Елена Михајловска,
дипломиран семеен едукатор

elena

Семејствата секојдневно се соочуваат со низа предизвици и задачи. Да се одржува еден семеен дом е тешко. Но, замислете го товарот кој го носат оние семејства кога некој член е болен. Не се менува само животот на тој кој ја носи болеста со себе, туку се менуваат и животите на сите кои живеат со него. Да замислиме и да се ставиме во ситуација во нивна кожа, страдањата низ кои минуваат овие семејства. Целата семејна хармонија и кохезија е нарушена. Целосно променет е семејниот редослед на семејството.

healing 4054923 640

Психофизички нарушувања – нешто што е најочигледно е дека семејните членови кои се грижат за болниот полека и сигурно си го загрозуваат сопственото здравје. Психички се исцрпени, физички се преморени. Постои голем ризик за развој на нова болест и кај оној кој се грижи и го чува здравјето на другиот. Несоници, анксиозност, депресија, посегнување по алкохол и дрога – со лажна надеж за момент да побегнат од проблемот, ослабен имунитет, висок крвен притисок, кардиоваскуларно нарушување, мисла дека тие се следни, мисла дека ќе се распадне цело семејство, се само дел од симптомите кои преставуваат ризик по здравјето на останатите семејни членови.

Ослабен финансиски буџет – добро познат ни е фактот дека кога едно семејство се бори со болест на некој член, по нивниот ,,грб” најмногу удираат финансиите. Цела заштеда која семејството ја собирало за понатамошни идни планови, ја вложува во пронаоѓање лек или третирање на болеста. Позајмици од роднини и пријатели, задолжување на хипотеки, продажба на имоти, задолжување по банки.

drugs 1728381 640

Изгубена социјализација – многу често во зависност од тежината на болеста, семејните членови напуштаат од своето работно место, само за да можат да се посветат на болниот. Свесно се дистанцираат од комшии, роднини и пријатели. Некои чуствуваат срам, а некои неможат да си дозволат кафе средба и дружење со луѓе поради финансии. Кога одбегнувате социјални контакти, психички ослабувате. Се, се врти околу болеста, мислите стануваат мрачни.

boy 2026283 640

Мислите дека нема крај и дека никогаш нема да биде подобро.Во очекување на подобро утре, а полоша сегашност. Семејствата се подготвуваат на најлошо и креваат раце од моменталната ситуација. Така борбата прекинува, бидејќи психата е најсилниот двигател на човекот. Така болеста побрзо напреднува и потешко се вкоренува.

Семејни конфликти – најлесно да се наруши семејната комуникација е кога има присуство на болест во семејството. Членовите меѓусебно влегуваат во конфликт и си префрлаат вина за тоа кој повеќе се грижи и кој повеќе одделува материјални средства за третирање на болеста. Доколку се работи за болест кај дете, често се случува и развод меѓу родителите.

Најсреќни сме кога сме опкружени со семејството, емпатијата и солидарноста ни се најсилни страни. Така можеме да му помогнеме и на оној кој е болен, а и самите себе. Љубовта ќе ја продлабочиме, а хуманоста ќе ја возвишиме.

Eлена Михајловска, дипломиран семеен едукатор

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претплатете се за новости

You May Also Like

Петти Акатист кон Мајката Божја во храмот „Пресвета Богородица“ во Битола

На 08.04.2022 г., во петтиот петок од Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски и…

Како да се препознае Аутизмот кај бебиња и мали деца? – совети на Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог

Автор: Сонита Фејзовска, социјален и рехабилитациски педагог Некои родители ги препознаваат знаците…

Промовиран епско-фантастичниот роман, „Сонцето под земја, кралството над него” од Елена Бошбож

Инспириран од македонска, грчка и словенска митологија, македонска историја, легенди и фолклор,…

Битолчаните Татјана Грегова и Илче Ацески добитници на признанието „Просветен работник на годината“

По повод Светскиот ден на учителот 5 октомври, во просториите на Општинското…