30 години „за влакно пред другите“. 30 години пример за многумина како треба да се одржува името на еден бренд во градот, бренд кој не е познат само во Битола, туку и пошироко.
Димче Ивановски благодарејќи на занаетот кој го научи од својот вујко, го основаше Кармен, за после 3 децении, на 3 јуни 2022 година да го прослави овој голем јубилеј заедно со своето семејство, својот тим, пријателите и клиентите во кафе Централ.
Диме вели дека тајната за успехот е само работа, треба и талент – но и многу работа, многу одрекувања од приватниот живот, семејството…Но затоа, поддршката од неговата ќерка Ангела и сопругата Ефтимија, како и одличниот тим кој стои зад него: Цвете, Нона, Весна и Наташа, големиот број пријатели и клиенти кои дојдоа на прославата, се причината за она што е Кармен Ексклузив денес.
„Се заблагодарувам од срце…30 години…не се малку.. Јас мислам дека поголем успех е човек да води бизнис 30 години, а сепак да си го зачува семејството. На 20-годишнината кажав дека водењето бизнис и семејство е исто како две кучиња кои не сакаат да се видат едно со друго, а секој ден треба да ги шеташ заедно. Колку си умешен зависи од човекот, Господе фала ти што 30 години дочекавме вака. Ова не е само мој успех, прво големо благодарам до мојата ќерка Ангела и мојата сопруга Ефтимија, успехот заеднички е со мојот тим на кој што сум горд, ама сепак тој успех не би бил ништо без клиентите, без вас. Да се гледаме и на 40годишнината“, рече Диме во своето обраќање пред присутните.
Прославата не помина без роденденската торта, но и подароците кои по повод 30 години си ги подарија Диме со Цвете, Нона, Весна и Наташа.
Фото: Саше Богоевски