Раниот детски развој претставува многу значајна фаза во животот бидејќи во неа се развиваат најголемиот дел од конгнитивните и неконгнитивните вештини на човекот. Оттука, особено е важно да се овозможи квалитетна претшколска едукација на секое дете.
За таа цел, дневниот престој во МАХИ нуди претшколска едукација и воспитание на деца до 5 години. На оваа возраст ги градиме здравите навики, ја развиваме и негуваме креативноста на децата и го стимулираме на логичко размислување при решавање проблеми.Користејќи ја нивната природна желба за игра и забава, во MAXI ги учиме децата како да ги решаваат предизвиците и како да соработуваат меѓу себе, велат во MAXI.
Нивната програма е базирана на четири столба:
- Игра;
- Комуникација;
- Пристап кон учење;
- Креативност и уметност;
Земајќи ги предвид потребите и преференците на родителите, во дневниот престој нудат можност за целодневен и полудневен престој.
Посетете ги и информирајте се подетално за нивните услуги и можностите кои ги нудат.Едукативниот центар МАХИ се наоѓа на ул.Партизанска бр.17,во непосредна близина на градскиот парк, веднаш до Расчекор, секој работен ден од 08:00-18:00 часот.
Уписите траат додека има слободни места. Групата на деца се состои не повеќе од 15 деца со цел да се задржи квалитетот и на секое од децата да му се придаде подеднакво внимание.
Стекнуваме нови навики, учиме нови работи, стекнуваме нови другарства, се дружиме и тука го поминуваме денот како едно големо семејство.
Едукативен центар MAXI-Битола
Ул.Партизанска бр.17
070 519 525
[email protected]