Потрудете се никогаш да не говорите гласно за доброто кое им го правите на другите. Човечката гордост лесно се препознава и брзо ќе ви биде одземена благодатта – тоа е природно.
Важно е човек да биде искрен и кон себе и кон другите. Има некои работи во животот кои треба да си ги задржиме само за себе. Битно е да трудиме да си го зачуваме душевниот мир и да не се оптеретуваме со тешки, токсични мисли, разговори, луѓе.
Дали некогаш сте биле во ситуација за нешто многу да зборувате и сето тоа да пропадне во вода?
Индиските духовни учители, кинеските философи, шаманите – едногласни се во поглед на некои работи за себе човек не смее да ги открива никому, туку да ги чува како драгоцени тајни. Постојат добри причини за тоа.
Неколку теми кои треба да ги избегнуваме кога разговараме со нашите соработници:
- Долгорочните планови – убаво би било да молчиме за нашите планови додека тие не се остварат. Сите наши идеи не се совршени, имаат доста слаби точки кои се лесна мета за силен удар и да бидат засекогаш уништени.
- Добри дела – ни под разно не смееме да се фалиме доколку на некого му правиме добро дело, на некој неоткриен природен начин ни се одзема цела благодет од таа радост.
- Аскетизам – не смееме да бидеме гласни наоколу за своите ограничувања во исхраната, сексуалноста.Од физичкиот аскетизам имаме корист само кога ни носи корист, ако е во комбинација со нашиот емоционален профил.
- Храброст – секој од нас води некаква борба, нема човек на планетава кој не се бори со нешто. Предизвиците можат да бидат од физичка и духовна потреба. Надворешните борби се видливи, затоа луѓето за нив добиваат награди, но внатречните човекови борби ретко кој ги забележува, па така скоро и никој да не бил награден.
- Семејни проблеми – не е неопходно да ги споделуваме со другите нашите семејни проблеми и општо нашиот приватен живот. Што помалку говориме толку ќе бидеме посилни и стабилни. Најчесто караниците се ослободувaње од негaтивната енергија, која се собрала во процесот на комуникација/некомуникација.
- Озборување – можеме да ги извалкаме чевлите на улица, но можеме да ја извалкаме и нашата свест. Човек, кој се враќа дома и ги прераскажува сите глупости кои ги чул во текот на денот, со ништо не се разликува од човекот кој влегол дома и не си ги слекол валканите чевли.