пивара 3

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од Битола, проекти за кои овие млади луѓе се потрудиле и својата визија ја преточиле нацртана на хартија со надеж дека во иднина ќе стане реалност.

Ивана Стојанова е уште една магистрирана битолчанка на Архитектинскиот Факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј”, Скопје, а своите знаења ги истакнува во својот магистерски труд ,,Урбана пивара со јавни содржини за посетители”. Тематското подрачје на магистерскиот труд на Ивана се современите индустриски и стопански капацитети, додека главната и единствената цел е формирање на нов модел на фабрика кој ги следи современите идеи, вклучувајќи хибридизација на различни програми, како што е прозводство на пиво и делот наменет за посетители. Покрај главниот фокус кој го претставува производството, акцент се става и на отворените места за настани, собирање и дегустација на производот, со што би се овозможила социјална интеракција помеѓу корисниците на просторот. Пешачката рампа со зеленило, како континуитет на градскиот парк претставува естетски и важен сегмент на објектот.

пивара

При лоцирање на индустриските објекти во градовите од примарно значење е да се реши проблемот со неговото вклопување во блиската, непосредна или подалечна околина. Постојат повеќе фактори кои ги условуваат меѓусебните односи и ги дефинираат скалите на критериуми како екстерни и интерни за зачувување и заштита на амбиенталните простори и нивните вредности. Индустриските згради кои не секогаш претставувале еколошки свесни објекти, сега се во првите редови на оваа промена. Фабриката почнува да се гледа како издржлива структура низ индустрискиот сектор. Целта е насочена кон хибридизација на различни програми, форми и технологии во еден модел кој ќе понуди нови просторни можности и организации. Ваквите тенденции на модерното време се повеќе се присутни и дозволуваат производството, односно производниот процес да се доближат до самиот корисник кој би се стекнал со знаење и претстава за она што го нуди фабриката.

Изборот на локација е територијата на градот Битола, како град со веќе воспоставена индустриска зона. Опфатот за градење е во јужниот дел на градот и се одликува со доста поволна местоположба.

пивара 2

Плански опфат

Избраната парцела е од трите страни ограничена со улици, од предната страна е ограничена со главна магистрала, патот Е65 кој води кон Грција. Улицата која поминува покрај делот од парцелата, кој гледа кон западната страна е едносмерна улица и води кон населбата Буковски Ливади и с.Бистрица, додека улицата Буковска се протега кон локалитетот Хераклеја.

Според Генералниот урбанистички план (ГУП) за Битола во овај дел од градот преовалдува намена Г – Производство, дистрибуција и сервиси. Делот западно од железничката пруга и магистралниот пат е индустриска зона со историско значење, а  поранешните објекти на оваа локација укажуваат за раната развиена индустрија во градот. На второ место, после индустриската зона, преовледуваат површини со зеленило, спорт и рекреација. Главното место го завзема Градскиот парк, а во јужниот дел се издига ридско – планинското возвишение Тумбе Кафе, како рекреативен дел од градот. Во близина на самата локација е една од најзначајните обележја за градот, а тоа е археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис. Преку разгледување на поширокиот контекст може да се направи анализа на изграденото и неизградено градско ткиво и преку утврдување на постоечките содржини да дојдеме до заклучок за потреба од одредена програмска содржина.

5

Идеен проект – Ситуација

На површина од 2,95 ха, се предвидува изградба на пивара, индустриски објект од лесна

Индустрија. Програмата на објектот ја сочинуваат три различни групации и тоа: производство, административен дел и делот за посетители. Поставени се во еден заеднички објект, но во функционална и обликовна смисла тие претставуваат волумени

сами за себе. Предвидено е, годишно, во овој објект да се произвведува 30 000 хектолитри пиво.

Дијаграм на технолошкиот процес на производство на пиво (од суровина до готов производ)

6
пивара 5
meblo trejd kvaki

Основа на ниво ±0.00

Производството се состои од две целини, едната е погонски дел, каде што се произведува пивото и флашара за пакување на готов производ. Производството на пиво се одвива во делот од објектот ориентиран кон исток. Во приземјето, во овој дел се сместени потребните простории за вработени, а се овозможува и прием и складирање на основни суровини за производство. Главното место го завземаат силосите, варилницата и резервоарите за ферментација, каде што дополнително се јавува платформа преку која се овозможува контрола и набљудување на пивото. Како специфичен сегмент на горниот кат се јавува лабораторијата и едукативниот центар во кој се одржуваат презентации и состаноци при посета на различни групи на луѓе. 

8

Во ходникот, кој води кон едукативниот центар преку застаклените површини од под до плафон може посетителите да се запознаат и да го набљудуваат процесот на варење и ферментација на пивото, додека преку надворешната рампа овозможен е пристап и кон флашарата, со што посетителите се во можност да се запознаат со целокупниот процес на производство. Флашарата го зафаќа западниот дел од приземјето.

пивара 4
10 1

Дополнителни содржини кои се јавуваат тука се големите магацини за полна и празна амбалажа и простор за виљушкари. Централно во оваа зона е поставена флашарата, каде што преку ленти се врши точење и полнење на пиво во шишиња.

Што се однесува до административниот дел, внатрешниот простор е организиран околу атриум, каде што по периферијата се сместени канцелариите за вработени. Атриумот кој се јавува како продор низ волуменот, покрај тоа што внесува природна светлина во ходниците, создава и еден убав внатрешен амбиент, со зелена градина која ја користат вработените за време на пауза.

Делот за посетители зазема посебно место во објектот, со максимално искористување на просторот. Од страната на градскиот парк пристапот е преку пешачка рампа, со која се стигнува до кровната зелена тераса, додека од другата страна овозможен е пристап со автомобили. На самиот влез има продавница и мала кафетерија кои се целосно отворени кон средишно поставениот атриум.  

пивара 3

,,Самото истражување има за цел да ги истакни, истражи и прилагоди индустриските објекти, во случајот пиварата, како делови на новата урбана реалност. Создавање на еден современ индустриски комплекс преку соединување на модерните идеи за начинот на проектирање со јасен индикативен архитектонски израз на хибриден модел ќе овозможи збогатување на градот Битола со една нова содржина, која покрај тоа што ќе понуди готов производ, ќе биде овозможено и индиректно учество на посетителите, преку набљудување на процесот на производство. Целта беше да се продолжи и традицијата на производство на пиво, која во претходните години се одвиваше во Битолската пивара, позиционирана во непосредна близина на планскиот опфат.

Според истражувањата направени за локацијата и одредувањето на нејзините квалитети и важност во урбаниот простор, се утврдува дека избраната локација одговара на барањата за ваков современ модел на фабрика. Крајниот резултат од пиварата има за цел, преку формирањето на поголеми зелени површини, како и дефинирање на пешачка рампа која води до објектот да се вгради на правилен начин во урбаната средина, во која се наоѓа, односно да го продолжи континуитет на Градскиот парк, од едната страна и близината на ридското возвишение Тумбе Кафе, од другата страна. На тој начин би се направила и синтеза на двата генерално гледани спротивни елементи – “индустрија и природа” – вели Ивана Стојанова за Читај бе.

12

Југозападен изглед

13

Југоисточен изглед

14

Подолжен пресек 

jk hurgada
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…