,,Зошто сакам да сум Исцелител, да го лекувам светот, да се поправи секој дел, да вратам право значење…”

Ова е само дел од мјузиклот „Исцелител“ со кој ќе се одбележи 25-годишнината на Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“. Низ овие години создадени се огромен број перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

Мјузиклот „Исцелител“ е нешто што ги чува вредностите, ги пренесува на младите, за да го разубави светот на возрасните.

За одбележувањето на овој голем јубилеј поразговаравме со Стефанија Милевска Враниќ, која покрај музичката продукција, вокалниот тренинг и кореографијата, ја има и режисерската палка на мјузиклот.

stefanija 5

Читај бе: На 5 октомври Центарот за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“ ќе прослави 25 години со мјузиклот „Исцелител“. Кажете ни нешто повеќе за самиот мјузикл…

Стефанија: По повод 25 години Центар за изведувачки уметности, мода, музика и танц „Анастасија“, на 05.10.2022 година, во 20 часот, во Народен Театар Битола, ќе се одржи мјузиклот „Исцелител“. По тој повод во музичкото студио Welcome to Stefanija’s Music World, се снимија и преработија 10 авторски песни, од вокалната група на центарот Анастасија. Костимографијата за околу 50 учесници ја изработува креаторката Анастасија Зулевска. Музички секвенци создава Владимир Враниќ. Текстовите се од документарни материјали на самите учесници. Режија, музичка продукција, вокален тренинг и кореографија прави Стефанија Милевска Враниќ.

stefanija 1

Мјузиклот „Исцелител“, повикува на будење за заштита на планетата Земја, потсетува дека секој поединец треба да се пронајде себеси, да го прави тоа што навистина го сака и да помага на другите, да работи на личната самосвест и да негува вистински вредности, тогаш тој би бил навистина среќен и би успеал да се излекува себе си. Секој за себе си е „Исцелител“.

stefanija 6

Читај бе: Колку време го подготвувавте мјузиклот и колку ваши членови ќе бидат дел од него?

Стефанија: Процесот на подготовки за мјузиклот трае една година. Процес на работа од почетници до професионалци. Време посветено да се совлада текст, да се научат песни, да се снимат и продуцураат песни, да се спреми кореографија, да се синхронизираат сите групи во едно, да се скројат и сошијат модели за секој учесник. Сè направено со многу љубов. Среќни сме што нашиот труд конечно ќе резултира со дело кое ќе остане за генерации понатаму.

stefanija 2

Во мјузиклот учествуваат околу 50 учесници, деца, млади и возрасни, пејачи и танчери, инструктори, членови на Анастасија Центар. Како дел од настанот ќе бидат вклучени и млади талентирани лица со посебни потреби кои посетуваат редовно часови по пеење, танци и музичка терапија во Анастасија Центар.

stefanija 3

Читај бе: Која беше инспирацијата за овој мјузикл?

Стефанија: Долги години „Анастасија“ прави спој на уметности, мода, музика и танц, со што стана интердисциплинарен центар. Сите овие области ги сплотува мјузиклот. Тоа е можеби најдобирот начин моментално да се изразиме. Нашиот мјузикл е нешто што ги чува вредностите, ги пренесува на младите, за да го разубави светот на возрасните.

stefanija 4

Читај бе: Може ли да ни кажете како Центарот успеа да функционира овие 25 години?

Стефанија: Центарот живее единствено само од љубов, затоа што околностите честопати налагале на тешкотии, пречки и падови. Но Центарот како феникс успева да се издигне над сите искушенија, затоа што единствената храна е среќата на сите кои го посетуваат и креативноста која се создава на тоа место.

Читај бе: По што е препознатлив центарот „Анастасија“?

Стефанија: Во текот на овие 25 години се создадени огромен број на перформанси во кои се остава посебен печат на уникатност и иновативност. Препознатливост по водење на талентирани млади артисти кои имаат слободен израз. Поразличен пристап во работата со деца и млади, инклузијата на лица со попречености, танцово – музичките перформанси, уникатните костими се само дел од процесот на израстување на овој Центар во сериозна платформа за поддршка на младите уметници во Битола и регионот.

Читај бе: Колку им давате можност на талентираните деца во градот?

Стефанија: Центарот со нетрпение ги очекува талентираните деца и млади, затоа што нив им е потребна најголема поддршка. Тие деца се издвојуваат од останатите со својот талент и најчесто имаат судир со средината, со тоа што се бојкотирани, потиснати и игнорирани, наместо поддржани. Тоа најчесто е причината да се откажат од нивната најголема љубов и среќа. Но затоа постоиме ние и неуморно се вложуваме во нивната поткрепа, насока и усовршување.

Читај бе: Она по што сте познати е што во вашиот центар се вклучени и лица со попречености. Колку е лесно или тешко овие лица да се инклузираат? Што значи сето тоа за нив, но и за нивните семејества?

Стефанија: Нашата животна филозофија е дека попреченоста е агол на перцепција. Ние гледаме само со душата, затоа овие лица се чувствуваат како дома. Имаат простор да се изразат себе си, доколку имаат талент во одредена област, да го развиваат, да работат на таа тема, а пред се да се дружат. Социјалниот момент кај нив е најмногу загрозен, заради недоволно информација во средината во која живеат. Кога се прави инклузија, има взаемна размена на информации од двете страни, тие што не биле во допир со овие лица, учат како да се однесуваат со нив, како да им помагаат, а тие учат како да се однесуваат и како да комуницираат полесно со средината.

stefanija 14

Читај бе: И за на крај, може ли да ни кажете каква е состојбата со младите уметницци во градот? Имаат ли простор и желба каде да се искажат?

Стефанија: Во градот има бескраен извор на млади талентирани уметници. Сметаме дека фали нивна поддршка и затоа се уште постоиме и ќе постоиме за да ја подигнуваме уметноста на пиедестал. Амбициозните најчесто заминуваат надвор и ретки се тие кои остануваат да творат и да го пренесат своето знаење во родниот град. Доколку реализираните уметници се вратат назад и ги поттикнат младите уметници да творат, тогаш би се подигнала свеста на повисоко ниво и поддршката од градот би била неизбежна.

Фотографии: Ивона Кочов

    meblo trejd lepila
    Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
    Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
    Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
    Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
    Напишете коментар

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

    Претплатете се за новости

    You May Also Like

    Џуџестиот раст не е недостаток и проблем за да работиш или учиш некоја професија – интервју со 15-годишниот Никола Попчановски од Битола

    15-годишниот Никола Попчановски од Битола е момчето со џуџест раст кое не…

    Семејството ја испиша од факултет, таа се врати и заврши со 9,80 просек – Сонита Фејзовска од Битола руши табуа за жената Ромка

    Никогаш не се откажувајте од својот сон иако не ви дозволуваат да…

    Животниот сон му стана реалност – интервју со битолчанецот Филип Тодоровски, пилот-капетан во Wizz Air

    Битола можеби нема аеродром (патнички), но има КАПЕТАН. Кога нареден пат ќе…

    Патот до успехот на битолчанецот Антонио Гурабиевски – од физиотерапевт во Романија и Македонија до сопствен бизнис во Америка

    Антонио Гурабиевски е 26-годишен битолчанец, кој студенските денови ги помина во Романија…