trib насловна хиподром

Елена Босилковска од Битола, магистриран архитект на Архитектонскиот Факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј”, Скопје, во овој труд го истражува подрачјето на проектирање стопански објекти од архитектурата преку која своевремено со комбинација и хибридизација на различни проектни програми, форми и технологии се создаваат просторни конфигурации привлечни за посета и престој. Проектантот се соочува со предизвикот на рационално организирана структура, во која се овозможуваат најповолни биолошки услови за живеење на животните, а истовремено и удобен престој за посетители како и спорт и рекреација.

„Со овој нов хибриден модел, добиваме развивање на туризмот и на другата страна од градот Битола, односно, развивање на туризмот радијално. Главниот впечаток е дека спортот и туризмот денес во Битола главно се сконцентрирани на планината Баба, поради зимските рекреативни можности кои ги нуди планината и скијачките центри и воедно најмногу е развиен во зимскиот период. Додека пак туризмот настрана од спортот е сконцентриран во централното градско подрачје во летните периоди. Со создавање на овој комплекс, се децентрализира туризмот, и секако се јавува еден нов вид на спорт кој овозможува посетеност во секој период од годината” – констатира Елена Босилковска за Читај бе.

Темата на овој проект е сама по себе специфична поради чувствителноста на чувањето на животните и задоволувањето на основните потреби на објектот во кој тие се чуваат, а истовремоно и наоѓање начин за справување со потребните услови и технологии кои ги ограничуваат обликовните изрази на архитектурата. Целта е доближување на луѓето до ваков тип на објекти, иако сензитивноста на интеграцијата на различните барања на двата вида на корисници, во одредена мера се зголемува, сепак се зголемува и интересот за одгледување на овие животни и различните активности извршувани со нивна помош. 

1

Самата идеја на овој проект потекнува, а и следствено води до создавање врска помеѓу два града, кои се во непосредна близина, Битола и Лерин, со тоа што ќе стане прва станица на сите патници кои се движат во овој правец.

Создавањето на еден хибриден модел во природен и рурален простор е главната теоретска рамка на овој проект. Проектот вклучува интеракција помеѓу трите живи форми на планетата: природата – место за локацијата, животните – коњот како главен и составен елемент во секој дел на хиподромот и човекот – уживател и искористувач на услугите кои ќе бидат понудени.

2 hip

Конкретната локација која е предмет на обработка на оваа теза се наоѓа во непосредна близина на населениот дел од селото Кравари. Најголема предност за изборот на оваа локација, беше токму местоположбата на селото Кравари. Локацијата е сместена непосредно до патот кој води од Битола кон Лерин, со цел да стане прва станица, на сите патници кои доаѓаат од Грција, преку граничниот премин Меџитлија. Покрај самата локација исто поминува и железничката пруга Битола – Солун.

viber image 2023 10 28 15 46 11 031

Со оглед на фактот дека избраната програма – комплексот за одгледување на коњи треба да биде ситуиран така да биде обезбедена добра комуникациска врска, ограничена визуелна комуникација и достапни површини за хранење на отворено, избрана е југозападната страна од локацијата за развивање на проектанскиот дел. Овој дел е избран за проектирање, главно поради близината до пристапниот пат кој впрочем излегува од главниот пат Битола-Лерин, и преку пругата ја ограничува локацијата.

Пристапот до локацијата го поврзуваме со улица која се надоврзува на веќе постоечкиот пристапен пат.

Самата форма е генерирана од функцијата на просторите. На некој начин, формата ја следи функцијата, па така концептот го формираат повеќе независни објекти кои се зонско поставени според нивната намена. Секој објект во себе содржи линиска структира, односно основниот концепт се заснова на линиски елемент. Линијата како  составен елемент што ја придружува архитектурата, односно правата линија како запис за идеја, за проект. Целокупноста се заснова на неколку линиска структура за добивање на форма на неколку објекти.

Појдовна точка најпрво во организирањето на просторот, па се до формирањето на концептот и дефинирањето на формата беше една линеарна мрежа од квадрати од 16×16 м, според кои примарно локацијата се подели на зони. По одредувањето на зоните, оваа единица во зоната за проектирање се дели на помали единици од 8×8м од кои се дефинира конструктивниот мрежа.

Во финалната фаза, оваа теза се соочува со еден од најсериозните предизвици кој веќе беше спомнат и во втората глава: чувствителниот спој на задоволување на специфичните потреби на овие племенити животни и потребите на луѓето во една заедничка просторна структура, без притоа да постои меѓусебно негативно влијание.

Концептот е генериран така што се формирани независни објекти кои се зонско поставени според нивната намена. Секој објект како засебна целина, притоа со добра врска на заедничко функционирање на истите.

viber image 2023 10 28 15 45 49 879
viber image 2023 10 28 15 45 38 910
viber image 2023 10 28 15 45 42 786

СТОПАНСКИ ОБЈЕКТИ

Стопанските објекти се формирани како линиски концепт од објекти, кои се меѓусебно поврзани со покриени тремови, помеѓу сите објекти има ходници, кои се поврзуваат со предниот и задниот трем на објектот. Три од стопанските објекти се наменети за одгледување и чување на коњи – стаи, со вкупен капацитет за 36 коњи. Стаите се со 12 боксови за коњи кои се поставени дворедно по 6 од секоја страна, дополнително во секоја стаја, покрај боксовите за коњи, испланиран е и простор за негувател на коњите. Во секоја стаја е предвидено да има и просторија за потковување на коњот како и просторија за туширање, додека пак четвртиот објект е стаја за ждребиња. Петтиот објект кој концептуално во формата не се разликува од надвор од стаите, е наменет за храната на животните. Секој од објектите има влез/излез од 4 страни, од кои два се главни од напред и од назад и се врзуваат на тремовите, другите два се странични и се врзуваат на ходниците помеѓу објектите. На овој начин се јавува чисто движење низ целиот комплекс. Секој од објектите е покриен со свој покрив, поради потребата ходниците да бидат од отворен тип за подобро проветрување на стаите, крововите се соединуваат во еден кров со покривот врз тремовите од предната и од задната страна. На југозападната страна од објектите се наоѓа базен за лекување на коњите и отворен манеж за тренирање и за вежбање и учење на овој спорт.        

staj
viber image 2023 10 28 15 46 25 526
viber image 2023 10 28 15 46 34 386
viber image 2023 10 28 15 46 29 954

ЗАТВОРЕН МАНЕЖ СО КОЊИЧКИ КЛУБ

Тренирањето на коњите во зимски услови надвор е претставува пречка и ги отежнува условите за хигиена и одржување на стаите. Поради потребата за одржување на спортот и во зимски услови, тренирање и трчање на коњите од голема важност е да се има затворен манеж.

Во проектот се предвидува затворен манеж кој ќе има сала за тренирање и трчање на коњи со димензии 48×24м. Затворениот манеж како објект во себе предвидува повеќе програмски единици. Секако најпрво е поделен на два главни сегменти, едниот е економски дел, а другиот е дел за посетители.

viber image 2023 10 28 15 46 02 434
viber image 2023 10 28 15 45 58 473

Економскиот дел се развива на две нивоа. Приземјето е наменето за коњички клуб, со сите свои пропратни содржини, а на катот се развива административниот тракт

Делот за посетители, го сочинуваат простор за натпревари и едукативен центар.

Просторот за натпревари или главно затворениот манеж го сочинуваат: простор за тренирање и натпревари, трибини за гледачи, и влезни пропратни содржини за посетителите.

viber image 2023 10 28 15 45 53 205

Едукативниот центар е сместен паралелно на економскиот дел, но од другата страна на манежот. Во не го се предвидени училници за предавања и едукација на деца како и повозрасни, кои се заинтересирани за занимавање со овој спорт. На второто ниво од овој тракт се развива кафетерија која  е отворена кон манежот, наменета за посетители и луѓе кои сакаат да гледаат тренинзи со коњи.

ТРИБИНИ

Објектот со трибини за главната тркачка патека, располага со капацитет од 1400 посетители.

trib

Се влегува од четири главни влеза. Пристапот кон трибините е преку блага рампа, за совладување на малата висинска разлика од тркачката патека.

trib1
viber image 2023 10 28 15 46 40 433

ХОТЕЛ

Последниот објект кој се развива во делот за посетители е хотелот. Со оглед на тоа што се планира концепт кој е надвор од градско подрачје, поради основните барања кои ги воспоставува ваквиот проект, неопходно е да се предвиди и објект со сместувачки капацитет, кој исто така би функционирал и вон сезони на натпревари.

Хотелот се развива во линиска структура во форма на буквата П, со што секој тракт си носи своја функција. Југоисточното, бочно крило на хотелот го зазема ресторанот, со своите пропратни содржини. Северозападното, бочно крило е наменето за релаксација на посетители на хотелот, односно во тој дел е сместен затворен базен, за рекреација со гардероби и санитарии.

Во централниот дел, каде е и главниот влез за во хотелот е сместена рецепцијата и фоајето, како и главните комуникациски јадра, а во останатиот дел е сместена администрацијата на објектот.

Второто ниво се развива само во централниот тракт од објектот, а другите делови прераснуваат во кровни тераси. На второто ниво е сместувачкиот капацитет кој располага со 16 мини апартмани за две лица. Како што објектот се развива во форма на буквата П, така е предвидено и движењето во објектот, по периферија на внатрешната фасада, како и вон објектот кое е генерирано со централна водена површина и патека околу неа за движење.

viber image 2023 10 28 15 45 45 987

ТРКАЧКИ ПАТЕКИ

Предвидени се две тркачки патеки надворешна со должина од 1400 м, која е наменета за подолги галопски трки и внатрешна патека 1300м која е наменета за скокови со препреки, и помали трки. Двете патеки се со ширина од 20м.

Покрај спортскиот карактер хиподромот ќе понуди и рекреативен аспект надополнет, со функционални целини од тој карактер. Со овој проект се отвара можност за развивање на туризмот не само тука, туку и во целиот поширок регион.

meblo trejd cestitka
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…