Денеска, во малата сала при Центарот за култура Битола се одржа прес конференција за најновата премиера на НУ Народен театар – Битола „My name is Medeja” во режија на Себастијан Хорват која е закажана за 28.09.2022г. на сцената на Н.У. Народен театар – Битола во 20 часот.

Себастијан Хорват е еден од најплодните режисери во Словенија и пошироко, а кој во моментот работи во Н.У. Народен театар – Битола на претставата “MY NAME IS MEDEJA”, чија премиера ја очекуваме кон крајот на овој месец. Неговата биографија е огромна и фасцинантна. Добитник е на скоро сите значајни и најголеми награди во Словенија и пошироко.

teatar press

Милан Рамшак Марковиќ (Белград, 1978) е српски сценарист, драматург и сценски изведувач.

Како драматург работел на претстави во Словенија, Србија, Хрватска, Данска, Италија и во Германија. Го напишал сценариото за телевизиската серија „Утрото ќе промени сè“ (Радио и телевизија на Србија, 2019) и „Отворена врата“ (Прва српска телевизија, 2014). Тој е коосновач на институцијата „Мелара“ во Љубљана каде што и живее.

Драго Ивануша е името кое ќе стои запишано зад музиката на нашата најнова премиера која сите ја очекуваме со нетрпение на 28ми овој месец.

Драго Јануша е композитор на филмска и театарска музика, пијанист и хармоникаш. Тој е еден од најактивните словенечки композитори. Од 1991 година до сега, има создадено музика за околу 130 театарски и танцови претстави, 23 филмови, како и бројни самостојни композиции за камерни групи и оркестри. Соработува со едни од најдобрите словенечки режисери и кореографи.

My name is MEDEJA

 Режисер:  Себастијан Хорват

Драматург:  Милан Рамшак Марковиќ

Композитор:  Драго Ивануша

Сценограф:  Валентин Светозарев

Костимограф: Андреј Ѓоргиевски

Светло – мајстор: Игор Мицевски

Тон – мајстор:  Александар Димовски

Играат

Илина Чоревска

Огнен Дранговски

Катерина Аневска – Дранговска

Викторија Степановска – Јанкуловска

Јулијана Мирчевска – Мавровска

Иван Јерчиќ

Здравко Стојмиров

Соња Михајлова

Васко Мавровски

Сандра Грибовска – Илиевска

Анастазија Христовска

Никола Стефанов

Кристијан Танчевски

Инспицијент:  Димитар Михајловски                                            Превод: Оливера Павловиќ

Суфлер:  Мирјана Христовска                 Превод на Германски и консултант: Симона Монавчева                                                 

    За најтешките моменти во животот…
    Еден ангел му се обратил на човекот: – Сакаш да ти го …
    Киселата краставичка – тајниот сојузник за здравје
    Киселата краставичка е традиционален дел од многу македонски трпези, особено во зимскиот …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

    Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

    (ВИДЕО) Солза и смеа со ново комично видео – Трудна

    Комичното шоу „Солза и Смеа“, на задоволство на своите фанови, ја започнува…

    „Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

    Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

    За лицемерното смирение…

    Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…