butin nas bile

Не собирајте богатства на земјата,

каде што ги јаде молецот и рѓата,

и каде што крадците ги поткопуваат и крадат;

но собирајте си богатства на небото, каде што

ниту молец, ниту рѓа ги јаде,

и каде што крадци не ги поткопуваат, ниту крадат.

Евангелие по Матеј  – 6:19,20

Во една нива  – меѓу пченицата, расте и какол – растение со сино-црвеникави цветови, отровно семе што расте по ливади и ниви. Ако не се одржува, растребува пченицата, каколот ќе ја голтне.

Така е и во овој  свет. Имаме вистински луѓе и оние кои се претставуваат како луѓе, вистинските луѓе ни носат мир, другите  немир. Во минатотото многу им верував на луѓето, за преку ноќ да се случи да не му верувам никому – кога ќе те изневерат и разочараат луѓето за кои си подготвен да се жртвуваш до недоглед – треба да помине долго време за човек да оздрави, да се врати во сопствената животна рамнотежа. Најверојатно, болката е присутна во човечкиот живот за тој да расте, да ја надрасне просечноста, да ја ослободи сопствената духовна територија која е окупирана од непотребности кои држат место, а немаат никаква функција.

Како си се вратив себеси, т.е сѐ уште се враќам?

Ова е интересно – отсекогаш сум имала потреба од духовна храна, но никогаш не мислев дека најбогатата духовна трпеза ќе ја најдам в црква, пред сѐ затоа што имам бунтовна природа, никогаш не сум се вклопила во толпата, ама, омилен предмет во моево постоење е книгата, од мала имам библиски предзнаења, но не и вера некому целосно да му се препуштам – тоа е веројатно поради збирот на фактори – уверувања кои влијаеа на моето воспитување. Верувам дека во сечиј живот доаѓа доба кога мора да се потпре единствено на себе – моментот на зреење.

Да не се лажеме дека човек може сам – не може, му треба одмор само од теретот на секојдневието, ние сме социјални битија.

За кого одам во храмот Божји? – За Бог – толку. На почетокот одев кога немаше никој, после почнав да одам на литургии.  Зошто одам? – Затоа што таму открив кои се моите несовршености и како можам да ги поправам – не е лесно, не ми е лесно, секој ден, секоја минута се борам. Со секој пост, го разбирам Христос кога рекол „Спознајте ја Вистината и таа ќе ве ослободи“.

Зошто одам в црква? –  Затоа што сум грешна и не сакам да бидам каколот во нечиј живот, сакам да растам сѐ дур не си го заработам спасението. Чудни се и непредвидливи Божјите патишта – мене ме привлече детскиот џагор, нивната слобода во црковниот двор, всушност децата се наши најголеми учители – и секако едно новороденче, сега момче кое ми ги откорна од срцето најискрените молитви.

Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …
Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Бутин: Која е поентата да ги сакаме само оние кои и нас нѐ сакаат?

Пишува: Влатко Стојковски „А, што би било кога болката би ја чувствувал…