Димитар Петковски е фотограф од Битола кој често можевме да го видиме на бројни спортски настани, но и на многу други културни и музички манифестации. Најмногу го знаеме преку неговиот Јутјуб канал, каде често ни ја пренесува атмосферата од најважните спортски настани за Македонија. Особено беа актуелни неговите видеа од натпреварите на фудбалската репрезентација на Македонија во Палермо и Порто. Димитар веќе извесен период заедно со својата сопруга Љубица, која работи во Црвениот крст на Германија, живеат во Бон, Германија. За среќа, Димитар продолжи со својата пасија и таму, да го работи она што го сака. Иако вели, тешко е, бидејќи статусот на фотографите во Германија е многу висок, зашто не може секој да земе апарат и да стане фотограф таму. Летово се вратија со сопругата во Битола за убав повод – нивната свадба, па поразговаравме со него за фотографирањето, за убавиот Бон, но и за привикнувањето на животот во Германија.

dimitar

Читај бе: Димитар, најнапред, колку време се занимаваш со фотографија и кога го зеде прв пат фотоапаратот в рака?

Димитар: Околу една деценија сум по спортските терени, без разлика дали се фудбалски, ракометни, кошаркарски, но и на манифестации и настани од различен карактер. Фотографијата ја засакав преку една баба Марија која ми покажуваше слики од стара Битола. Бев фасциниран колку се стари, а сепак добри и убави сликите и потоа зедов да сликам/фотографирам. Тогаш се изнајмуваа фотоапарати од Ќурчиевци пред поштата, купуваш филм, сликаш и потоа се враќаш, ги развиваш и гледаш до каде си со фотографијата. Но со развивањето на модерната технологија и новите дигитални апарати, моментот е поинаков, сега може веднаш да ја увидиш грешката, па пресликуваш.

Читај бе: Често ни ги пренесуваш атмосферите на нашите репрезентации преку фотографии или видеа…

Димитар: Тоа што бев на Европското првенство за мене е голема чест и доблест, што како фотограф (посебно дека од Битола) спортски бев на тоа големо натпреварување, прво за нас како поголем настан во фудбал благодарение на Фудбалската Федерација на Македонија. Го пренесувам сето тоа преку нашиот најстар весник во Битола, Битолски Весник, но и преку другите спортски медиуми, како и преку мојот јутуб канал кој ми е како хоби (Dimitar Juventus). Мислам дека им беше одлично доловено на сите спортски и фудбалски љубители што точно се случуваше во Букурешт, но и во Амстердам, потоа и големата победа над големата Италија, актуелниот европски првак во Палермо, како и мечот со Португалија во Порто.

meblo trejd mialnici

Мислам дека ако не беше корона кризата во Букурешт ќе се случеше најголемото гостување на Македонци на спортски настан или воопшто фудбалски. Според тамошни новинарски информации имаше над 15.000 илјади кои успеаја да бидат присутни на мечевите во Букурешт, додека низ градот беше сé обоено во црвено-жолто и се пееше и играше секој ден низ стариот град на Букурешт каде што беше и фан зоната и загревањето пред мечевите за сите наши фанови кои допатуваа во Романија.

dimitar 11

Инаку да кажам дека Љубица, мојата сопруга сметам дека е амајлија на Македонија. На мечот во Дуизбург и во Палермо беше присутна на трибините и им донесе победа на Македонија. Во Португалија поради работните обврски не можеше да дојде и за жал изгубивме и не се пласиравме на Светското Првенство во Катар.

dimitar 3
dimitar 8

Читај бе: Од неодамна живееш во Бон, Германија. И таму продолжи како фотограф-фриленсер. За овој период додека си таму, може ли да ни кажеш, каков е статусот на фотографите во Германија спореден со овде? Може ли секој да биде фотограф таму?

Димитар: Мојата почетна точка во Германија е натпреварот токму со Германија во Дуизбург на кој фудбалерите на Македонија го поразија великанот и фудбалскиот џин, германската фудбалска селекција. На тој меч бев само јас од македонските фотографи и воопшто новинари, затоа што поради короната беше забрането да се гостува, па така стадионот беше празен освен за домашните новинари и фотографи на германската селекција. Таму се запознав со повеќе колеги и од таму започнува мојата нова приказна за работа како фотограф во Германија. Статусот на колегите во Германија е доста висок и доста ценет тие си имаат монопол и не така лесно ја даваат работата, а исто така и професијата. На прашањето дали може секој да биде фотограф – да, може, но за свои лични потреби, но не како работа – фотограф или во превод, ако направиме паралела со Македонија – нема споредба, затоа што кај нас секој е тоа што ќе посака и така се претставува, за разлика од Германија каде влегуваш низ филтер преку асоцијацијата на фотографи и за брзо време тие имаат мислење и знаат со кој имаат работа, каде и како можат да те препорачаат.

dimitar 2

Читај бе: Иако живееш во Бон, постојано си во движење, работно. Патуваш често низ Германија, а неколку пати и во други земји. Раскажи ни нешто за тие работни патувања, што фотографираше?

Димитар: Движењето и патувањето ми е секојдневие, веќе сонувам или авиони или возови. Но во голема земја како Германија тоа мора да е така, затоа што за разлика од кај нас кога натпреварите на репрезентацијата на Македонија се во Скопје и единственото и подолго патување беше тоа, овде се е на дистанца од неколку стотини километри, но некогаш и многу подалеку.

Читај бе: Малку за животот во Германија. Како се навикнавте со сопругата на тамошниот начин на живот? Дали лесно се вклопивте? Имаше ли нешто што ви беше тешко да го надминете?

Димитар: Мене искрено ми се допаѓа затоа што имаат убава клима, не е многу топло ни ладно како и уреденоста на земјата. Посебно Германците се прецизни и концизни, имам впечаток дека сите кои се претставуваат како Германци, а имаат друго потекло (странците или доселениците со германски пасоши – ауслендерите) претежно може да ти прават кочници по институции или во општеството. Јас имам одлично искуство со Германците, посебно колегите и сум добро прифатен. Сопругата која е медицинска сестра и работи во Црвен Крст на Германија, беше таму сама во првата година, потоа во екот на короната одев и си доаѓав се додека не добив виза, затоа што и таму имаше ред нови правила и рестрикции. Но сега е сé на свое место и се надеваме тоа глобално зло со короната нема да се повтори пак, затоа што најпрво сопругата беше тука во првите борбени редови на болницата во Битола и во првата група на интернисти кои работеа како засилување во инфективното одделение.

dimitar 5

И знам добро како и што се случуваше, како во Битола така и во Германија каде што продолжи со својата работа исто во корона бранот. Германците за разлика од нас тука, многу посериозно го сфатија и до пред некоја недела можеше да се забележи како по улици или маркетите носат сé уште маски жителите.

Читај бе:  Дали ви недостига животот во Битола?

Димитар: Битола како мој роден град, посебно ја сакам и ја промовирам секаде каде што одам низ Европа, посебно сега во Германија. На пример, за католички Божиќ иако не си се запознал сé уште со новите комшии, имаат традиција да ти го честитаат Божиќ иако ти не го славиш и оставаат пораки со благо претежно бомбони или чоколада. Затоа пак за нашиот Велигден, нашиот најголем христијански празник, ние им возвраќаме со фарбано јајце, честитка брендирана со моја слика и автентичен поклон привезок или магнет од Битола или Македонија, за да се сеќаваат од каде им се комшиите.  

dimitar 4

Читај бе: Живеете во Бон, град кој навистина вреди да се прошета и има огромна историја во него како поранешен главен град на Германија. Познат е и како градот во кој се родил Бетовен. Што е она што нуди Бон како град?

Димитар: Да токму така живееме во Бон, екс главен град на Германија и сé уште важен центар од политички до културен и секаков аспект. Најпрво бевме во околината на Келн/Бон, но нашите добри пријатели и другари Македонци кои живееа во моменталното наше живеалиште, се преселија и ние го презедовме од нив станот. Германците се особено претпазливи кога се работи за издавање на станови и куќи. Ги примаат сите само ако се Украинци, инаку од сите други бараат посебно од Балканците и Македонците, не викаат жители од 3-тите земји ни бараат покрај кој што работи туку и дали сте пушачи, имате домашен миленик и слични работи, затоа што веројатно поучени од претходните искуства, имале секакви ситуации и моменти.

Според мене Бон е еден преубав град на реката Рајна и градот на славниот композитор Лудвиг ван Бетовен. Има огромна статуа од него во центарот на градот пред главната пошта. Бон не може да се прошета според мене не за 1 ден туку ви е потребна минимум една недела затоа што изобилува со паркови, музеи, кралски палати, универзитети, замоци, опера, театар и многу интересни градби и спомен обележја. До овој момент им бев домаќин на повеќе наши кои живеат и работат во Германија или биле поради нивни работни обврски, но дошле во Бон да ги прошетам и да се видиме, од индивидуалци до спортски и културни работници. Баш летово ми се најавени двајца спортисти кои ќе ме посетат во Бон, а јас ќе им бидам домаќин, едниот е од фудбалот, а  другиот од ракометот. Исто така Ана и Игор Дурловски имаа настапи во Келн во Операта, па дојдоа во Бон да се видиме и ја посетивме спомен куќата на Бетовен. Многу е подруг моментот кога ние Македонците ќе се сретнеме во странство или општо битолчаните. Исто така и со Балканците од сите земји кога ќе се запознаеш и најдеш, си се сметаме за наши посебно во Германија имам чуство како за нас Балканците да не постои вера и нација, сите сме исто и под исто знаме настапуваме кон другите, било Германци, било други народи и тоа е многу добро кога сме обединети.

meblo trejd lajsni
10.000 евра и 100% стипендија за Бреинстер НЕКСТ факултетот за Дамјан Давков, победникот на најголемиот математички натпревар UltiMATH
По два дена исполнети со многу возбуда, знаење и натпреварувачки дух, Македонија …
Реалниот христијанин денеска е личност којашто е често непочитувана, исмејувана, прогонета
Човекот кој има реална љубов во него за луѓето околу него – …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…