Време е чекор по чекор да се припојуваат рациото и духот и со задоволство едното да му служи на другото.

Да почнам од знаците крај патот, колку пати докторите ја кажуваат реченицата „Што беше во наша моќ сѐ сторивме, сега Господ да стави раце“.

Која е таа сила чиј резултат секогаш го гледаме, но не и нејзиниот облик.

Човештвото живее во страшни заблуди, особено по Првата светска војна, која прва ја подигна казмата на духовниот распад, а духовниот профил на човекот е неговиот нематеријализиран и апстрактен изглед.  Па така започна човечкото страдање, под изговор дека Бог го допушта злото.

viber image 2023 04 18 08 49 18 371

Отсуството на светлина е присуство на темнина, ви звучи познато.

Некогаш треба да седнеме и да размислиме и да сфатиме од каде потекнува злото, немирот, сѐ она грдо во нашите животи – всушност цело време го обвинуваме Бог, а го игнорираме присуството на ѓаволот, прогонетиот најубав ангел кој се возгордеал ѝ се спротивставил на Божјата промисла, исто ко нашите прарадители Адам и Ева.

viber image 2023 04 18 09 12 11 847
meblo trejd cesmi во crni

Народот има интересна реплика: „Што му е работа на ѓаволот, освен дупки да копа“, а мене ми е најинтересна „Кој со ѓаволот тикви сади, од глава подоцна му се удираат“.

Одамна сфатив дека не можам да живеам во спрегите на општеството и да ги прифатам неговите норми како мои – но млад човек може да залута ако нема соодветно водство. Дваесет години го одгатнував евангелскиот стих „…и ќе ја запознаете Вистината и Вистината ќе ве ослободи“ (Ев. по Јован 8:32), најпосле чинам дека го разбрав.

viber image 2023 04 18 08 54 22 453

Слободата е неверојатно скапа работа, која светот ја користи само терминолошки и консуматорски за да оствари профит, но во духовна смисла значи целосно препуштање на нашиот живот кон Божјата волја, вака изгледа ропски и парадоксално. Светот повеќе од често нѐ притиснува и цеди како лимон. Светот е студено место, без чувства, со смисла за манипулација: 3 во 1, купи 2 по една цена – а сте се прашале колку реално тие ствари вредат, ако се продаваат по толку ниски цени?

Оној момент кога ќе останете сами, без никого, во очајна состојба, кога сѐ се распаѓа околу вас, а вие седите мирно, го гледате хаосот на редот, не обвинувате никого, се молите во тишина, без да ги поместите усните, затоа што сте одлучиле вашата волја да биде во склад со Божјата волја. 

Мала дигресија, сте виделе како тревка никнува на асфалт, нејзиниот корен ги распукува слоевите асфалт нагазен од тешка машинерија – ете за таа сила говорам, ништо не е невозможно.

nature 4334533 1280

Никогаш не сме сами, колку и да ни се чини дека сме сами оставени на себе, се искушува нашата вера и пак на начин на кој се слави доброто и Господовата волја, наше е само да избереме на чија страна ќе бидеме, затоа Исус и го даде својот живот за да ги искупи гревовите човечки:

„Затоа, одете и научете што значи ова: ,Милост сакам, а не жртва’. Зашто не дојдов да ги повикам праведниците, туку грешниците“.

jk kipar
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Приказна: Како се бираат мајките на предвреме родените деца?

Некако, го замислувам Бог како лебди над земјата. Мајките ги избира според…

Биљана Т. Димко: Човек кој нема свој јазик е еднаков на човек кој нема гробно место – нема име

Пишува: Биљана Т. Димко Двата столба на македонскиот идентитет од искона до…

Кога љубите не велете: родени сме еден за друг, оти љубовта е потрага, не се добива по раѓање – поетски израз на Влатко Деловски

Влатко Деловски е човек – систем, роден во Битола, а потекнува од…

„Светот стана прибежиште за сите стравови“ – Виктор Дамчевски, кој умее да го чуе она кое не говори

Виктор Дамчевски е економист по професија. Живее во Битола. Често има ораторско…