Давор Неќак е битолчанец кој своите успеси ги реди во Хрватска, после завршувањето на средното музичко училиште во Битола, најнапред како студент на Музичката академија во Загреб каде дипломира годинава во мај, а сега и како член на солистичко-оперскиот ансамбл при Хрватскиот народен театар во Риека. На 4 август, тој имаше концерт во Офицерскиот дом во Битола каде неговиот баритон следен од Горјана Стојановска на пијано, ја воодушевија публиката која беше присутна. Поразговаравме со него за почетоците, за животот во Хрватска, за оперското пеење и одрекувањата кои ги носи оваа професија.

298723321 2000372570162623 5544379466077056461 n

Читај бе: Давор, најнапред кажи ни за твоите почетоци. Како музиката стана дел од твојот живот?

Давор: Музиката била отсекогаш дел од мојот живот, роден сум во музичка фамилија. На шест години се запишав во нижо музичко училиште отсек – клавир, се до средното музичко образование каде се определувам за оперско пеење.

298470002 784893595872043 2775188253827603543 n
meblo trejd alati2

Читај бе: Што беше пресудно да се ориентираш кон оперското пеење? Кој беше моментот кога сфати дека го имаш тоа во себе?

Давор: Напоредно со музиката ме привлекуваше и глумата. Пресуден е моментот кога сфатив дека оперскиот пејач во една опера е исто лик како и во драмата, па така тој треба да глуми и пее истовремено, таа комбинација многу ми се допадна. А што се однесува до тоа кога сфатив дека „го имам тоа во себе” – отсекогаш сум пеел и имитирал оперски пејачи како мал, но не пред други луѓе. Кога го положив приемниот испит во средно, сфатив дека треба да бидам сигурен во својот талент.

298136668 5329773067058331 2794279587918734559 n

Читај бе: Заврши средно музичко училиште во Битола, а своето академско музичко образование го продолжи на Музичката академија во Загреб. Зошто токму Хрватска беше твојот избор?

Давор:  Хрватска беше првенствено избор поради менторот Влатка Оршаниќ, каде студирав пет години, но и заради самиот квалитет на академијата и нивото на оперските куќи и културата во Хрватска.

Читај бе:  Во мај оваа година дипломираше и тоа со „Кармина Бурана“ од Карл Орф. Настап за кој се пишуваше во хрватските медиуми, за големата оперска иднина во Хрватска која произлегува токму од музичката академија во Загреб. Какви беа подготовките, но и реакциите после настапот?

Давор: „Кармина Бурана” е најтешкото дело што сум го изведувал досега за мојот глас – баритон. Подготовките беа долги и стрпливо анализирани, а критиките беа одлични, сите беа изненадени какво високо ниво постави академска изведба, со млади уметници на тоа грандиозно дело.

298415322 562550768940392 2642856903720677364 n

Читај бе: Јуни оваа година стана член на солистичко-оперскиот ансамбл при Хрватскиот народен театар во Риека. Што значи тоа за тебе, од професионален аспект?

Давор: За секој млад уметник, а особено оперски пејач голема е сатисфакцијата веднаш после завршувањето на академијата да биде повикан во солистички ансамбл. Ми беа понудени прекрасни улоги кои не можев да ги одбијам. Голема е честа да се биде дел од Риечката национална опера во Хрватска.

297957617 387971463463888 6807871679979604886 n

Читај бе: Колку Хрватска како земја посветува внимание на оперските пејачи, оперските ансамбли?

Давор: Хрватска има голема култура на театар, опера и балет. Во последните 5 години „политиката” на оперските куќи се движи во насока да ги задржи младите таленти во своите оперски продукции и да им даде шанса да се развиваат во својата земја.

298691342 1042615273091555 7389435610695739170 n

Читај бе: Што е она што еден оперски пејач, баритон, мора да го почитува кога се работи за начин на живот. Има ли одрекувања?

Давор: Ние сме еден вид на спортисти, мораме да бидеме константно во пејачка форма, на пример, да не пиеме ладни пијалоци пред битни настапи, спиењето е многу битен фактор, да внимаваме на нашиот изглед.. Секој нов настап е нов почеток, нема „стара слава” во оваа професија – како и кај врвните спортисти. Така што, одржувањето на умерен живот е најдобриот рецепт и одрекување.

Читај бе: Каков е животот во Хрватска?

Давор: Животот во Хрватска е доста сличен како во Македонија, ми се допаѓа тоа што народот е топол, едуциран, опуштен, но и сплотен. Хрватска е прекрасна земја со едни од најубавите градови на Јадранот.

Читај бе: Она што е се уште актуелно, е концертот на 4 август во Битола, на кој заедно со Горјана Стојановска ја воодушевивте битолската публика која беше присутна во Офицерскиот дом. Како е да се настапува дома и во една од најакустичните сали пошироко?

297842411 2260527737440395 6667764928782899457 n

Давор: Концертот во Битола беше еден од најубавите настапи во мојата досегашна концертна кариера. Публиката беше многу заинтересирана, и емотивно ни возврати на она што јас и Горјана и го дадовме неа. Офицерскиот дом е совршена сала за таков тип на концерт. Тоа е сала која може да биде на големо име на Балканот, во Европа. Што се однесува на прашањето како е да се настапува дома – убаво е кога во публиката ќе видете толку познати лица. Убаво беше чувството да ги размените емоциите низ целиот концерт и да добиеме искрен аплауз во родниот град.

    Како времето влијае на спиењето и одморот
    Промените во температурата, воздушниот притисок, влажноста на воздухот и врнежите влијаат врз …
    Совети за детоксикација на Вашиот живот
    Вашата околина е еден од најважните фактори за вашите хормони, како и …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…