926 n

Читај бе: Какви техники и методи користиш? Треба ли постојано читање, пронаоѓање нови активности, покрај следењето на програмата?

Татјана: За да се задоволи љубопитноста на современото дете, да му се помогне да научи за светот околу него потребни се разновидни знаења.

Постојано одам напред, во потрага по нови форми и методи на работа со деца, во потрага по нешто интересно и корисно согласно Програмата за рано учење и развој.

Се трудам да го испланирам денот за децата така што тие ќе немаат време да им биде досадно.

308480365 1109888376397455 3982651966733077094 n

За да ја претворам мојата работа  во возбудлив креативен процес и да ги заинтересирам децата, се трудам играта  да е главниот метод, метод  кој го користам како лидер во мојата работа.

Користам различни насоки и форми во мојата работа:

Секојдневно применувам вежби утрински вежби за раздвижување и зајакнување на мускулатурата, вежби за дишење и фокусирање на умот, слушање разновидна  музика, користам хумор, смислувам загатки, организирам момент на изненадување, танцување,  но и ги мотивирам децата со уметнички и позитивен говор.

Играме игри со кои  комуницираме, создаваме, развиваме уметнички способности и комуникациски вештини. Играме игри со размислување, анализирање, истражување,  а со тоа развиваме интелектуално-когнитивно-говорни способности.

312636983 477034127736651 7396162441701561900 n

Читај бе: Може ли да ни откриеш некој момент од досегашната твоја работа кој ти останал во сеќавање?

Татјана: Ако мислите на моменти со децата  можам да кажам дека секој ден, секој момент во градинка е посебен и вреден за паметење. Од многу моменти, многу анегдотски приказни. Секоја генерација различна и специфична на свој уникатен начин. Од секоја генерација  ги помниме само убавите моменти, а неубавите да ги фрлиме во заборав.

*момент на искреност кога на едно момче Ј.Н  не му се допадна бојата на мојата  нова боја за коса така што неколку пати во текот на неговиот престој во градинка ме советуваше да си ја  префарбам  косата  бидејќи  поубава ми била претходната боја на коса

*момент кога момчето И.В ги советува децата во групата кои не се мирни во моментот укажувајќи им: „Бидете мирни и слушајте ја учителката“, „Учителката е закон, а законот мора да се почитува“

Од професионалната работа како посебно важен  момент можам да ја издвојам  обуката за Програмата за Социјална кохезија и културен дијалог  која многу придонесе за мој личен и професионален и кариерен развој.

312132094 3627625974118416 158453607699347397 n

Читај бе: Како се справувате со малку потешките моменти, на пример кога на некое дете му е потребно повеќе време да се прилагоди на новата средина?

Татјана: Благодарение на Програмата за Социјална кохезија и културен дијалог  која од 2019 година се применува во сите предучилишни установи во Македонија јас и моите колешки /колеги научивме многу  стратегии и алатки, техники и методи  за поттикнување на социо-емоционалниот развој на децата од предучилишна возраст.   

Секое дете е нежна пупка од различен – посебен цвет, кој за да се развие треба да му се помогне.

Секој нов почеток во нова средина не е  баш пријатен за возрасни, а да не зборуваме за мали деца. На секое дете  на кое му е потешко да се прилагоди  во новата средина треба да му се зборува со  позитивен емоционален говор, да се гледа  во детски  очите, да се слуша кога  детето зборува, да се држи  цврсто неговата дланка, само на овој начин детето ќе ја почувствува   топлината на вашето   срце, ќе се почувствува сакано и безбедно и пријатно во новата средина.

meblo trejd cesmi во боја
Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали му е полесно
Секој пат кога некој ќе ве повреди, прашајте го дали сега му …
Не ја судете книгата по корицата – во човечката библиотека во Данска можете да позајмите личност наместо книга
Човечката библиотека, основана пред дваесетина години во Данска, им овозможува на луѓето …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…