макаријовски1

Вечерва со почеток во 20.00 ч. во Кристалната сала на КИЦ Битола, ќе биде отворена изложбата на Дејан Макаријоски – Урбани импресии.Во прилог-ликовна критика. Изложбата ќе трае до 9 август.

„Сликарството на Дејан Макријоски е своевиден стилски колаж низ кој што тој, се движи со лесни, брзи, прецизни потези, слободно, неоптоварен со некаков патетичен или претенциозен непотребен естетизам. Синтетизирајќи ги ликовните постапки со јасна визуелна поставеност, тој создава своевиден творечки фундус од чија повеќенасочна збирка, почнува да дестилира свој израз со специфична поетика. Ова, особено е видливо и присутно во негови “урбани пејзажи”, низ кои во контекстот на препознатливите урбани амбиенти, скоро без исклучок, поставува толпа од обезличени фигури – минувачи, осветлени од последните залези, сенки кои што градските “променади” ги претвораат во нејасен, кошмарен сон на отуѓеност, одалеченост, непрепознатливост, изгубеност во сивилото на опстанокот, наспроти колиристичката доминантност која е како почетна сценографија пред драмата на тешката и неизлечива густа ноќ.Неговите сенки, низ малиот сликовит град, се во некоја чудна корелација со изгубените сенки на метрополисот кај Родољуб Анастасов. Овој ликовен вовед е сериозен поттекст за развој на идна специфична и значајна ликовна драматургија…“, вели Владо Ѓорески.

„Оваа изложба и покрај тоа што ни претставува само мал дел од творечкиот опус на Дејан Макаријоски, успешно ја потврдува неговата љубов кон ликовното изразување. Разновидноста во темите и стиловите се внатрешен одраз на таа континуирана борба и потреба за докажување и надминување на самиот себеси. Тоа, вусшност е еден и од примарните начела на уметникот. Значителниот обем и техничката реализација на делата ја потврдуваат неговата посветеност, долготрпеливост и истрајност во овој макотрпен занает. Овие дела на моменти како да пркосат на уметничките движења од почетокот на ХХI-от век, каде мануалноста при творењето често се исклучува или заменува со технолошките достигнувања и отвараат интерогативи во разни насоки. Несомнено сведочат дека патот во уметноста бара трудољубивост и избегнува дефиниции“, вели Васко Ѓоргиев.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

You May Also Like

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Преку професионален LinkedIn бизнис профил до нови лидови и потенцијални клиенти – анализа на Магдалена Аневска

Пишува: Магдалена Аневска,директор за маркетинг воНова Солутионс Битола LinkedIn е одлично место…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…