Биљанa сат1 1

Пишува: Биљана Т. Димко

Кои се нашите луѓе? Да – нашите луѓе.  Мислам на оние луѓе чие отсуство е присутно и видливо како што отпеа нашиот Петре М. Андреевски. Во близина и друштво токму на тие луѓе ние се чувствуваме живи, потполни, умееме да биде бидеме благодарни за животот кој го имаме и сме мотивирани да работиме на т.н подобра верзија од себе. Во друштво на тие луѓе не сме загрижени како изгледаме, колку е луксузно и брендирано нашето надворешно издание, не се мачиме да се вклопиме, не ги мериме зборовите пред да ги изговориме на кантар, не си замеруваме  едни на други поради видливите и невидливите недостатоци. Никој никого не се обидува да промени, тоа е природен процес. Кусо: со нашите луѓе не се шминкаме и китиме ко елки – сме она што сме.

Пред околу една година присуствував на еден медиумски извикан културен настан кој траеше околу 3 часа, а во меѓувреме долж и попреку се реализираат настани од секаков вид. И реално имаме еден општествен проблем – организаторите на настаните, не на сите (има и убави настани), кај прават нешто колку само да помине на репертоар – не знам колку се свесни дека публиката со нејзиното присуство не одделува само пари за настанот, освен ако не е влезот бесплатен, туку дава неповратно време од својот живот.  Има една мудрост која е спротивна на нашиот менталитет: Сѐ што е бесплатно, двојно се плаќа.

Она што очајно недостига во нашето друштво се високи критериуми и да престанат луѓето да се задоволуваат со трошки – затоа што ја сопираат менталната еволуција. Не мора да продолжите да ме читате…сепак ќе го напишам она што го мислам – ако една турбо-фолк пејачка од нашето омилено соседство со блиц маркетинг и деколте за нуркање успева да заработи за една вечер вреќа пари, а од спротива се берат средства за население кое се бори со гола егзистенција на маргините со поддршка од наши млади пејачи каде влезницата најчесто е  кафе-пари што велат битолчани – ова е неверојатен показател за трулежот во кој живееме. Таа истата блиц пејачка им е модел за однесување, облекување…на нашите деца, нејзината слава ќе пројде пред да ѝ се истопи првиот ботокс, а последиците остануваат трајно од нејзиното пеење.

Очигледно е дека автобуските стојалишта се рекламни паноа на некролози и постери на недефинирани сценски инстант уметници под плаштот на скапи влезници или VIP простор со наливна трпеза – реално на трезно некои работи не се трпат.  Ме интересира зошто се врши вандализам врз објавениот возен ред на автобуските стојалишта – кој автобус кога поминува? Знаете колку време – непотребно човек губи на жештиниве поради нечие неартиклулисано однесување?!

„Не ми го земај времето“ е една од моите омилени песни на Калиопи, со оглед дека пораснав со понудата на МТВ, поклоник сум на македонска музика.

Мала дигресија за крај – времето не е пари, туку за одредени временски интервали се заработува одредена сума на пари – што воопшто не е лошо, ако се земе предвид дека живееме во материјална стварност.

Селимовиќ има една реченица: „Премногу се дадов себеси онаму каде што не требаше ни да бидам“ – немојте да се раздавате ко за душа – непоштедно, без да пресметате дали ќе бидете среќни онаму каде што одите, каква емоција ќе ви предизвика оној со кого се дружите. Искуството ми го покажа дека почетоков од текстот е жива вистина и меѓу другото е многу битно да се сопре ланецот на озборување и чистење на туѓите дворови. Ахм. Успешните луѓе не го трошат времето на озборување, непрекинато скролање на социјалните мрежи и зјапање во празно – тие работат на себе, односно времето го насочуваат да работи за нив.

Така што – просто е ко боранија: биди промената што сакаш да ја доживееш во светот или ко што вели еден умен: „Пред да тргнеш да го менуваш светот, прво измиј си ги забите, лицето, облечи чисти чорапи, фрли го ѓубрето в канта и ќе разговараме за понатамошни идеи, планови и програми за дејствување“.

 Тоа е тоа.

meblo trejd trimer
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

БУТИН: Која е реалноста – хипокризија вклучена на шестка

Пишува: Биљана Т. Димко Социјалните мрежи сервираат филтрирана содржина која е одличен…

БУТИН: Ако некого вистински го почитувате, подарете му дел од вашето време

Пишува: Биљана Т. Димко Бутин е алатка која се користела во македонските…

БУТИН: Зошто плукате по улици?

Зошто плукате по улици? Зошто уринирате на јавни места? Зошто не го …

БУТИН: Има ли потажно нешто од среќен роб?

Пишува: Маја Богоевска Кога ќе се спомне зборот роб или ропство, сликата…