Во Стара битолска чаршија фали душа, фали хортикултурно разубавање, како што е на Широк Сокак. Да се стават цвеќиња на мостовите, на вторите катови од дуќаните, предлага Павлина Василевска, чиј дедо бил терзија во Старата битолска чаршија, а таа е трета генерација од своето семејство која ја продолжува традицијата да се работи, но и да се сака чаршијата.

viber image 2022 06 08 09 47 49 052

Таа вели дека духот на чаршијата од времето на дедо ѝ па досега е променет. Преку фан страната Стара битолска чаршија се обидува да ја пренесе нејзината историја, сегашноста, убавината, но и сé она што е актуелно во моментов. Таа вели дека треба да се актуелизира чаршијата како место кое е идеално за одржување на културни настани и манифестации и да се исјористи нејзиниот уникатен амбиент.

Читај бе: Павлина, како дел од Старата битолска чаршија, што е она што ѝ недостасува според тебе за да живне уште повеќе?

Павлина: Да се усогласи работното време на чаршијата, на пример да биде двократно  како на времето, да се знаат пазарни денови, тогаш би знаеле потрошувачите дека „работи” и ќе слезат или пак ќе поминат низ чаршија. Ќе имаат и кафе и мезе, прошетка и пазарање-шопинг.

viber image 2022 06 07 20 44 32 380

Читај бе: Колку дуќанџиите се вложуваат дуќаните да им изгледаат уредени и да придонесат за комплетниот изглед?

Павлина: Покрај старите дуќани имаме и реновирани убаво уредени во модерен стил, но според мене фали малку повеќе душа, да има повеќе хортикултурно уредување, на пример цвеќиња на вторите катови. Исто така можат и мостовите покрај реката да бидат цветно убаво уредени. Но, сепак имаме и дуќанџии кои се грижат, кој пред дуќаните, кој на прозорците, но сепак, мислам дека можеме повеќе. Не знам дали тука треба да се вклучи и комуналното претпријатие како Широк Сокак што го уредуваат.

Читај бе: Колку во чаршијата останале навиките од старите дуќанџии, колку се пренесува духот на конзулска Битола?

Павлина: Ако бидам критична, гледајќи го времето кога дедо ми го имаше дуќанот како терзија-занаетчија и јас како трета генерација по ред, има голема разлика, пред сé во еснафлукот и поразлични навики и седенки што сметам дека тоа е како лоша одлика. Дали е тоа резултат на намалена работа, фрекфенцијата на потрошувачи или пак е некое ново време со нови навики на дружење.

viber image 2022 06 07 20 44 23 583

Читај бе: Според тебе, што треба да се направи?

Павлина: Најпрво секој да тргнеме од себе и да работиме на заживување и верба дека не така замрена, сметам дека сé си има некој период. Затоа тргнавме и со маркетинг на Фан страната Стара битолска чаршија ширејќи позитивна енергија, враќање кон историјата и значењето на чаршијата, што е ново во неа како и промоција на занаети и на бизниси, убави фотографии. Можам да кажам дека сме задоволи од следеноста и интересот за Чаршијата, има некоја убава, позитивна емоција.

viber image 2022 06 07 20 44 16 145

Читај бе: Како да се привлечат повеќе туристи да доаѓаат во Старата битолска чаршија?

Павлина: За чаршијата не треба да се измисли приказна, таа има историја само треба турустичките  работници да поработат и да почнат да ја раскажуваат. Посебно е  интересна и мистична, имате цркви и џамии во близина како Баш чаршија во Сараево што може да се земе како за пример. Им фали малку заштита на старите фасади и санација, со што тука ќе дојде до поубава севкупната слика, пожива. И да има еднолично уредување, угостителските објекти да се уредат на тој начин, за има по автентичен изглед – чаршиски, пример како етно ресторани.

    meblo trejd raboti

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Битола незаслужено го изгуби својот сјај и статус во регионов – одблиску со Силвана Петрова-Насух

    Нејзиниот глас одѕвонува во документарни филмови, на културни и музички манифестации. Едноставно,…