Управниот одбор на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола согласно одредбите од Статутот во кој се предвидени наградите кои се доделуваат на светската детска ликовна изложба „Битола” на која и претстои 41 издание и светската детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр”, донесе Одлука со која во спомен на истакнатиот академски сликар и ликовен педагог – професор Светлана Вешиќ Ралевиќ [ 196О – 2О22 ] на своето 42 издание во 2023 година се воведува Наградата за најдобар педагошки пристап во работата со младите ликовни уметници во текот на една календарска година и која ќе со носи нејзиното име.
Претседателот на Управниот Одбор на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола Славчо Неделковски изјави:
„ДЛС во својот Статут ги има наведено престижните награди кои со Одлука се доделуваат на активностите кои ги организираат а во спомен и чест на истакнати ликовни уметници а пред се детски ликовни педагози, а познати се наградите „Професор доктор Богомил Карлаварис” која се доделува за Животно дело на ликовен педагог или уметник како и наградата „Коста Хаџи-Антоновски” која се доделува на истакнат ликовен педагог или уметник за придонес во развојот и промоцијата на детското сликарство и едукација на младите ликовни уметници.
Така да сметавме дека на уметник од калибарот на Вешиќ Ралевиќ може да и се оддолжиме за својот животен професионален век само на начин со кој сите идни генерации ќе ја запознаат индиректно за разлика од нас кои ја познававме лично.
Ова воедно е и порака до Марко и Марта [нејзините деца ] кои се и наследници на Светлана на полето на ликовната и модерната уметност и кои ќе ја продолжат нејзината мисија.”
Професор доктор Богомил Карлаварис [ 1924 – 2O1O ] беше прв и долгогодишен Претседател на Меѓународната жири комисија при Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола со која пред 55 години започна и организираната форма на оценка и проценка на детското сликарство и развојот и едукацијата на младите ликовни уметници во рамки на тогашната Сојузна колонија од која произлезе и глобалната заедница.
Идејниот творец и основач на Детско ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола светски реномираниот ликовен педагог и уметник Коста Хаџи-Антоновски [ 1935 – 2021 ] во соработка со Професор доктор Богомил Карлаварис го формираат организираниот процес на реализација на над 3О светски детски ликовни конкурси од кои произлегуваат над 15 светски детски ликовни колонии со што се сметаат за основоположници на светското детско сликарство и едукацијата на младите ликовни талентирани уметници. Хаџи-Антоновски за таа цел го основа светскиот детски ликовен бренд “Мал Битолски Монмартр” по чиј принцип и правила на организација на светски детски ликовен конкурс кој генерира светска детска ликовна изложба а чиј последователен производ е светска детска ликовна колонија. Од “Мал Битолски Монмартр” призлегуваат скоро сите актуелни детски ликовни колонии – конкурси и изложби кои се организираат на глобално ниво.
Академскиот сликар и ликовен педагог – професор Светлана Вешиќ Ралевиќ [ 196О – 2О22 ] со Карлаварис и Хаџи-Антоновски соработувала 4О години од кои последните 3О е постојан член на Меѓународната жири комисија на над 1О светски детски ликовни колонии со своето ликовно ателје “Артино” од Белград – Република Србија освојувајќи ги сите можни награди и признанија од фелата а нејзините ученици остануваат едни од најнаградуваните.
Претседателката на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола – Елена Хаџи-Антоновска по седницата на Управниот Одбор истакна:
„Веднаш откако ја имавме информацијата побарав да се свика Управен Одбор на кој сакавме да и оддадеме признание за се што Светлана направила низ 4О години работа со децата и за децата.
Во консултации со членовите и претседателот формата произлезе самата по себе како Вешиќ Ралевиќ оваа 2О22 година ги доби и двете најголеми награди на 41 издание на „Мал Битолски Монмартр” и 4O издание на конкурсот и изложбата “Битола” како Наградата за животно дело „Професор доктор Богомил Карлаварис” и Наградата за најдобра школа за 2О22 година доделена на нејзиното ателје “Артино” од Белград.
Низ 3О години неколку пати е добитник и на најголемата награда Гран при.Така решено е Наградата за најдобар педагошки пристап “Светлана Вешиќ Ралевиќ” за прв пат ќе биде доделена на 42 издание на “Малиот Битолски Монмартр” откако ќе се сумираат резултатите од предвидените над 3О.ООО детски ликовни дела кои ќе пристигнат на светскиот детски ликовен конкурс и изложба “Битола 2О23” година на кој како е најавено ќе учествуваат рекордни над 6ОО приватни и државни уметничко – ликовни школи од над 55 држави од цел свет.
Официјално наградата ќе стане интегрален дел од Статутот на Детско ликовно студио “Свети Кирил и Методиј” Битола по посетата и во консултации со семејството на Вешиќ Ралевиќ кое е во тага.”