SmartyKids не е само училиште. Го нарекуваат Дизниленд во областа на менталната аритметика. Тоа е метод кој ја развива детската меморија, концентрација и логичкото мислење преку аритметиката наменет за деца од 4 до 12 години. Токму ваков центар за ментална аритметика постои и во Битола. Весна Атанасова, менаџер на SmartyKids – Центар за ментална аритметика во Битола го препозна значењето и успешноста на овој метод и во октомври ја отвори оваа франшиза во Битола. Таа подетално ни објасни како функционира оваа програма, кои се придобивките за децата и како родителите ги прифаќаат овие нови програми.
Читај бе: Половина година во Битола функционира SmartyKids – центарот за ментална аритметика. Се работи за програма која влијае и ги поттикнува творечките способности кај децата. На кој начин согласно програмата се ослободува тој интелектуален потенцијал кај децата?
Весна Атанасова: За разлика од стандардните образовни институции, целта на обуката во центрите SmartyKids не е фокусирана на теоретско проучување на одредени дисциплини. Наместо тоа, секој курс на SmartyKids е создаден со една клучна цел – да помогне во развојот на интелектот на детето.
Зошто SmartyKids е најдобриот избор?
Еве некои од причините:
✔️Ние користиме современи едукативни материјали следејќи ја наставната програма развиена од нашиот меѓународен тим експерти. Некои од нашите материјали нудат интерактивна проширена реалност. Тоа го прави процесот на учење многу поинтересен, повозбудлив и забавен.
✔️ Часовите во центрите SmartyKids се одржуваат во формат на игра кој е многу повозбудлив за децата. Никогаш не им е досадно на часовите бидејќи се вклучени во целиот процес на учење.
✔️ Секој наш учител знае да го заинтригира интересот на детето и да најде заеднички јазик со него.
✔️На нашите часови децата стекнуваат корисни знаења и вештини како тимска работа, лидерство и самодоверба.
Читај бе: Во ова ИТ време, често се забележува расеаност кај децата, неможност да се концентрираат на она што го прават, особено кога се работи за учењето и пишувањето домашни задачи. Дали овој метод и на кој начин придонесува кон надминување на тие состојби или периоди кај децата?
Весна Атанасова: Токму за тоа е наменета табелата Шулте – одлична вежба за меморија и концентрација. Табелите Шулте се сметаат за еден од најефикасните тренери за мозок за подобрување на периферниот вид, вниманието и меморијата. Методот е воспоставен од германскиот психијатар Валтер Шулте и претходно се користел како психодијагностички тест за проучување на ефектите од вниманието. Како симулатор за деца, табелите почнаа да се користат многу подоцна. Во денешно време, табелата најчесто се користи од психолози за различни студии.
Како функционира методот?
Симболите во вашето видно поле се читаат од визуелната меморија истовремено, а не одделно. Ова несомнено придонесува за забрзување на интелектуалниот развој.
Што точно е таблицата на Шулте?
Се состои од 5️⃣х5️⃣ редови и колони, во кои броевите од 1️⃣ до 2️⃣5️⃣ се распоредени по случаен избор. Целта на работата со табелата на Шулте е да се пребара и пронајде секој од броевите, почнувајќи од 1️⃣, во најкус можен рок. Точката на фокус на очите треба да биде во средината на табелата, а лицето треба да го бара и пронајде секој број без да ги оддалечи очите.
Шулте масите може да се користат како забавна активност или игра за слободно време за ученици од сите возрасти. За време на вежбањето се активираат фронталните лобуси на церебралниот кортекс. Несомнено, тоа ќе му овозможи на детето да ја зголеми концентрацијата, процесот на размислување и да го стави својот ум во функционална состојба, да ја развие својата меморија и вештините за брзо одлучување.
Читај бе: Што е она што најмногу го сакаат децата кои доаѓаат во Вашиот центар? Што им е најинтересно?
Весна Атанасова: Часот како целина децата го обожаваат, но посебно им се интересни игрите каде го мериме времето и се натпреваруваат кој побрзо ќе реши и се стремат да го подобрат резултатот од претходниот час. За нив менталното сметање и користење на магија која ни ја даваат главните ликови од нивото кое го изучуваме е интересен предизвик.
Читај бе: Колку родителите се подготвени и сакаат да ги пуштаат децата во вакви едукативни центри за развој на психофизичкиот развој особено кога се знае дека се растргнати меѓу повеќе обврски?
Весна Атанасова: Родителите се повеќе ја разбираат потребата од неформалното образование чија што основна цел е развој, поттикнување на раниот детски развој и се дава предност на програмите кои што нудат игра и забавни активности.
Читај бе: Што би препорачале Вие? Кои се Вашите искуства и сознанија од работата во последните шест месеци? Колку им помогна оваа програма на децата кои доаѓаа во центарот по однос на училиштето?
Весна Атанасова: Препорачувам да се следи развојот на детето и користењето на смарт уредите да се сведи на минумум од најмала возраст за да може постепено да се зголемува користењето на истите за неколку минути како што растат децата. Сè почесто доаѓаат деца кои имаат мал фонд на зборови, не добро оформен говор, со нарушено внимание и концентрација, неразвиена способност за водење комуникација од типот на прашање и одговор.
Да се работи на развој на фината моторика, социјализацијата, да се искористи максимално периодот до 6-7 година, односно предучилишната возраст која е клучна за понатамошниот психофизички развој. Детето ќе биде дете и ако е активирано во воспитно образовниот процес 1-2 дневно и тоа нема да му го одземе детството, но ќе му помогне понатаму за полесно вклопување во образовниот процес.
Од моето искуство знам, верувам и ми се потврдува дека децата кога учат преку игра својот капацитет и потенцијал го развиваат максимално и притоа уживајќи за време на часот.
Со развивањето на меморија, концентрација и внимание, децата ќе научат да ја следат наставата во училиште што пак го олеснува процесот на учење во училиште и дома.
Ако ги научиме нашите деца свесно да бараат начини да се развиваат, да станат подобри во она што го работат, да продолжат да се едуцираат во текот на животот, тие ќе постигнат уште повеќе отколку што сонувале. Секое дете има неограничени можности и може да постигне се што ќе посака доколку не е ограничено во мислите.
Читај бе: На која возраст детето може да започне да посетува часови по ментална аритметика?
Весна Атанасова: Методологијата на настава ментална аритметика е погодна за деца на возраст од 4 до 12 години. Во овој возрасен опсег секоја нова информација побрзо се учи, а стекнатото знаење останува во меморијата на детето долги години.
Како се одвива наставата?
Покрај знаењето, целиме учениците да се забавуваат за време на часовите и да не се заморуваат. За да постигнеме нашите часови да се одржуваат во формат на игра. Децата се викаат Паметни и го запознаваат нашиот авантуристички лик по име „Смарти“ за да се втурнат во возбудлива приказна. Со решавање на загатки децата им помагаат на ликовите од приказната, добиваат награди и учат нови детали од приказната на главниот лик „Смарти“. На часовите секогаш има место за игри, вежби, цртани и танци, за ниту едно дете да не изгуби интерес.
Кои се придобивките од учењето ментална аритметика?
На прв поглед, може да изгледа дека менталната аритметика ја развива вештината само на вербално броење, но тоа не е точно. Ајде да ги погледнеме придобивките од менталната аритметика за децата:
🔸Во почетните фази на часовите по ментална аритметика, детето прави пресметки на абакус со движење на топчињата на краците. Во оваа фаза децата ја користат левата хемисфера на мозокот, што значи дека развиваат логика и способност за анализа на информации.
🔸 На крајот, детето почнува да го визуелизира абакусот во својот ум, тоа е фигуративно размислување, кое е карактеристично за десната хемисфера на мозокот.
🔸Со координирана работа на левата и десната хемисфера на мозокот детето ги развива своите способности за концентрација, набљудување, ментална репродукција, меморија, имагинација и многу други.
Програмата е поделена во 6 ниво каде децата учат да собираат, одземаат, множат, делат степенуваат и коренуваат.
Ако ги научиме нашите деца свесно да бараат начини да се развиваат, да станат подобри во она што го работат, да продолжат да се едуцираат во текот на животот, тие ќе постигнат уште повеќе отколку што сонувале. Секое дете има неограничени можности и може да постигне сè што ќе посака доколку не е ограничено во мислите.