eko

Големиот човек кој со својата креативност го одбележа 20 век, познатиот италијански писател Умберто Еко, роден на 5 јануари 1939 година, изјави дека читањето е бесмртност и дека тој е пред се филозоф, иако неговите романи како „Името на розата“ и „Фуковото нишало“ сè уште се едни од најчитаните и најпреведуваните во светот. Почина во 2016 година, а зад себе остави богат литературен опус, но угледниот интелектуалец сите ќе го паметат како литературен критичар, колумнист, лингвист, баран предавач, есеист… Во текот на 1960-тите, тој се занимаваше со естетиката и се истакна како еден од најзначајните претставници на авангардата во италијанската култура. Во својата истражувачка работа, тој ги проучувал средствата за масовно информирање во рамките на семиологијата и естетиката користејќи структуралистички метод. Во последните години од животот работел како професор на Универзитетот во Болоња, а како редовен колумнист во весникот „Л’Еспресо“. Наградата „Премио Стрега“ ја доби во 1981 година за романот „Името на розата“, врз основа на кој е снимен познатиот филм со Шон Конери.

Кога требаше да зборува за себе, тврдеше дека е филозоф и дека пишува романи само за викенди, во денови одвоени за одмор.

Колку веруваше во хуманизмот, Еко толку го презираше тоталитаризмот. И не само тоа, туку имаше и храброст да се бори против него, иако еднаш рече дека вистинскиот херој секогаш по грешка е херој и дека само би сакал да биде кукавица како сите други.

Херојот на овој и минатиот век, пред да го напушти светот во 2016 година, Еко, меѓу другото, го напиша следново: – Убаво е кога држам книга во раце. Ниту еден филм, ниту една фотографија не може да ја достигне таа радост, тоа богатство што го чувствувам кога со прстите ќе поминам по страниците. Самиот тивок чин на читање има нешто возвишено, интимно во него што би можел да го споредам со сексуалноста.

  • Дојдов до уверување дека целиот свет е загатка, во основа безопасна, која ја искомплициравме со нашите глупави обиди да ја решиме, претпоставувајќи дека се заснова на некоја голема вистина.
  • Лудите и децата секогаш ја кажуваат вистината.
  • Луѓето никогаш не се толку темелно и ентузијастички злобни како кога постапуваат од нивните религиозни убедувања.
  • Отсуството за љубовта е она што е ветрот за огнот, гаси мал пламен, а разгорува голем.
  • Што е љубов? Нема ништо на светот, ниту човечко, ниту ѓавол, ниту нешто друго, што го сметам за посомнително од љубовта, бидејќи таа продира во душата повеќе од сè друго. Нема ништо што го исполнува и врзува срцето како љубовта. Затоа, ако немаш оружје со кое можеш да го скротиш, душата низ љубовта се фрла во длабока бездна.
  • Сите поети пишуваат лоша поезија. Лошите поети ја објавуваат, добрите ја палат.
  • Не можете да избегате од бесконечноста со бегство во друга бесконечност, не можете да избегате од истото со залажување дека можете да го најдете различното.
  • Што е животот, ако не е сенка на минлив сон? Сонот е писмо, а многу букви не се ништо друго освен соништа.
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Чај од ловоров лист за кашлица и воспалено грло

Ловорот се користи во третман на дигестивни и кардиоваскуларни нарушувања, гихт и…

„Парите се отепувачка“ на Ристо Крле, актуелна реалност на Македонците, 84 години од првата изведба

Во 1938 година првпат беше изведена драмата „Парите се отепувачка“ од Ристо…

За лицемерното смирение…

Покрај вистинското смирение постои уште и лажливо смирение. Тоа е суетното “смирение”,…

70 години од раѓањето на Иљко Стефановски – бескомпромисен творец кој природно му припаѓаше на театарот и театарот нему  

„Гости сме на земјата“ – велеше Иљко, дофрли некој пред години во…