283299569 331440959140111 3604923470447308561 n

Симпател Телемаркетинг од Битола е компанија која веќе осум месеци успешно работи на пазарот во областа на телемаркетинг, а воедно брои 42 вработени од кои 40  работат на позицијата маркетинг агент на германски јазик. Тимот кој работи за Симпател е во постојан процес на проширување и развивање на квалитетите, додека пак за сите заинтересирани кои имаат желба да се приклучат и да станат дел од една успешна приказна, клучот е одлично познавање на германскиот јазик во говорна и писмена форма.  

За напредокот на Симпател Телемаркетинг како и за понатамошните планови и идеи имавме прилика да поразговараме со Дејан Јовевски, управител на фирмата, Наташа Јовановска, менаџер и Сара Мицевска, тим лидер.

282047973 1009714599659845 6399932643023276449 n
Дејан Јовевски, управител на фирмата, Наташа Јовановска, менаџер

Читај бе: Дејан, кој беше најголемиот предизвик со кој требаше да се соочиш имајќи ја во предвид твојата управителска позиција? Какви се твоите планови во иднина за Симпател и што се им би посакал на заинтересираните кои имаат желба да станат дел од тимот?

Дејан: Најголемиот предизвик со кој што се соочивме како јас, така и сите оние кои беа околу мене и ми помогнаа, беше дилемата поврзана со наоѓање на добар тим кој ќе гo зборува германскиот јазик на повисоко ниво. Многу сум благодарен на секој поединец кој ги поддржа моите идеи и придонесе за нивно остварување, а воедно можам слободно да кажам дека во моментот сме една успешна компанија која изобилува со вредни и квалитетни работници. Целта за во иднина е јасна – постојано се стремиме кон проширување и надоградување на нашиот тим. Во оваа прилика би сакал уште еднаш да ги повикам сите оние кои го зборуваат германскиот јазик, од Битола, а и од регионот, да дојдат и да станат дел од нашиот тим, а сите останати, да се мотивираат и да започнат со изучувањето на германскиот јазик.

Читај бе: Наташа, кои се твоите одговорности и должности на позицијата менаџер? Колку беше лесно или тешко за тебе адаптирањето кон ваквата улога и што би им порачала на сите заинтересирани  во иднина кои би сакале да аплицираат за работна позиција во Симпател?

Наташа: Раководењето со еден динамичен тим кој веќе одлично работи на три проекти само по себе си носи огромна одговорност. Да се биде на ваква позиција во една германска компанија носи голем број на работни обврски и задачи како правење на селекција на кандидатите, вршење на обука и едукација на истите, постојана координација со клиентите од Германија, секојдневно соочување со најразлични проблеми и предизвици и носење на коректни и брзи одлуки, анализа на тековното работење, евалуација на квалитетот на разговорите, секојдневен коачинг на агентите,  итн. Земајќи го предвид фактот дека сме прва компанија во регионот од ваков карактер, процесот на адаптација не беше воопшто лесен. Во првите шест месеци изодевме еден трнлив пат, за сега да можам да се пофалам за успешноста на компанијата која истовремено ги негува највисоките семејни вредности и нуди одлични услови за работа, флексибилно работно време, пријатна работна атмосфера и добра плата. Сакам да ги охрабрам сите оние кои го зборуваат германскиот јазик и имаат желба љубезно да телефонираат веднаш да аплицираат за работните позиции во Симпател. Нашето „симпатично“ семејство постојано расте, затоа сакам да ги мотивирам сите заинтересирани да учат германски јазик затоа што само така се „стигнува“ до Симпател Телемаркетинг Битола.

Читај бе: Сара, што се е потребно за еден маркетинг агент да стигне до позиција на тим лидер, како се снаоѓаш во истата и што би им препорачала на оние кои се уште се немаат охрабрено да аплицираат за работна позиција во Симпател?

283545238 1052547925647577 162457398535979550 n
Сара Мицевска, тим лидер

Сара: Пред да се стигне до позицијата на тим лидер потребно е да се стекне искуство на позицијата агент и вложување на голем труд за запознавање на самиот проект. Уживам во својата работна позиција бидејќи секојдневно им помагам на моите соработници со кои заедно учиме и се развиваме. Секоја позиција со себе носи и предизвици, во овој случај тоа е наоѓањето на брзи решенија кои ги носат секојдневните прашања во самата работа. Искрено ги охрабрувам сите оние кои имаат познавање од германскиот јазик, а се уште се двоумат, да ја посетат нашата компанија и сами да ја почувствуваат позитивната атмосфера, нашите клиенти  и секако преку работата да го усовршат и надоградат својот германски јазик.

Претплатете се за новости

You May Also Like

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Одлична можност доколку го зборувате германскиот јазик! Компанијата „Симпател Телемаркетинг“ вработува во Битола!

„Симпател Телемаркетинг“ е германска компанија која неодамна започна со работа во Битола,…

ДЛС „Свети Кирил и Методиј“ со апел за спас на Малиот Битолски Монмартр

Од Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј“ Битола денеска преку социјалните…

„Големиот воин и неговата храбра ќерка“ – Биографија за Златко Неделковски напишана од неговата ќерка Дијана

Во Офицерскиот дом беше промовирана биографијата за спортската легенда на Битола, кик…