Кога ти е тешко, луѓето те пуштаат да одиш сам. И одиш сам. Но подоцна се чудат зошто те нема. И зошто не се враќаш. А како ќе се вратиш кога си научил да се пробиваш низ најсилните бури со свои раце. Во најтемните ноќи, да одиш напред само со таа твоја мала светлина. Да се бориш со тие твои духови, без никој да ти каже „Тука сум, можеш да сметаш на мене.“ Да си подадеш рака кога ќе паднеш. Да ги бришеш солзите. Да стануваш без ничија помош.
Луѓето се измолкнуваат кога е најтешко, па останувате сами во рингот на животот. Без рака и поддршка. Без ничиј глас и утеха. И тогаш сфаќаш една прекрасна работа. Ја совладавте и таа лекција. Сфаќаш дека животот не е само мед и млеко. И дека секој ден има тежок вкус. Вкус на борбата за утре. И дека никој не треба да се суди. Затоа што сите знаат зошто ја донесе одлуката што ја донесе.
Кога ти е тешко, луѓето те пуштаат да одиш сам. Но подоцна се чудат зошто те нема…