viber image 2023 11 28 20 38 23 733

Културно информативниот центар од Битола оваа година реализира капитален проект од графичката ликовна уметност. Се работи за соработка меѓу македонски и канадски графичари кои имаа можност да изложат свои дела во Битола, Македонија и Торонто, Канада.

Проектот се реализираше од 1 мај до 15 ноември. Изложбата во Битола беше поставна од 13 до 18 септември, 2023 г. и беше посетена од повеќе од 1500 лица, како и од ученици од основно и средно образование по предметот Ликовно образование.

Во текот на октомври, изложбата на македонски и канадски графичари беше поставена во Торонто, Канада. По настојување на канадските уметници, изложбата беше поставена уште во седум универзитетски центри, што претставува одличен успех, популаризација сегашна и ветува .

Истата беше посетена од преку 1000 посетители во Канада вклучувајки и студенти и професори на факултетите за ликовна уметност во Канада и графичките студија во Халифакс, Монтреал, Вал Давид, Троа Ривиер и Торонто. Исто така изложбата беше презентирана и за македонската заедница во Торонто и Ејџекс, Онтарио.

Ваквите проекти, соработки се одлична можност за разменување на искуства кои ќе го поттикнат создавањето на уметнички дела на повисоко ниво и ќе ја зголеми нивната актуелност, но и одлична можност за промоција на Македонија, Битола и КИЦ.

Сите уметнички дела кои беа вклучени во изложбата беа фотографирани, архивирани и каталогизирани, така што е достапен католог од изложените дела.

Една од уникатните работи за разните начини на печатење е тоа што уметниците имаа можност да работат повеќекратно и тие да работат на хартија (или подлога слична на хартија). Овие две особини отвораат многу можности за размена и изложување. Делата би можеле, буквално, да бидат изложени на повеќе изложби на најоддалечените краишта на земјината топка во исто време. И, бидејќи се на хартија, тие дела релативно лесно се испраќаат од една локација на друга. Во тој дух, воспоставена е долга историја на меѓународни размени и изложби на графика. Како резултат на тоа, постои исклучително отворен дијалог меѓу уметниците. Изложбата 7 X 7 македонски и канадски графичари е така замислена.

И Канада и Македонија одиграа значајна улога во негувањето на современото печатење. Меѓународното графичко триенале во Битола и новоформираното Меѓународно биенале на минијатурни графики и цртежи во последните триесет години донесоа творештво на над 5000 печатени уметници во балканскиот регион. И, трите повеќе годишни меѓународни  изложби на графика во Канада, Biennnale Internationale d’Estampe Contemporaine de Trois-Rivieres; Биеналната меѓународна изложба за печатење на минијатури (Ванкувер); и триеналето за печатење Оканаган (Келоун и Вернон) на сличен начин ги донесоа делата на современи уметници од светска класа во оваа земја.

Канадскиот кустос Бесан во каталогот постави прашање за „Дали би можеле да произлезат одредени колективни идентитети од која било група уметници. Размислувањето за тоа прашање е нешто оставено на индивидуалните гледачи, но можноста да се видат овие дела и да се разгледаат пошироките импликации на размената меѓу меѓународните уметници останува исклучително вредна во светот на современата уметност“.

Истовремено беше промовирана Општина Битола и дејноста Културниот информативен центар во Битола предводен од д-р Лили Бошевска.

Од двете држави учествуваа по седум графичари.

Од Македонија- кустос на изложбата беше познатиот графичар – Владо Ѓорески со уметниците: Трајче Блажевски, Славица Јанешлиева, Ладислав Цветковски, Светлана Јакимовска Родиќ, Атанас Ботев, Ивана Настевски, Мирослава Цветковиќ.

Кустосот од Канада беше Дерек Бесан и уметниците: Шон Колфилд, Марк Бовеј, Либи Хаг, Џо Ен Ленвил, Гај Лангевин, Гер Хашлак, Бони Бекстер.

Проектот беше помогнат од Министерството за култура на Македонија.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…