345243566 147046014905104 2827737718062514961 n

Елена Михајловска,
дипломиран семеен едукатор

Добродојдовте во време каде детето го има авторитетот врз родителот. Изменети семејни правила и улоги, слаби и кршливи корелативни односи меѓу родителите и децата. Се поголем е бројот на дисфункционални семејства. Разнишани семејни суб-системи.

Семејството е најосновната и примарна ќелија во едно општество. Место од каде потекнуваме, се развиваме и градиме како личности. Ако во дамнешни времиња основен закон и правило беше родителите да си ги воспитуваат и одгледуваат децата, денес тоа е обратно. Денес родителите служат само за обезбедување материјални средства за егзистенција, а децата вешто ракуваат и располагаат со нив.

Изгубена е целосната суштина на поимот родителство. Се запрашувате како стигнавме до тука ? Клучен фактор е изгубената и слаба комуникација меѓу родителите и нивните деца. Живееме во нови и бурни времиња каде и мажот и жената остваруваат работен однос за повисоки материјални приходи во семејството. Брзајќи и работејќи некогаш по две работни смени, родителот после работно време нема време да поразговара со своето дете. Да го праша како му мина денот, кои активности ги остварило на училиште, што научило. Децата се препуштени на одговорност на трети лица, најчесто дадилки или центри за дневен престој. Дури и чувањето од страна на бабите и дедовците полека изумира. Кога децата се одраснати, во нивни тинејџерски години се препуштени сами на себе, да разбираат и сфаќаат она што тие сакаат, да прифаќаат и размислуваат она што тие сметаат дека треба. Сами си креираат слика во главата што е лошо, а што добро, без родителите да им укажат на тоа. Уморни и истоштени кога родителите доаѓаат дома, единствено што слушаат од децата е: ,,Дај ми пари” и трескање на врата позади нив. Родителите станаа немоќни да се спротивставуваат на однесувањето на нивните деца.

boy 3617648 640

Виртуелен свет. Доколку децата би имале пополнет дневен распоред, или забрана за смарт уреди, не би играле видео игри или гледање насилни содржини на истите. Многу често забележуваме дека после насилните содржини на интернет, кај децата се всадуваат идеи за спроведување на истите..физичко и психичко насилство, сексуална злоупотреба, убиства и самоубиства, следење на светски трендови во однос на јавни личности – критериуми за слаби модели и изглед на тело, особено кај девојките. Семејните дружби и активности мора да станат обврска и секојдневие. Време во кое родителите и децата би воделе опуштени разговори и така би откриле нешто повеќе едни за други, надвор од рамки на домот. Да признаеме, денес родителите не си ги познаваат доволно добро своите деца. Што детето сака, што го исполнува, кои му се целите во животот. Доколку се направи убава и топла атмосфера децата многу лесно се отвораат и откриваат за себе.

love 746678 640

Поставување услови и барања – децата се тие кои поставуваат барања и услови, наместо ограничување и поставување граница од родителите. Се закануваат дека ќе го напуштат домот или училишната средина, ако некоја нивна желба не биде исполнета. Без трезно размислување родителите го прифаќаат тоа и прашуваат која е цената само за кажаното да не биде исполнето. Слаб и кревок родителски став е оној денешниот. Невозможното им го прават возможно. Скапи телефони, брендирана облека, длабок џепаларлак. Запамтете, секогаш кога му давате на детето премногу пари, постои можност тие да бидат потрошени залудно и за нешто опасно. Посегнување по алкохол, дрога и други психотропни супстанци кои полека, но сигурно ќе му го уништат животот.

beach 323454 640

Нормално ново ни е и одбрана на детето од страна на родителот пред неговите наставници и професори. Секогаш детето е во право и не смее да биде прекорено од учителот. Не смее да има слаб успех, ниту пак голем број изостаноци. Со тоа не правиме услуга, туку го поттикнуваме лошото поведение да продолжи и понатаму во животот. Детето по своја заслуга, недоволен труд и волја стигнало до таму. Ако детето не научи од својата грешка, ќе продолжи истата да ја прави, знаејќи дека родителот секогаш ќе биде тука да му чува грб. Притоа грешката не ја смета за грешка, туку за нормална работа како дел од секојдневниот живот.

Попустливоста на родителите од страв да не бидат отфрлени од животот на нивните деца не доведува до изменетите семејни улоги денес. Родители не попуштајте, Вие сте возрасните и Вие сте најсилните ментори на Вашите деца. Најдобар пример и идол кој може детето да го следи сте токму Вие. Не дозволувајте тие да го имаат главниот збор и да Ве уценуваат.

ДЕЦАТА ДА БИДАТ ДЕЦА, А РОДИТЕЛИТЕ ДА БИДАТ РОДИТЕЛИ !!!!

meblo trejd raboti
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…