Детското ликовно студио „Свети Кирил и Методиј” Битола вчера (30 Октомври 2022 година) во Белград, Република Србија и официјално ја промовираше новата почесна награда посветена на прерано починатиот еминентен ликовен педагог и уметник, Светлана Вешиќ – Ралевиќ која беше 30 години дел од Меѓународната жири комисија и учесник на Малиот Битолски Монмартр.

monmartr 10
monmartr 7

Претседателката Елена Хаџи-Антоновска и претседателот на Управниот одбор на ДЛС Славчо Неделковски при дводневна посета на Белград ја промовираа наградата за најдобар педагошки пристап во работа со млади ликовни уметници „Светлана Вешиќ Ралевиќ” која за прв пат ќе биде доделена на 42-рото издание на МБМ 2О23 година.

Плакетата и официјалните документи се предадени на нејзините деца и наследници – Марта Ѓориќ и Марко Ралевиќ кои го продолжуваат работењето на најголемото престижно ликовно ателје во Белград и Србија – Артино.

Артино во глобалната заедница на детски ликовни колониии – школи и конкурси за работа со млади ликовни уметници е синоним за квалитет и перфексионистички пристап во делата кои 25 години ги создаваат младите ликовно таленти од Србија.

Посебно признание во име на Артино, а во знак на почесно признание за Светлана Вешиќ Ралевиќ претходно беше доделено и на 23-тата меѓународна детска ликовна колонија „Евора 22″ – Португалија а кое беше доделено на ДЛС да го проследи до ателјето.

Во Белград беше потврден и составот на новиот и за прв пат востановен меѓународен Управен одбор на светската детска ликовна колонија „Мал Битолски Монмартр” кој ќе го преземе креирањето – организацијата и реализацијата за претстојното 42-ро издание и ќе се сегмент од 55 годишното ДЛС „Свети Кирил и Методиј” Битола.

До средината на ноември по писмените потврди и акредитиви на прием на почесните места и јавно ќе се обелоденат имињата на 15 члениот УО на МБМ во кој како дознаваме место од 55 земји обезбедиле: Кина ( Хонг Конг ) и Израел кои ќе се ко-претседатели на УО на МБМ – Португалија која ќе е Претседател на Меѓународната жири комисија во која ќе членуваат Турција и Романија, а Русија ќе е одговорна за специјалната програма на мастер класови кои се новитет по 42 години постоење на МБМ.

Останати членки се Бугарија – Индија – Србија – Малезија – Албанија – Полска – Словачка – Тајланд и Словенија.

Од ДЛС ги потврдија реализациите на проектот Камп за филантропија во Софија – Република Бугарија со 1О ученици и посетата на Европскиот Парламент – Европската Комисија и Советот на Европа на покана на органите и телата на Европската Унија со 15 ученици кои ќе се случат во текот на Ноември 2О22 година.

Претходно на 26 Октомври 2О22 година ДЛС имаше изложба на староградската битолска архитектура при официјалниот прием на Генералниот Конзулат на Република Грција во Битола по повод нивниот голем национален празник а на покана на Генералниот Конзул Александрос Видоурис при што претставени беа 25 уметнички дела на млади ликовни таленти – учесници на колониите на МБМ.

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот
Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да ти плачи. Колкупати ги …
Шејмус Мекгарви: Моќта која ја носи кинематограферот на сет, може да ги направи нештата спектакуларни
Кинематограферот Шеjмус Мекгарви, добитникот на наградата „Златна камера 300" за особен придонес …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Џепането како културен, историски и рекреативен центар – Магистерски труд на Искра Јовевска од Битола

Продолжуваме со презентирање на магистерските трудови изработени од 6 млади архитекти од…

ООУ „Ѓорѓи Сугарев“ Битола го доби признанието за Најдобра установа од областа на заштитата, образованието и рехабилитација на лицата со попреченост

Фондацијата ,,Професор д-р Љупчо Ајдински”, а на предлог на Сојузот на специјални…

Промоција на две книги од авторката Билјана Андоновска во Бигорски манастир

На 16 април, на празнувањето на Лазаревото воскресение, авторката Билјана Андоновска од…

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…