butin elena

Пишува: Елена Кузмановска, психолог

Скоро прочитав една книга која ме разбранува да размислувам на темата: тајни и посебно чувањето на тајните кои по некое време се претвораат во длабоки трауми. Ние луѓето, речиси опсесивно се заветуваме, дека ќе ја чуваме тајната засекогаш.

И што се случува со нејзе???

Почнува полека, полека и без врева да си наоѓа место во нашата душа и тело. Откако ќе се вгнезди во некое ќошенце почнува нелагодноста… Мислиш дека не мислиш на нејзе, а всушност те вшмукува во некој непријатен и ептен нелагоден меур. Ама, упорно го чуваш меурот како светиња и го пазиш никако да не пукне. Затоа што ако се случи тоа толку страшно пукање, ќе се разлее и со тоа ќе се рашири насекаде. Така внимателно чувајќи го веќе смрдливиот и полускапан меур сѐ уште не сфаќаш дека од негде се шири непријатен мирис. Од кај комшиите е, си велиш. Па правиш се што ќе посака тајниот меур и сѐ уште не ти текнува дека тој загосподарил со тебе. И нормално, како добар слуга ги слушаш суптилните заповеди…

-Молчи!

-Однесувај се како да не постои!

-Тоа е само твоја тајна!

-Ќе ти се смеат сите!

-Слабак сум!

Сигурно сум голем мекуш штом не знам да си задржам нешто вака големо за себе, си велиш!

А смрди, ли смрди!

И така си шеташ со гнилеж во себе се дури некогаш не разбереш дека можеш да се ослободиш, да го исплукаш пред некој што ќе знае и ќе може да ти помогне во цел тој процес. Тоа е моментот кога ти текнува дека мора да „сечеш до здраво” и дека чистењето не е баш лесен процес.

И тргнуваш, падни, стани, слој по слој од насобраниот отпад чистиш, ли чистиш!!!

Се потиш, се мачиш ама знаеш дека после големата емоционална генералка  пак ќе светне куќата – душа!

Без трупање на токсичен отпад во Новата, please!

Тој што зборува лошо за тебе е изгубен во сопствените рани
Тој што зборува лошо за тебе — не го прави тоа затоа …
Дали навистина знаеме што сакаме?
– Во ерата на избори без јасна желба.  Постои една фраза што …
326270051 574524910788428 2055822843167145426 n

Претплатете се за новости

You May Also Like

Телевизијата можеби и не е мртва, но ТВ рекламите сигурно се – колумна на Наташа Велковска

Пишува: Наташа Велковска, директор за ПР и продукција во Represent Communications Компаниите…

Стефанија Шаркоски: Македонија – земја на тивката болка и гласниот дух

Македонија. Земја мала по големина, но голема по срце. Народ кој знае…

Бутин: Немојте да попуштате – го боли светот

Пишува Биљана Т. Димко Грев ми е. Ме боли душата. Срцето да…

Да се биде несовршен во лажно совршен свет – живот според лајкови

Пишува: Маја Богоевска Колачот кој со години наназад го правите, конечно ви…